1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Дајмонд бидејки си оффтопик ќе ти пуштам ЛП, да не ја расипуваме темата :)
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу лошо чувство на немоќ, неспособност, немаш што да направиш а сакаш и не можеш, пробував јас нешто барав и сеуште пробуваме, бараме сите но.. многу лошо влијае на психа како да гледам пред себе песочен часовник кој се повеќе се таложи на дното. :worried: :x
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Не знаев на кого да му се искажам, спијат сите не сакам да ги будам.

    Починал вчера дедо ми. ;( Сакал да ме види, јас никако не можев вчера да стигнам - не е во мојот град - имав гости вечерта као демек за роденденот и тој починал. Сабајлево ми кажаа.

    Знаете колку ми е глупо, последниот автобус беше отиден кога ми се јави тета кај 15ч да одам, немав како и со што.

    И цело време ми е во глава - ти роденден си чекаше, дедо ти починал. ;( ;(
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Oф душиче нека почива во мир....немој да си ја оптоваруваш совеста така,не си крива ти, и тој не би сакал да те гледа тажна....верувај дека е со тебе и те гледа...
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ти благодарам на утехата Маца, сега ми е мноогу подобро. :) Знаеш, можеби и подобро што не го видов така пропаднат, едвај 30 и нешто килограми тежел. Правев муабет со сите лица околу мене, сите ми велат сеќавај се така како што си го знаеше како здрав, така треба да си го памтиш.

    Ме трогна тоа што заради други семејни проблеми не можев да отидам на погреб, ниту пак сега можам да отидам да му оставам една свеќа макар. Нека се смири состојбата и ќе одам. :(

    Тетка ми ми даде тоа што тој побарал од неа последно пред да престане да зборува. Со дел од тие пари купив саат за да го носам постојано со мене и кога некој ќе ме праша од кого ми е, велам од баба ми и од дедо ми, и двајцата се починати. Знаеш, на некој начин еден обичен саат ми дава утеха дека секогаш се со мене.

    Ми беше тешко кога разбрав, цела претходна недела ми беше многу мака, но подобро јас да се мачам отколку тој. Да живееш во мака и во болка и не е некој живот.
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    ^Драга,јас татко ми го изгубив,па знам како е...знаеш утеха е дека е постар,па како велат-нека оди по ред....татко ми на 50год,а мајка му и татко му живи-тоа е поужасна болка ;( да дочекаш чедото да отиде пред тебе....татко му -дедо ми,беше болен и него го чекавме да умре,а судбината сакаше прво татко ми...по еден месец почина и дедо ми...не бев на погреб,само запалив свеќа...неможев да осеќам болка...а како би можела,претходната загуба ме дотолчи...ајде биди храбра,гледаш од лошо-има полошо ;(
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Многу ми е жал Маца, те имав прочитано порано низ темите дека татко ти е починат. Опасна работа е ова ракот, не знам како успева да однесе толку животи.

    Секогаш има полошо, многу нормално тоа. Јас велам, барем во години беше човекот, над 70 ги имаше, проживеал, видел внуци...
     
  8. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Најтешкото чувство е кога некој после долготрајно и неизлечиво боледување ќе си замине. Пред 1 година почина дедо ми кој се бореше со ова чудовиште и нема ден а да не помислам на него ;( Секојдневно плачев кога го гледав така слаб и изнемоштен и се обидував секако да му угодам и да му купам што е потребно, но не секогаш тоа е доволно. Почна да го менува изгледот и да бледее, а недела дена пред да почине почна да го губи и разумот. И покрај тоа што сите беа свесни за конечниот исход, јас верував и се надевав дека можеби и ќе се излечи, но не испадна така. ;( ;(
     
  9. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Гледам Zlatusko имаш познавање па ме интересира можно е малиген тумур, да се исчисти целосно со операција, без никакви хемотерапии или зрачења, мислам колкави се шансите пак да се појави. Докторите велат дека се е во ред и нема потреба од терапија.
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Зависи од стадиумот, локализацијата и останатите наоди. Значи прво зависи од тоа каде е туморот, кој стадиум е болеста, имунопатолошките испитувања на одстранетиот материјал. Во пониски стадиуми има опција да се одстрани тумефактот и да не следуваат зрачење и хемотерапија. Тоа е кога е целосно докажано дека болеста прогредирала само до локален стадиум, кога нема системско зафаќање. Но сепак како што кажав локализацијата и зафатениот орган играат голема улога во планирањето на тераписките мерки. :)
     
  11. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Темава навистина ме потресе. За случката во мојот живот знаат само моите најблиски. Па сакав и тука да напишам, едноставно да си олеснам а можеби и да помогнам на некои кои не ги забележале овие промени. Мојата мајка е оперирана од рак, кој настанува од бемка стручно кажано MALIGEN MELANOM.
    Јас и ја приметив бемката дека е изменета кога се пресоблекуваше. Бидејки сум здравствен работник, знаев дека нешто не е во ред. Ја молев да одиме на преглед но одбиваше. Немав поддршка ни од татко ми, и како од Господ пратено приметив дека имам алерија на грбот, и закажав преглед на клиниката во Скопје, и побарав мајка ми да дојде со мене. Таа дојде и откако мене ме прегледаа, замолив да ја видат и бемката на мајка ми( таа неможеше да се спротистави и нормално ја прегледаа.) Неможам да ви го опишам чуството кога им го видов лицето на докторките, знаев дека можеби е MELANOM, но потајно се надевав дека можеби е некоја друга промена. И мајка ми се исплаши, веднаш закажавме операција на пластична хирургија и од дијагнозата поминаа околу 10 дена до операцијата, ги направи сите испитувања и за срека Melanomot беше во прва фаза немаше метастази и сите останати органи беа здрави. Операцијата беше успешна, не примаше ниту цитостацка терапија, интерферони, зрачење ..апсолутно ништо освен упатсво да не се сонча, да не остане бремена и да внимава на имунитетот. А токму нејзиниот најголем проблем беше терапијата што можеби ке следеше. како ке оди без коса, како ке работи по дома и такви ствари но ете немаше потреба за срека. Денеска е одлично, нема никави проблеми, но во мене секогаш тлее стравот да не се случи нешто исто. бидејки сме многу приврзани и незнам како би живеела без неа. Овие моменти се страшни и исполенети со неизмерна болка во семејството, и навистина оставаат последици.
    МАЛ АЛАРМ!!!! девоки пазете ги големите бемки од сонце, и доколку приметите промени побрајте стручна помош, се што е навреме има решение, ова го кажувам и како медицинско лице, и како човек кој поминал низ ова.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Фала на одговорот, најверојатно навистина се е во ред, бидејќи бевме и на онкологија и таму ни го потврдија истото. Еве и мајката на Linija поминала така со полесно. Кога гледам што се случува наоколу со болеста бев малку скептична да не не остават така па да излезе полошо, но ете изгледа имавме среќа навреме да се открие тумурот.
     
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Според кажувањето на татко ми прадедо ми имал рак на желудникот, а прабаба ми рак на мозокот.

    Баба ми (мајка на татко ми) почина од рак на дојката, жената си била на д-р навреме, д-р првиот пат не забележал, или забележал ама не бил сигурен, а веќе наредниот пат кога била на контрола ракот прогресирал, се оперираше, иако бев мала сеуште ми се вртат сликите од неа од постоперативниот период, и за жал само во такво издание и ја паметам.
    Брат на дедо ми почина од рак на плунковидните жлезди.


    Се плашам, само што ќе го слушнам зборот рак (канцер) почнуваат морници да ме лазат :(
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не мора да значи. Генетиката не го потврдува тоа со сигурност. Само од превентивна страна може да се прават контроли некакви, во најмала рака проверка на крв (боље спречити него лечити).
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.957
    ^ Крвта не е голем показател.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Доволно е да се покачени леукоцитите и е знак дека нешто не е ок, на тоа мислев
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.546
    Дедо ми почина од рак на белите дробови. Претходно имаше и на кожата, ама не бил опасен. Се исуши, стана 30 кила. Умираше цела година. Ми беше жал оти вујко ми не го гледаше ич, Само по една кифла на ден му носеше. Последен пат побара да ме види, му кажав дека сфаќам, дека му простувам (мислеше дека е лош со мене оти вујна ми му забрани да ми дава пари за на факс, а он вети дека ќе ми дава додека учам) дека знам дека не е негова вина, дека мора да трпи.....
    Му олесна многу. Почина по 2 дена. Ептен ми е жал што дочека таква смрт, го лазеа мрави по телото, а вујко ми и вујна ми не го гледаа. Ама тоа е. Така си наредил во животот, така одлучил.
    Не се плашам од ракот. Мора да се умре од нешто. Најбитно е да имаш луѓе што ќе те сакаат. За умирање како и да е, ист е крајот.
     
  18. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Во мојата фамилија од страна на мајка ми повеќе личности имале рак.
    Најблизок член кој имал рак е сестрата на мајка ми.
    Во 1999-2000 година пред или после смртта на баба ми( мајка на мајка ми и сестра и) тетка ми отиде на преглед и и пронајдоа рак на дојка. Тетка ми иначе е омажена за Србин-војно лице, а тогаш сеуште траеа немирите на Косово. Мајка ми веднаш замина кај неа и остана подолго време. Одпрвин не се противеше на ништо, ни на хемотерапија ни на лекови.. Но, кризата започна кога таа веќе се почувствува изморено од сите тие случувања што и се случуваа во тој момент. Не сакаше повеќе да прима терапија и едноставно велеше дека би сакала да се спаси од маките. Фала Богу, на крај мајка ми ја вразумила па еве ја до ден денес тука со нас. Нема една града, но тоа не и претставува никаков проблем.
    Друг случај е братучед ми кој имаше леукемија два пати во текот на своите 16 години.
    Првиот пат кога бил малечок, сеуште бебе но се излечил. Вториот пат беше некаде околу 8одд-1год средно не се сеќавам добро. Не само што се врати леукемијата,туку и ракот му удри на тестисот кој подоцна мораше да му биде пресечен. Ситуацијата беше толку лоша што на неговите родители му велеа со време да си најдат гробно место. Фала Богу, со Божја сила оздраве и сега нема никакви проблеми, но секогаш постои ризик да се врати болеста.
     
  19. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Се мислев дали воопшто да пишам.
    Пред неколку дена на свекрва ми и правеа биопсија на градата. Резултатите се Intracystic papillary carcinoma класа V. Што би значело многу редок вид на рак на дојка. :( Колку што разбрав не знаат до кој стадиум е. Тоа ќе се дознае по операција (ќе и‘ ја отстранат целата града).

    Бев убедена дека ќе биде бенигно, обичен фиброаденом, кој ќе биде отстранет со мала рутинска операција. Кога ми ги кажаа резултатите бев шокирана. Сеуште сум. Не знам што да кажам, не знам како да помогнам. Не разбирам. :worried: Се ми е како лош сон. А можам да замислам како и‘ е нејзе. ;(
    Не сме многу блиски, во смисол да ми се довери, да и олесни. Го имаме оној класичен однос: снаа - свекрва, малку во поблага форма. Живееме во заедница, еве веќе година и пол. Со сопругот правевме планови да си купиме наш дом, да се иселиме, да живееме посебно. Навистина сакам да и‘ помогнам. Всушност, сакам никогаш да не се случеше ова. ;(
    Како што реков, не сме многу блиски, за да ми се довери, за да се исплаче. Сакам да и помогнам, сакам да знае дека има некој на кој може да се потпре. ;( Жал ми е што нема ќерка. Има двајца синови, кои иако многу ја сакаат и почитуваат, некако многу студено ми изгледаат. Можеби тие се поприсебни...Сопругот како да е во шок, разбирливо, делува како ништо да не се случило. Не знам дали сеуште не може да ја прифати реалноста, или едноставно не сака другите да приметат дека му е тешко...
    Таа ни забрани да разговараме на оваа тема. Рече: не сакам да ми зборувате за тоа оваа недела. И таа се однесува како ништо да не е. Можеби само пред мене, не знам. Можеби си мисли дека мене не ми е гајле (бидејки јас сум “снаата“). Другата недела би требало да и закажат операција. Многу сум загрижена :worried: . Два дена на работа само тоа барам и читам на Интернет. И колку повеќе читам, толку помалку знам и разбирам, толку позбунета сум. Многу ми е тешко. А само таа си знае како и‘ е. :doh:
    Извинете, морав некому да кажам, мислев ќе ми олесни - но, не. ;(
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Те сфаќам миднајт целосно, премногу ми е жал за жената и за вас кои сте околу неа....
    Можеби донекаде и си во право што велиш дека синовите како машки делуваат поладно, мада нема правило. Кога мајка ми требаше да ја прави истава операција, брат ми не можеше да се совземи од плачење во болница, а јас солза не пуштив. Ја прегрнав, не` испрати, и таа и тој се изнаплакаа, јас демек храбра и нервозна што прават нешто од „ништо“ и кога стигнав дома, на само - крахирав.

    Сакам да кажам - не знаеш кое е точното од болдираното, дали првото, дали второто, дали комбинација од двете...до човекот е. Ако свекрва ти не сака да зборува за тоа, јасно е дека сама не сака да си признае дека има проблем, а и сигурна сум дека не сака да ве замара сите вас. Верувај, неа и` е најтешко....сигурно си мисли Зошто јас, зошто сега, Како ќе живеат децата мои без мене, Дали ќе преживеам хемотерапија....премногу прашања без одговори, и колку и да сакате да и` дадете поддршка, ако самата не се „отвори“ за истата - џабе е се...

    Оставете на времето. Бидете до неа цело време, без муабети за ситуацијата, ако не сака. Помагајте по дома, бидете позитивни, натерајте ја да шета повеќе, бидете приземјени кога прв пат ќе ја видите без коса, оди заедно со неа да одберите перика, направи го тоа како едно интересно искуство, пошто ионака нема избор...
    И за вас ќе треба време....првиот шок ви дојде, ќе ви дојди и вториот со операцијата, стрес до дознавање на резултатите, па соочување со истите. После тоа ќе се „смири“ некако ситуацијата, посебно откако ќе тргне на хемотерапија, само што тогаш ќе има други маки. Обавезно набавете мнооооогу лимони кои ќе треба секојдневно да ги пие, многу витамин Ц, секоја вечер сода во вода и чај од валеријана или маточина, чисто да опуштате мисли сите..

    Ако ти е за утеха, мајка ми еве веќе 5та година е чиста. Операцијата беше успешна, лимфите изолирани и отстранети, хемотерапија до крај истера, косата и` испаѓа, ама по престанокот на терапијата пак почна да и` расти, така да тоа е најмалиот проблем.
    Ви треба време и на вас да се совземете, знам, ама мора тоа да го направите побрзо, зошто тука најбитна е брзината на дејствување, а не паниката и збунетоста....

    Ви посакувам многу успех со операцијата и пост-оперативниот период и да изнајдете сила за да и` помогнете првенствено неа, после себе.
    Со среќа, имај верба, има многу приказни со среќен крај, едната е кај мене!
     
    На midnight.flower и danichap им се допаѓа ова.