Едит: @Ariel за цена никако не можам да се сетам колку инекции земавме. Памтам дека плативме околу 10.000 динари српски,ама не знам дали беа 5 или 8 инекции.
Фала многу! Во руските аптеки ли го има или каде? Не успевам да најдам каде се продава, дали го има во Врање.
Леле не знам ни какви се тие руски аптеки, нит па како се викаше аптеката. Во магла ми е дека ненако тој ланец аптеки ме потсеќаше како овдешнте Флос. А не знам по што тоа ме асоцираа на флос. Инаку од Прокупље ги земавме
Проверете во Аптека Промедика во Центар, спроти централната НЛБ Банка или во аптеката во склоп на Систина.
Здраво, дали има некој употребувано Козлец (змиско грозје)? Мајка ми се оперираше од рак на дебело црево. Изгледа ќе треба да прима хемотерапија. Сеуште немаме резултати но хирургот рече дека има премногу зафатено лимфни јазли. Дали имате некој што се излечил од рак на дебело црево? Многу сум исплашена Споделете и нешто што помогнало за подигнување на имунитетот. Многу и е слаб и има анемија..
Здраво на сите. Пред околу една година, мајка ми се оперираше од карцином на дојка (мастектомија). Еве ја целата квалификација на извадениот тумор: pTNM = pT4b G3 pN1a LV1 R0 StageIIIB Ги имам сите документи од хистопатолошкиот наод од Систина ако некој е заинтересиран да помогне во понатамошното лекување, било какво. Хирургот предложи хемотерапија, меѓутоа таа одби да прима. Во меѓувреме, колку што разбрав од нејзината другарка, на мајка ми исто така и беа препишале хормонална терапија, меѓутоа таа одбила да ја зема и таа терапија. Велам колку што разбрав затоа што некои работи (дијагнози, прегледи и сл.) мајка ми ги крие или ги недокажува кога разговараме. Во Јануари оваа година (и уште неколку пати потоа), мајка ми правеше ехо на белите дробови, и и беа пронајдени неколку "сенки" од непознато потекло. Најверојатно белодробна инфекција, метастаза, или комбинација од тие две или други компликации. Меѓутоа, мајка ми одби да оди на понатамошна дијагностика на онкологија. Тоа беше некаде пред 2-3 месеци, значи во Феб/Март 2026. Сега дојдовме до фаза каде што мајка ми има многу јаки болки во грбот, поточно во пределот на скапулата, горниот десен грбен предел, половината, како и рбетниот столб и понекогаш по целото тело. Денеска примаше trodol (tramadol) + дијазепам во кук 2-3 пати, меѓутоа таа терапија скоро ич да не и помогна (огромни неиздржливи болки). Освен што заспа час ипол по примањето на таа терапија (пред тоа имаше гадење). Лекар-интернист ни предложи fentanyl лепенки, меѓутоа и мајка ми и јас сме малку скептични. Дали овие fentanyl лепенки имаат докажано дејство за ублажување на болка предизвикана од карцином или слични пост-оперативни компликации? Ако да, дали се безбедни за земање и дали се достапни во МК (ни рекоа дека ги имало во Косово). За време на сето ова, мајка ми изгради аверзија кога ќе се спомне "онкологија", "рак", "cancer", "хемотерапија", и слични термини поврзани со карцином. Моменталната општа состојба некако оди наудолу. Послаб апетит, проблеми со дишење и стегање на градите, проблем со енергија и движење, кашлање, надуеност и големи болки. За крај, би сакал да кажам дека сите совети се добредојдени. Совети за понатамошно лекување, за менаџирање на болки, за стручни лица, проверени или алтернативни лекови, па макар и палијативна нега. Отворен сум на секакви предлози во рамки на разумно мислење. Поздрав.
3б е доста напреднат стадиум на канцер, мајка ми беше 3ц. Туморот веројатно бил голем , бидејќи е 4, градусот е 3, што значи канцерот се шири брзо, н1 постоеле метастази во извадените лимфни јазли. Без хемотерапија и зрачење не знам што би правеле. Може звучам грубо, ама по тоа што го пишуваш не следи нешто добро. Жал ми е. Мајка ми беше исто. Само што примаше 8 хемо циклуси, 25 зрачења и имаше брзо метастази. Почна да дише тешко и да кашла многу, потоа ја болеа буквално сите коски, посебно цел грб и ногата, а кога немаше апетит и пожолте цела, најдоа метастази и на црн дроб. Лепенки не сме користеле, трамадол исто не помагаше ништо, јас давав и масло од канабис и ништо. На крај имаше и метастази во мозок. Откако се појавија метастази, живееше уште 2 месеци како што кажа интернистот. Извини ако сум груба, немам таква намера, ама ти кажувам отворено дека шансите за излекување се скоро нула. Бидете спремни оти последните денови се многу тешки. Не знам зошто одбила третман, ама ете кај мајка ми ни тоа не помогна.
Болките кои што мајка ти ги има сега, се најверојатно резултат на метастази. Значи не можам да потврдам со сигурност, оти не е направена КТ и/или РТГ, но според текот на настаните, тоа е најверојатно. Според мене, голема грешка била направена што се одбило хемотерапија и анти-хормонска терапија. Во принцип тие малигноми кои се сензитивни на хормони, имаа подобра прогноза од оние кои не се. Како и да е, фентанил лепенките навистина помагаат само тешко се наоѓаа низ аптекиве. Последно ги имаше во аптеката промедика, спроти Рамстор Мол, ако ги нема таму, да прашате во аптеката на д-р Пановски или ете на крај краева во Косово. Во однос на друг тип на лекување, освен сузбивање на болката, би било на онкологија. Да се направат потребните дијагностички испитувања, со цел проценка на моменталната состојба и од таа точка онкологот ќе ви ги каже можните тераписки модалитети достапни.
Ви благодарам на одговорите. Јас сепак имам надеж (надежта нели последна умира); барем ако ништо друго за менаџмент на хронични болки, палијативна нега и човечко достоинство при активната болест. За фентанил лепенките сум при два ума. Читав дека можат да бидат фатални ако се згреши начинот на аплицирање, ако се направи грешка при ракувањето со нив, или ако се промаши дозата. Тоа ќе го имам во предвид како ептен крајна мерка, меѓутоа по мое мислење уште не сме догурале дотаму. Исто така мислам дека мајка ми правеше компјутерска томографија двапати (без контраст), ама немаше тогаш активна дијагноза за метастази. Правевме и рентген на белите дробови, при кој што - ако се сеќавам убаво - имаше наод за можни метастази (темни кружни сенки), но сепак ништо не беше утврдено со сигурност. Понатаму на мајка ми и беше предложено бронхоскопија, но и тоа го одби поради страв од општа анестезија. За жал, мајка ми има аверзија спрема зборот "онкологија" и целата таа терминологија поврзана со било каков карцином. Уште една работа. Ми предложија инекција имунофан (достапна во Србија), па ако некој има повеќе информации за ова, бујрум. Поздрав
имунофан се инекции за одржување на имунитетот и крвната слика. Не се конкретно за болеста, но најчесто ги користат онколошките пациенти. Инаку се од Русија, но ги носат и во Србија.
Не верував дека некогаш ќе пишам овде. Ама животот е непредвидлив. Веќе скоро два месеци сме по доктори со татко ми, и месец време има од кога дијагностицираа канцер на бели дробови. Месец дена ми требаа да се соберам психички самата со себе, и единствено вака можам да се искажам. Бидејќи дома пред сите мора да си силен. Таман си мислев бебенце имам, прво внуче, сите живи и здрави, топ ни оди со работа и се' - и ова како гром од ведро небо. Почна со хемо, лошо ја поднесува. Пробувам се' што знам/прочитам/научам да направам. И сум со позитивна мисла цело време. Избегнувам да читам и слушам како некој имал рак, вака му било, толку живеел. Секој си е различен, и секој човек различно поднесува иста дијагноза. Благодарна сум што медицината е напредната, и со генетските тестирања, имунотерапии, таргет терапии - денеска има поголеми шанси за менаџирање на канцерот и продолжување на животот. Доколку некој кој поминал или поминува низ ова, од аспект на згрижување и помагање, нека даде совет некој... За сега тато доаѓа на хемо за Скопје и си оди. Јас живеам во Скопје, мама и тато во друг град. Па јас одам кај нив 3-4 дена, па во Скопје 3-4 дена, па пак се враќам. Ама претпоставувам дека после 4та хемо терапија би му било уште полошо, и најдобро ќе биде кај мене да е. Дополнително на жешково е претешко патувањето. Проблем е што освен дома, не сака да спие на друго место.
@LadyR Постари луѓе не сакаат на менуваат место на спиење. И да го разбереш,и него му е сето ново и сигурно си мисли сега уште кревет да менувам. Најдете некоја опција што ќе одговара за двајцата.Сега најбитна е морална поддршка. Да чувствува дека не е сам. Некогаш тоа е најдобра медицина што можеме да ја пружиме.
Со Господ на помош. Најдов еден манастир кај Ресен што давал лек за рак. Па, сакам да ја споделам информацијава со вас. https://mia.mk/en/story/недела-игум...отуваме-лек-за-ефикасна-борба-против-канцерот
Ах душичке, во иста ситуација бев и јас , 7 години. Го изгубив пред 7 дена. Господ нека ви дава сила и трпение. Како себе да се читам, ме потсетивте на почетоците .Ако ви треба нешто совет или ете разговор пишете ми
Не знам кому ќе помогне ова, во блиска фамилија имавме два случаеви на рак. После долго истражување најдовме чај од спреж. Тоа чудо или билка делува како отров, и е отров. Кога се пие се пие со сламка директно до хранопроводот бидејќи забите паѓаат од него. Буквално исфрла токсини од телото. Не знам дали е до него, не сакам да гарантирам, но канцерите не метастазираа, и двете личности беа подлегнати на операција и подоцна само на радиотерапија. Додека не се распрашавме за ова, не знаевме дека постари лица го пијат превентивно. За прочистување на организмот. Во минатото, кога добитокот ќе развиел тумор на стомакот, му правеле отвор и му ставале директно билка од спреж. Така ги спасувале. Најчесто се наоѓа по селата, го берат и го сушат. Само што тие не го знаат како лек за рак, туку за прочистување на токсини. Од друга страна имам читано за Ивермектин, Фенбендазол и Хидрохлорид. Се класифицираат како “опасни” супстанци и кај нас нема шанса да те лекуваат со ова, едино да ти ги донесе некој од поразвиена европска земја. Овие ги немаме користено, имам читано научни студии само.
Многу ми е жал за вас. Господ да ви дава сила... Јас веќе некако со времето ми одминива шокот, и се привикнувам на новото секојдневие. Ама секое наредно хемо има плус потешкотии, плус проблеми. Малку кога ќе се потсоберам, доаѓа следно хемо и со тоа поголеми стравови. И физички и психички е променет татко ми. Не знам, се бориме и правиме сѐ што може. Се молам само да не ни е кратко времето што го имаме останато. Ма да и во моментов со хемото баш и не се поминува квалитетно време. Ни на душман не му посакувам да поминува низ вакво нешто. Страшни трауми за сите. Само де надевам дека ќе има бар колку-толку позитивен исход.