Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, може да си воведе ред, тие од подалеку да дојдат сабјле, после други. Директор барам све е на состанок го нема не знам шо, курац палац. Мајка ми е лекар , тетка ѓи медицинска сестра не само што работат преку време и помагаат и се фини него и си ја знаат работата. Мајка ми купува што им треба на пациенти ако и нараача, размислува како да помогне, вимава на нив и при тоа културна фина е. Изговори нема, мене ми е гајле што на погрешно барам он е пред мене и он решава да де заебава, он закажува кога да идеме на контрора, он после вика ама зошто доаѓаш немаш рентген . А предходно кажал абе има јуни али иди на приватно , ама ќе се договориме. Нити план на исхрана нити да го седне и ко човек да го прегледа све е на 5 минути у 2 саат. Изговори има 100 , но никој од нив нема човечност као и цела државна 0 позитивна искуства.

    Извини ова не е кон тебе наменето ме наљути коа прочитав дека не сум единствна .

    Сите се као тоа е има уште некоја година , браво доктор голем сте , мајка ми е што по бранша психијатар што има видено разни луѓе од убици до шизо се однесува далеку по човечки и по културно од ропаков!

    Патем све приватно ќе правам ако треба у тунгузија само насочи ме и кажи ми, 1000 луѓе 1000 мислења 1000 испитување и тоа не знаел.
    Да не зборам дека цел живот се плаќа за здравствено каде се парите? Ха ама тоа е веќе друга тема ..
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    На онкологија е вака со години за жал. Со тетка ми одев уште од 2016, кај еден дотичен доктор на закажано наутро го чекавме по цел ден, се издераваше господинот по пациентите, а пустите пациенти кај едвај стојат, кај го чекаат цел ден, дојдени имаше и од други градови, без осет се.

    И разбирам се, дека и они имаат свои проблеми, дека нема кадар, и се тоа, ама НЕчовечки е да им се издераваш општо на пациенти, а не па на терминално болни пациенти.

    А за сестрите немам зборови, стварно се прекрасни, позитивни во тие околности, се трудат се, посебно оние што се во собата кај што се прима хемотерапија.
     
    На Anie93, CameliaMiller и st-el им се допаѓа ова.
  3. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Татко ви се излечил од терапиите на онкологија за гастроинтестинален тракт препишани од Ненад? Ај ве молам ако не ви е проблем споделете од што боледувал точно и терапии какви примал. Искрено пресреќна ќе сум ако воопшто овој има десет излечени пациенти во една година.

    Докторот е дрос од човек (извинете на речникот) а се е само доктор не е. Овој кој му дал лиценца а па кој и му завршил медицински факултет се прашувам. За жал, додека се лечеше татко ми не слушнав ниедно вакво искуство како ова што вие спомнувате. Среќна сум искрено ако е така. Но сепак, знаеме статистиката си говори своето.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.760
    Пак нема врска со докторот (не го познавам), но карцином на ГИТ е генерално доста тежок и често невозможен за лекување.

    И општо, за еден карцином посебно во фаза каде што цитостатици биле вклучени да се смета за излекуван, треба да поминат 5 години и на сите скенови да не постојат малигни клетки.

    За жал, светската статистика е таква, некои видови на карциноми се лекуваат, кај повеќето е палијативен третман, односно продолжување на животот.

    Докторот се менува и секако, за се' треба да се бара и второ, и трето мислење, но најсурово е било кој (посебно доктор) да ветува излекување на карцином, кога е тоа болест за која се' уште толку многу не знаеме.

    И не само за карциноми, за секоја болест, што и да е, треба да се бараат повеќе мислења, лично ретко слушам само еден и да ми е тој алфа и омега за моето здравје.

    Имав ситуација каде што орл хирург беше апсолутно убеден дека операција ќе го реши мојот проблем, се советував со уште двајца кои едноставно не гледаа оправдан ризик во однос на придобивките од операцијата. И одлучив да не се оперирам. Секогаш барајте повеќе мислења, многу е важно да "ти се погоди" докторот.

    Имаме пациенти кои за еден ист доктор ќе речат дека е светец, и такви што ќе речат дека нема поима што прави. Мене тоа не ми е чудно. Најдете доктор со кого ќе се "погодите".
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Доктор за карцином на гит одеше дедо ми кај Биљана. Ни кажаа дека како шеф на оддел, ќе ја наоѓаме ретко. Но, тоа не беше така. Колку што ми кажуваа моите била фина, коректна, достапна, меѓутоа беше во лоша состојба кога појде таму веќе немаше надеж, но докторката била доста коректна. И од познаници кои што работат таму добив инфо дека има знаење
    @Hisha
     
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Збориме за државна нели ?
     
  7. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller види извини што те тагнувам и што се мешам. Сето тоа што кажа ти си стои и е така.

    Нормално дека секој бара второ, трето, десето мислење. Знаеме државава каква ни е , но некои работи едноставно се тотално непрофесионални и безобразни. А како сите ( претпоставувам) тотална утка си, не очекуваш ваква ствар да те снајде и не знаеш како што “ја лечи”, како да постапиш итн

    Сфаќам што е ,сфаќам дека е продолжување на квалитетот на животот, ама не и некој да се заебава со мене и јас во 5 до 12 да трчам до врање по лекот. Не и да ми закаже преглед а он на патување на отиде, можеле сестрите или он да презакаже а не рандом тогаш доктор ( кој е на смена ) да бараме. Уште никој неќе да те прими , молиш сите не не си мој пациент.. Како да идеме таму за наод на плуќа да видиме дали свири.

    Искрено голема среќа што постои форумов и што можеш да пишеш искуства. Не знаеш дека има подобро, и си викаш па океј може е и нормално, се додека не почнав со деуги лекари да се консултирам , и тука да пишам и сфаќаш дека некој се заебава со тебе.
    Патем еве втор пат откако почна да прима цитостатици пауза правиме бидеќки не темпираше крвна и компјутер за да се продолжи.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.760
    Абе така е. За жал таа болест ми зема многу драга личност, за жал гледам како на истите тие доктори им одат нивни најблиски.

    Ти го разбирам и гневот, не е во ред да ве закаже, а да не е тука. И ок, и тоа се случува, ама фер е да ви се јават дека тој не е тука, па сами да одлучите дали сте ок замена да го прими пациентот или не. Тоа и го правиме со нашите пациенти, ги известуваме дека доктор Х тогаш нема да биде тука, може да дојдат на термин кај замената, а може и на друг термин да ги презакажеме кај нивниот.

    И тоа со некажување на време за лекот е идиотно до немај каде.

    Сама реков одма, дно дна сме, здравството не знам дали може да биде во поочајна состојба од што е.

    Зборувам општо, ликов ти велам не знам ни кој е, ама еден најискрен совет, бидејќи работам со пациенти со карциноми - бегај од доктори што ти ветуваат излекувања или занемаруваат компликации, т.е. не ги потенцираат. Никој не е бог, па да биде толку самоуверен, барај си некој реален.

    Лично искуство имам само со др. Симонида, еве за некои овде е ужасна, за нашиот пациент се' што ни' кажа, од збор до збор, ни' потврдија и во специјализиран центар во Австрија. Од дијагноза, до шема на цитостатици, до прогноза. Сурова и искрена беше, не е фино да слушнеш што кажува, ама и поголеми стручњаци од неа, во многу подобра земја + каде што се' приватно беше платено, истото го кажаа.

    Ако овој толку сметате дека е нестручен/нечовечен итн. појдете кај друг, па и трет доктор, најдете човек на кого му верувате.
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Да
     
  10. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller јасно ми е се како ден. Дете на лекар сум, баш и дека сум имам големи очекувања. Реалноста е дека едноставно се безобразни и неколтурни како луѓе повеќето лекари. Реткост е да сретнеш некој а да се однесува како човек спрема тебе. Како и да е извини ако бев безобразна не беше насочено спрема тебе, немам живци и толеранции веќе за ништо во животов.
    @Anie93 ти благодарам ќе ја земам во предвид.
     
    На Momina solza, st-el и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Можеби на некој ќе помогне па да го пратам, меил можете на нет да најдете од лекарот одговара . 45215B7D-40B3-4CC7-A6C9-0CCEDA758C75.jpeg
     
  12. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    За овој доктор нема мислење никакво позитивно освен на форум кајшто еден наспроти 100 ќе каже дека “помогнал”. За болест никој не мисли дека е некој алфа и омега и секој бара второ, трето, петто мислење…Никој не се ослонува само на еден. Меѓутоа, ако си доктор на некаков си оддел а немаш излекувани пациенти стани си и оди работи нешто ако воопшто те бидува за нешто. А немој да вежбаш на животите на луѓето зашо еден ден ќе ти тропне твој близок па ќе осетиш како им било на тие кој си ги “лечел”. Никој лекар не е семоќен но ако твоето работење праи катастрофи во лекувањето, а сакаш да си земаш плата и дежурства тогаш е друг муабет. Овој не продолжува живот он лично праи експерименти за да си ја земе платата на крајот на месецот. Овој “доктор” е елементарна катастрофа во секоја смисла на зборот.
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  13. The_Planner

    The_Planner Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам за мислење за онкологија во Битола. Препорака за доктор и слично. Во Скопје не го примаат бидејќи не бил од тој реон. Станува збор за рак на гит.
     
  14. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    605
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Татко ми има рак на белите дробови, се лечи оде на хемотерапија, добар е, последните резултати од крв му се добри, е сега на 22ри треба пак да оди на снимање и испитување, денес мајка ми отиде за да земе упут од онколог, меѓутоа докторо бил дежурен, а некоја друга докторка која ги гледала резултатите од крв и рекла на мајка ми као знаете ли вие дека ретко преживуваат од оваа болест, му давам рок од 1 до 5 години, давајте му се што сака како да му е последен ден..
    Има ли тука некој близок што се излечил од оваа болест, ме интересира мислење, како што, иако буквално се правеме што кажат докторите.
    Денес оваа докторка ми ја уби надежта...
     
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    За тоа колку ќе живее зависи каков вид на канцер е ,кој стадиум е .Реално секогаш се лоши прогнозите за канцер на бели дробови.Да прежиивее 5 год од сега,тоа би било премија.Немам слушнато некој да победи канцер на дробови .Биди цврста , и спремна на се.Колку побргу прифатиш дека ќе умре,толку полесно ќе ти биде кога ќе дојде до тој трачиген момент.
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.760
    За жал подобро да бидете свесни дека рак на бели дробови е реално нелечлив освен оперативно (и тоа е пак прашање).

    Кога ќе се видите со вашиот доктор разговарајте на темата, тој палијативно прима терапија (значи не се лекува, му се продолжува животот) и тоа се многу различни работи.

    Дај Боже да се излечи, ама морате да бидете реални и разговарајте со докторот кој го води да ви објасни околу прогнозите.
     
    На Dust, sweet-cherry и Серотин им се допаѓа ова.
  17. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Јас познавам излечен пациент од рак на бели дробови но опериран и извадено белодробно крило мислам во целост. Имало некој доктор во Мк мислам стручен за тоа што го оперирал. Не сакам да ти давам лажна надеж но сепак да знаеш дека има излечени и од тоа… Татко ми почина од рак на панкреас и од моето сурово искуство ќе ви кажам да му давате масло од канабис, мое мислење е дека за жал само тоа помага кај овие болести…
    До докторите држете се но не апсолутно, давајте му и за зајакнување на имунитет… Вие вашето правете го а чуда се случуваат сепак. Ви посакувам оздравување во целост и држете се психички и вие, патот е многу тежок да се издржи.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Ќе може ли некој доктор/ка ако има да ми пише?
     
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Аденокарцином на што се манифестира? И вадење вода од белите дробови, на првото испитување не покажа ништо, на второто вадење и испитување на водата пишува малигно, а од докторка се уште нема дијагноза одредено и сега дополнително на пулмологија на испитување а она само се сомнева. Ако може некој доктор/ка да ми пише.
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.001
    Пол:
    Женски
    На моја пријателка синот пред една година го болеше коленото и отидоа на доктор и му кажаа дека има рак. Детето 16 години. Го зрачеа што му правеа незнам, и пак се прошири и на белите дробови. Накрај му правеа 3 операции мислам една на колено и две под пазувите кај белите дробови. Му беше паднала косата, беше слаб... али ракот го излечија. Еве денес после една година детето се поправи , косата му порасна, исто како ништо да не му било. Ама операциите и контролите тука во Германија ги правеа.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.