Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.361
    Пол:
    Женски
    Мајка ми имаше аденокарцином на желудник.Утвредно со гастроскопија па биопсија.Прво на пулмо ја пратиа со сомневање дека е тумор на плучата,но на крај искочи на желудник.Пиши ми лп ако можам нешто ке помогнам.
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Исто, со два упати е, еден на гастроскопија и другиот на пулмологија. На второво испитување на водата пишува аденокарцином - малигно и на рентген и на магнетна има како некоја дамка/сенка на цд-то и пишува: Десно белодробие без знаци на консилидација а на левото постепена растресита консолидација која оди се до плеурата.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.361
    Пол:
    Женски
    Дали има црна столица,мн ниско железо?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.760
    Вадењето вода т.е. цитолошкиот наод покажал малигни клетки, но карцином се докажува со биопсија. Биопсија на бели дробови прави пулмолог или торакален хирург.

    Не знам што испитувања сте правеле, но од искуство ви треба прво КТ на бели дробови со контраст, а потоа ако се покаже суспектна малигна творба, да се биопсира.

    Симптоми може да има секакви и никакви, самите симптоми не ви значат ништо, но асцит (вода) во плуќа е индикација на срцева слабост, рак, за други дијагнози не знам.

    *не сум медицинско лице.
     
    На Dust и quattro им се допаѓа ова.
  5. IsaDenis

    IsaDenis Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум нова во форумот па сакав да прашам нешто. Пред три месеци бев оперирана од јајници и матка, пред една недела бев на онкологија за испитувања на маркерите. Резултатите ми беа добри и ми рекоа да почнам со хемотерапија. Дали има некоја од вас ваков случај. И една хемотерапија колку време трае.Поздрав
     
  6. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    2.731
    Пол:
    Женски
    @IsaDenis Ќе си прашаш на онкологија ќе ти кажат колку трае, индивидуално е кај сите.
     
  7. IsaDenis

    IsaDenis Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
  8. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали ја оперираја и како е сега? Мој близок член ја има истата дијагноза
     
  9. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Здраво, од кој лек сте имале најдобар резултат? Се работи за личност која има ниско серумско и прима хемо? Никако да остане само паѓа а пие јаде све и свашта.. од коприви до цвекло до чуди врази?
     
  10. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Не сум медицинско лице, само од лично искуство кое го имав на мојот родител, ќе кажам дека ако кај нас нешто помагаше во процесот беше масло од канабис. Се друго од масло црно семе, до не знам какви чаеви не. Мој совет е да давате обавезно, ние можеби не дававме доволно но сметам дека колку толку само маслото има некаков ефект.
    Што поскоро оздравување посакувам. Со лесно.
     
  11. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Здраво, сакам да прашам ако некој има искуство или запознат зошто е препишано зрачење пред да се направи операција
    станува збор за карцином на грлото на матка во 2Б стадиум
    Многу ќе ви бидам благодарна ако имате можност да ми одговорите
     
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    Само зрачење или и хемотерапија?
    Нас ни рекоја дека е во понапреден стадиум, мора малку да се намалат клетките на ракот,за да не дојде до пукање на истите при операција,би било фатално.
     
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Му донесоа некакви таблети од канабис, али некако го гледам се мисли дали да почне.Му земав и за железо едни што ми препорачаа се поткачи па ќе видиме.. фала ти сепак ! Се најдобро
     
  14. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Многу ви благодарам за одговорот
    не сум сигурна дали и кажале дека ке има вклучена и хемотерапија
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    4.253
    Имав блиска особа таков случај. 6-7 Месеци траеше мислам третманот со хемотерапија.

    Важно е додека трае хемотерапијата но и после тоа, редовно да земаш витамински суплементи како Олиговит - нема потреба од некои скапи, супер се и тие на Алкалоид, Галеника... Од поскапите работи од помош е Хавајска спирулина (оргиналната од САД, ја има во Зегин) Resolife (екстракт од грозје - ресвератрол, добар е превентивно против лоши клетки) исто козја сурутка во прав ако најдеш (скопски Зелен пазар продавниците за здрава храна). Работата е што хемотерапијата тепа сè живо и диво, и тоа што треба (канцерогените клетки) и тоа што не треба (кај некои луѓе остеопороза подоцна). Наведените работи се еден вид штит и потпора за организмот.
     
  16. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    @daylight Извини што те цитирам, исхрана во тек на хемо ? Какво е искуството со блиската личност?
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    4.253
    Па немаше некој особен тип исхрана, освен што не јадеше месо ионака (ама јадеше јајца, млечни производи).
    Пиеше цедени овошни сокови бидејќи ѝ годеше. Не ми текнува дека нешто посебно од храна избегнуваше. Против мачнина од хемотерапијата која почнуваше обично следниот ден, пиеше Реглан.
    Инаку, нема проблем, на форум сме, и треба да се цитираме :)
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Ситуацијава ни е слична и сакам да ве прашам
    по колку време откако беше земено решение дека прво ке се прават неинвазивни процедури започнавте со самите, затоа што на мајка ми и рекле дека ќе и се јават и сега чекаме
     
  19. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    За околу месец и пол доби термин за првата хемотерапија. Откако ги заврши сите 6 ,по пауза од еден месец почна со зрачењето.
     
  20. Pham

    Pham Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Јас на татко ми (кој е починат веќе) му давав Варумин 1 и 2.
    Имаше лоша прогноза, а мислам дека заради лекот почина мирно. Сакам да кажам, пробајте, доколку не е во напредна фаза може би помогнало нешто или бар би ублажило, како во нашата ситуација.