1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.065
    Допаѓања:
    173.649
    Пол:
    Женски
    Цеден сок од цвекло+јаболко+морков е основа (плус мандарина, портокал, лимон, нешто цитрусно помага за вкусот на цвеклото да не иди до израз).

    Суплемент пијам AHCC, исто гел од алое и матичен млеч.

    За исхрана мене ми рекоја дека не мора некои промени, ама јас се трудам овошје и зеленчук кај шо можам поќе разновиден да вметнам и помалку пржејнци. Лично предизвик ми е благото.

    Исто можиш ѓумбир шотчиња, ѓумбир лупам и ставам со цеден лимон и портокал, курума и бибер во блендер, па цедам и како коцки мрзнам и ставам по една во чај.

    Исто втор стадиум инаку.
     
  2. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Здраво, ако може препорака за добар онколог во било која приватна болница за рак на плуќа? Потребно е второ мислење.
     
  3. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да слушнам препорака за добар онколог исто за рак на бели дробови. Татко ми боледува од не ситно клеточен неуроендокрин сквамозен карцином на десно белодробие.
     
  4. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Здраво татко ми примаше вчера хемотерапија (втора) првиот пат примаше Доцетаксел+Гемзар а вчера само Гемзар. Од вчера почна да се жали дека го боли грло а од прееска почна и тт да крева 38.2 преку ден беше кај матичната му даде само Септолете. Треба да го носиме негде? Иначе има карцином на бели дробови.
     
  5. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Zdravo
    Na tatko mi mu e dijagnosticiran rektalen adenokarcinom
    Bi bila blagodarna dokolku nekoj e zapoznaen so ovaa dijagnoza da mi spodeli iskustva
     
  6. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Немам искуство да споделам ама во моето семејство моментално се татко ми и чичко ми дијагностицирани со карцином можам само да ти кажам да бидеш силна и Господ да му помогне во оваа битка секако и на вас да ви даде трпение. Знам многу е тешко ама мораме да издржиме за нив.. Многу поддршка и секое добро.
    Да напоменам земете Гравиола booster јас ги нарачав онлајн 2+1 шише гратис викаат дека ги уништува канцерогените клетки.
     
    На SummerGirl и IsaDenis им се допаѓа ова.
  7. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Здраво, во врска со гравиола бустер дали сте задоволни од лично искуство или немате информации?
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Здраво чичко ми од Австралија ни испрати некоја статија дека многу луѓе се излечиле благодарение на гравиолата. Screenshot_20250223_121851_Facebook.jpg

    Се што слушаме пробуваме..
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    37.069
    Пол:
    Женски
    А од каде се порачуваат?
     
  10. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vampy.witch

    vampy.witch Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
  12. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Гравиолата ја нарачавме кога ги добивме резултатите од биопсија значи од 15ти Јануари почна да пие. Вака татко ми е во многу добра општа состојба дали има некое влијание не знам ама фала му на Господ добар е. Чекаме да ни каже докторот кога да направи контролна кт па да видиме како ќе излезат резултатите.
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    106
    Со време барајте да се направи, нема термини. А дали има болки?
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Онкологот денес ни кажа не кт туку ртг на бели дробови и ехо на абдомен да направел. Понекогаш се жали дека го боли кичмата ама друго добар е фала му на Господ дури и на килажа покачи си јаде машала,свеж е во лик.
     
    На Happywoman му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    3.210
    незнам во која фаза е, но ако се почести болките барајте со време и за скен на коски.
    Во оваа здравство се ти треба да си бараш и да бидеш поголем доктор од докторот...
     
    На Hijabigurll и m346 им се допаѓа ова.
  16. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    106
    Како ви издржуваат блиските или имаат издражано во краен стадиум? Операција не е опција
    Моја препорака кт, ехо и ртг непокажуваат ништо. Најдобро решение и за болките.
     
  17. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Он си има одамна проблеми со кичмата падна на скали и се повреди при промена на време секогаш го боли ама ако продолжи да се жали ќе направиме снимка.

    Како што пишав погоре татко ми е супер фала му на Господ,порано додека одеше на работа (сеуште не знаевме дека е болен) многу полошо беше. Блед,изморен,апетит на 0.. 4 стадиум е ама многу добро се држи активен е,апетит си има дури и на килажа има качено и многу е позитивен. Еве вчера прими терапија ама супер е.
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lesy

    Lesy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво

    После 1 година борба со канцерот ( по вторпат пак...) со примени 4 хемо и константна биолошка до 16.01, од наредна недела почнува со имунолошка терапија.
    Станува збор за татко ми. Ако има некој лично или искуство од близок, накратко за процес, на колку недели се прима терапија, последици после примање на терапија и слично.
    Ви благодарам и секое добро на сите.:)
     
  19. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Здраво и татко ми почна со имуно втора по ред му е и хемо и имуно прима,он примаше на 6ти сега следна му е на 26ти значи 20 дена растојание има. Вака добар е фала му на Господ од имуно немал нус појави само после втората хемо многу му беше лошо тоа беше прв и последен пат да има проблеми после примање на терапијата. Бидете силни и останете во добро здравје,секое добро.
     
    На Lesy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.248
    Допаѓања:
    4.909
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со меланом? Мајка ми беше на дерматолог и и предложија под итно да отстрани една бемка од грбот, на пластична хирургија одма и направија операција минатиот четврток, и рекла докторката според изгледот дека најверојатно е меланом ама треба да почекаме официјален наод од патологија.За колку време биваат тие резултати, што сега натаму. Таа е добра, треба ли некои витамини да земеме, исхрана, све живо исчитав и незнам од каде да фатам ред. Како да се спремиме за борба, се уште неможам ни да замислам дека е можно да има рак, и не сум спремна да ја изгубам.Ве молам за секој можен совет, лекови, витамини, исхрани, чуда, се што сте пробале кај вас или ваши блиски со слична мака.