Луѓето имаат проблем и тоа сериозен по здравје, кај нас за тој проблем се упатува исклучиво кај таа личност и како што споделуваме добро искуство кое би можело да помогне, споделуваме и лошо пак со најдобра намера за да не би дошла во ситуација во која сме нашле самите. Дај Боже да имаше и мене некој да ми го каже ова, па можеби немаше да го минев најлошото. Не значи дека мора да се прифати моето лично мислење. Не рекламирав чорапи на страна со здравствени проблеми. Извини ако се навреди со целосно право ќе кажам за бизнисменов. Слободно дементитај ме, ако лично ти помогнал. Во спротивно, не упаѓај во нешто кое не си го искусила. Не го познавам и сум немала искуство. Нека сподели некој, ако имал некакво искуство. Ако ве советуваат за операција, направете ја побрзо, не одлагајте, само распрашајте се и кај кого. Од срце посакувам што побрзо да споделиш добри вести за мајка ти.
Здраво Гледам дека е ова е поактовна тема Се работи за мајка ми Имаше карцином на дојка, хемо, па операција па зрачење Сега со месеци ќе чека пет скен за да ја викнат А во меѓувреме чекавме резултат од патологија, кој испадна негативен на сите рецептори како што сватив од докторот. Тоа значи дека се е до нејзин организам, нема да има превентивни таблети кој повеќето жени пијат од 5 до 10 год за да се заштитат т.с го стопираат повторното зло. А мајка ми за овој тип нема терапија. Сега незнам дали некој има таков тип, или знаете од некој блиски, што правеле, дали им се појавува пак, дали имаат шанса за живот подолго. Многу сум збунета и сум бремена 5 недели и пак со стресови.
И на мајка ми и беше таков тип нешто поврзано со рецепторите, ама не знам детали. Сега прима инекција еднаш месечно, мајка ти прима такво нешто? Дијагностициран и беше 2022, на последната контролна магнетна и рекоа океј е моментално, а за пет скен никој не и спомнал ништо.
Не, нема никакво лекување, само да се прати, на секој 3 месеци со нови прегледи од ехо на дојка, ехо абдомен и гинеколошки преглед. Каде мајка ти имаше карцином? А пет скен се прави по сите процедури последно да се види дали остана нешто и дали се проширил, ама многу се чека ред со месеци
Исто на дојка, проширено во околни лимфни јазли. Немој да се стресуваш, бремена си, мисли само на себе и на бебето. Смирено, никогаш не се знае ништо. Нека прави редовни прегледи ете и ќе биде ок.
Карциномот, според тоа шо го напиша е хормон-рецептор негативен, па затоа и нема потреба од превентивни таблети поради тоа што кај овој тип карцином тие немаат улога во лекувањето. Прогнозата, односно дали тој повторно ќе се појави и стапката на преживување зависи од типот на карцином, дополнително дали е позитивен за ХЕР2/неу генот, стадиум кога бил дијагноситициран, како реагирал на терапија итн. За ПЕТ скен на државно се чека многу, бидејќи се прави само на едно место. ПЕТ скен мислам прават и по некои од приватниве болници: OneHospital, Sistina…
Има доста пишувано, ама не разбирам баш и баш тој хер 2 се спомнува ама не ми е јасно. Прашав во систина скоро 180.000 ден Катастрофа
Здраво.Дијагносторан мие тумур на коска и треба скен на скелет во клиника да направам ама ми рекоа денес дека ке ме викнат ама се чекало со месеци.Дали некој знае колку се чека?
Без оглед колку се чека, за такви дијагнози се дава приоритетен упат. Сп тој мислам дека дали во рок од 3 дена или колку не знам точно треба да ви закажат снимање. Барајте си да ви дадат таков упат или доколку сте во можност одете во приватна болница. Не чекајте зашто на некои здравствени состојби важно е колку се одлага и кога ќе започнат да се лекуваат доколку е потребно. Се најдобро и мој совет е да не ги слушате нив за термин, вие да инсистирате за себе и да не дозволите да ве стават на листа на чекање..
онколошките пациенти по 3/4 месеци чекаат, а вака ако некој друг доктор и даде упат којзнае кога ќе ја викнат зошто работат по принцип на чекање.. единствено ако не си најде врски или ако има добар кеш на приватно да оди.
Добар ден. Свекор ми пред една недела се оперираше од канцер на дебело црево у сред операција откриваат дека има некој клетки и во мала карлица поради тоа му ставаат стома. Прашањето ми е он сега треба да прима хемо терапија за тие клетки да се уништат. Дали некој бил во ваква ситуација и успеал да се излечи? Ви благодарам однапред.
Не може никој да ви каже дали ќе се излечи зошто терапијата кај сите различно делува. Ќе прима терапија,па со верба и поздрав начин на живот може да си живее долго во ремисија.