Уље од канабис, колку почисто толку подобро. Корен од дива циклама, имунофан инекции и руска чага како на сликава
Не во аптека. Мала е концентрацијата и не помагаат.. а многу се скапи. Чисто уље е нелегално, и можеш тешко да најдеш. Не сакам да кажувам како нашле мои роднини ама има начин како да најдеш, има страница Rick’s Hemp Oil, истото е многу ефикасно, не знам дали би ти стигнало ако порачаш. Мои блиски се јавуваа на луѓе и им го прошверцуваа низ Хрватска. Околу 700 евра мислам им наплатија. Прочитај на таа страница се е објаснето. Многу мала количина се дава на болниот.
Cecyska како е татко ти?во кој стадиум го откривте карциномот? Извини што прашувам но за жал јас ја изгубив мајка ми пред 3 недели од истиот вид,се бореше 3 месеци но за жал го откривме ние во 4 стадиум.Се надевам добро се носи со болеста,бидете му подршка и храбрете го никогаш да не се откажува...се надевам ќе успеете.Поздрав и секое добро
Хааа.... Мојата вечна тема.... Дедо ми починал на 33 години од Леукемија.... Татко ми на 45г. од рак на панкреасот.... Јас имав 12г. Од моите 7г. се соочив со дијагнозата канцер кај татко ми ... Сега сум 28г.....
Дали знаете нешто повеќе за третман во Турција, кој за почеток кошта 15 илјади евра? Дали има некој појдено (со тешко срце прашувам, ко за арно да прашувам да не има појдено али морам да се информирам) и ако да, дали имал позитивни резултати? Мајка ми има рак на панкреас, скоро и да е метастазиран низ цело тело во последен стадиум е и да не набројувам веќе... дали би имало подобрување т.е СПАС?
Мој близок замина за Турција,куќа продаде за да плати и не успеа.. Имаше рак на грло.. Видете добро распрашајте се ве молам..
Не знам како дошла во контакт ваљда некоја приватна болница во Македонија, бесплатно било за консултации, ги однесовме сите документи, ги провери докторот и тој рекол овде немало шанса да се опорави, но во Турција и те како имало. Да не звучам песимистички ептен или не знам ти шо, но јас немам многу верба затоа што и ние во блиска фамилија имавме таква личност (не со истата болест, но сепак..), се подобри на 2-3 месеци откако беше во Турција или Германија не памтам точно, и после повторно му се врати. Јас не знам што и како да се пристапи и разговара со личноста сега т.е мајка ми.
Со еден збор УЖАС. Не можам да се соберам после смртта на мајка ми.. само неколку месеци поминаа, а јас уште ја чувствувам истата болка и се прашувам ЗОШТО? Зошто баш ти? Зошто, зошто? Да ни покажеш како човек може да се бори и колку животот е краток и незначаен? Да сфатиме дека сите сме гости на овој свет? Тоа таму горе е вечно.. ми недостасуваш мамо премногу Најлошото е што не можеш да помогнеш, а гледаш како се мачи.. Никој, никој ова да не го доживее.. Се тешам со верата затоа што : “Блажени се чистите по срце, оти тие ќе го видат Бога” Почивај во мир мамо, премногу ТЕ САКАМ
Потполно те разбирам Babyby каква болка , тага, празнина и гнев чувствуваш...поминаа 3 месеци од смртта на мајка ми и сеуште неможам да поверувам што се случи и истото прашање ЗОШТО?ЗОШТО БАШ ТИ?душа ме боли но мора да одиме напред само тоа ни преостанува, за жал таков е животот многу непредвидлив. Проклета болест и судбина не се најде лек за оваа чума нажалост
Имав 12 години кога на мајка ми и кажаа дека има рак на дојка. Примаше хемотерапија година ипол и уште имам трауми. Се губеше некако, и влијаеше на живците. Косата и падна, не можеше да стане од кревет и слично. Таман кога мислев дека нема никогаш да се повтори тоа лани и открија на коски. Сега уште е на хемотерапија и немате појма колку ми е страв од целава ситуација. Страв ми е да идам на школо да не и пренесам вируси А да и баш пред недела требаше да прима хемотерапија но она (а и јас) ич не бевме добри со здравјето. Повраќавме и имавме дијареа, само што на мајка ми и крварел желудникот. И земаа да видат тумор маркери да не има нешо на желудник е сеа цело време сум под стрес.
Потполно те разбирам. Бараш спас во се што ке слушнеш , со надеж дека можеби ке се продолжи животот, барем за извесен период. За во Турција незнам , но ја имав ситуацијата со татко ми. Ракот го откривме во 4 стадиум. Кога симтомите се појавија. Пред тоа не маткаа , од таа врата до таа врата едни добри 3 месеци незнаејки што му е. А тој со температура 40 секојдневно. Стрес , нервоза , напнатос во секоја смисла на зборот. На хемотологија се најдоа доктори од мајка родени , што не пуштија на секакво испитување , но за жал прекасно. Хочкинова болест во 4 стадиум , и зафатено и коскина срцевина. Бевме на 7 хемотерапи . Терапите ги поднесуваше супер. Ни лошење ,ни болки ништо. Секој ден живеев со мислата ,дека незначи ако другите ,не ја издржале цела процедура дека истото ке се случи со мојот татко. Толку мислев дека ке живее , сите ми велеа , дека е ризично ,дека ништо не се знае , дека е 4 стадиум , но јас не се откажував , верував во Бога . Па сепак беше само 49 год. Животот беше преднего. Пробавме се . Капсули од Германија ,ујле од чис канабис , алое , секакви горчливи работи , што го спречат ширењетона ракот. Но тој подмолен убиец незнае за граници . Битката ни траеше 6 месеци. На крај повторно тој победи. Болка , тага , разочарување , неопислива загуба. А беше полн со живот и надеж ,исто како и јас . До крај.
Мама стигна до 3та хемотерапија, за 4та не е спремна и не може, железото во крвта и било ниско, а и омалаксана е скроз. Инаку има само 46 години... сеуште се бориме, али, ми се плачи шо го кажувам сме на губитничката страна.
Бидете силни , разочарани не и требате . Мора да се борите , душата ми се кинеше , срцето на 100 парчиња ми пукаше , но пред него бев борец . Со тоа и тој имаше желба и смисла за борење. Не е лесно но мораш ,и треба да бидеш храбра. Давај и многу витамини , ампули за имунитет , цади свежи сокови , ке и се врати снагата. Кај секој различно влијание има хемотррапијата. Господ напомош нека е.
Ти благодарам, ја терам шејкови да пие итн, али слабо, не сака. Ме излудува до последно пуши цигари, и велам кога веќе нема крај со ова и не ти иди паметот, барем пред мене немој. Иначе и клаваат системи на болница за освежување и некои витамини, албумини, гликози откај ти знам шо... и зема едно за крвта зајакнување венопрофен мислам беше..
Разочарана е затоа е така. И на нив им е страв , и они незнаат што ке се случи со нив. И требаш смитена , без нервози и кавги . Мораш да имаш разборање. Мојот татко пушеше до последно. Одам да го посетам , ми порачува цигари и кафе да му купам. Одам што ке видам 3 цели неотворени кути му стоат и цел куп кафиња. Му велам тато па се ти стои. Душата вели не ми сака цигар. Ми вели да ми кажуваше некој ,немаше да верувам. Така да ако не и сметат нека ја не и преговарај. Само разбирање.
Не преговарам веќе, али имам еден тон други проблеми и нервози кои си носат со сиутацијата и општо и се трудам да се биди колку е можно повеќе под контрола смирено и да се помага. Инаку машко сум.
@Stark од мене совет доколку сте во можност да земете и чисто уље од канабис и имунофан. Тетка ми имаше рак, докторите повеќе од 3 месеци не и предвидуваа живот, поживеа две ипол години. Борете се, што повеќе сирова храна да се консумира, прошетки во природа на чист воздух. Се надевам ќе биде подобро мајка ти.