Првиот пат беше полесно. Стд 2 на дебело црево. Малигно ама имаше надеж. Се дур не заебаа работа. Канабис не, хемотерапија не. Докторот се чудеше зошто онкологот не беше за хемотерапија. Година дена подоцна стд 4 опфатено купишта. Хаос едвај поправлив. Психички се држи подобро од првиот пат. Првиот пат ко да потешко му падна. Сега се бори. Заедно ја водиме борбата и гледа дека не го оставаме туку така. Се дава се што треба а тој прифаќа. И најголема среќа... што ни верува. Нема да му "купам" многу време. Ама ќе е подолго и подобро на начинот на кој го одбравме, а требаше од старт
скроз истото исто 4стадиум со метастази насекаде пред 1година една операција па за некој месец усте една 7хемо до сега сега за сега е ок вика не ми е ништо а предходно со страшни болки беше ке видиме понатаму шо план има Дедо Боже
2 операции и хемо се е чисто само има метазтази на бел дроб кои се повлекле многу но сепак ги има затоа ке има уште хемо
Здраво, метадон дали некој има информацика од каде може да се купи? Ни дадоа многу малку од болница за лице болно од рак а нигде по аптекиве нема за да се купи
Случајно налетав на темава и некакобпоувствував дека треба да напишам... Има едно место во Библијата (не знам точно можда некој ќе знае да каже) каде вели: Болеста не е за умирачка, за слава на Господ. Сите лекови, совети од лекари следете ги но едно не заборавајте молете се за болниот, молете се постојано со верба, наутро, навечер, во секое време и ќе ви биде дадено. Имав проблем во фамилија, фала му на Господ добро се заврши но додека траеше (година дена можда се вкупно) не шетаа со различни мислења и ставови, од памет не извадија, пекол.. се молев буквално постојано. На сред ноќ се будев од страв и избезуменост и се молев и се довро се заврши.. Посакувам оздравување на сите ваши блиски до 101 да живеат и назад и не заборавајте Исус е над се!
Најтешко ми паѓа кога го гледам како се топи.. нема психијатар што ќе ми помогне за тоа.. Затоа и ич не сакав да идам за СК.. да не го гледам таков. А сега кога го гледам едвај по 4 саати сон сврзувам.. Срце ми се кине.. А знаев дека е рак иако официјална дијагноза е цироза.. едноставно не може да се стопи толку брзо од неа Рекоа..нема лек.. Само дренажи на асцитот и тоа е.. Тоа нека е..ама јас сама кој знае како ќе се грижам за него А и мајка ми сега најде да скрши колк малер малер..малер..
Упм со тој рак.. Колку време е со дијагноза? Овој мојов 5 месеци дали има а веќе е пола човек Не сакам ни да го мачам веќе по доктори..73год човек..
ич не го мачи. искрено ова ти кажувам, другарски. пред година и пол стд2, малигно, опериран. сеа во август стд 4 исто но бетер плус преплет, опериран. почнато хемо од старт, почнато канабис, за два месеци се врати и зафати бетер.
Мајка ми беше 46 години, асцит вадевме, а метастази низ цело тело, инаку ја стопи за 5-6 месеци... Времето ја победуваше во секоја смисла и психичка и физичка. Ми се плачи шо ја отворив темава, ама барем че си споделиме тешкотијата... биди силна и биди му поддршка.
Со месеци ми лежи да се искажам негде, не ми е член од блиска фамилија, ми беше потенцијална свекрва. Многу многу ја сакав, најмногу, со жената имав прекрасен однос. Во последно време многу често ја мислам и ми фали жената, неможам да се помирам со тоа што и го направи докторот. Воедно и открија рак на дебелото црево, се оперираше, декември месец беше, хемотерапии не поднесуваше, на терапија со апчиња беше. Одеше на контроли се оправи брзо. Жениште, пример ми остана за цел живот каков борец беше и пред ракот и со него. Мислевме оздраве, отиде на контрола пак во Мај, ја прегледаа, во ред беше, се израдува жената, помина се, ќе се врати на нормален живот. После 2 недели добива страшни болки вп стомакот оди на лекар и откриваат 8 цм рак на јајници. Ееееј 8 цм, ги гледаат претходните снимки, на кои има 4 цм рак, за толку кратко време колку напреднал. Дебилот доктор, се ослонил на стажантот, а должност му е да ги погледне снимките и тој, ама му рекол "ако ти викаш дека се добри, нема што да гледам". Бравос докторе, седи 5!!! Да не должам, жената после тоа неможеа да ја спасат, а и рекоа во една приватна клиника, да и го виделе одма ракот, да ја оперирале и гарантираа дека ќе помине лесно... Ја изгубивме битката во декември. Точно една година се бореше. Докторите и прогнозираа до септември. Ми беше тешко, што семејството идиоти кренаа раце од неа, ја оставаа по цел ден сама да лежи и се дереа за се нешто, буквално само јас бев до неа, како ќерка. Неколку дена пред да умре, ми рече "душиче тебе многу те сакам, премногу". Тоа ни беше последниот разговор, "ми нареди" дур не умре повеќе да не одам, да не ја памтам таква. Душата ме боли, плачам дур пишувам, колку ми фали жената. Бидете им голема поддршка на блиските во ваква борба, нив мнпгу ќе им значи.
Многу е тешко да си подршка , да го гледаш човек, да знаеш дека саатот си куца и... Го слушам ми збори... за некои кабли зборевме... и го гледам... си велам-види го колку упорно се труди околу домот....а јас зјапам во него гледајќи ги преостанатите месеци... Тешко е... не очекував дека олку ќе ми е тешко да се сосредоточам на муабет со него. Па се тешам.... може ќе издржи повеќе....
Кои беа првите симптоми кои ве натераа да отидете на доктор? @LiliBoz @Dust не знам дали имате пробано, но ние моментално за ситуацијата во фамилија сите надежи кон маслото од канабис ги положивме. 1мл дневно прима, не знаеме дали има ефект, чекаме следна кт/пет скен снимка... инаку дијагнозата е ц3 аденокарцином, и хемо паралелно почна, уште е на втората... Толку е страшно кога тоа се случува дома, што сега сечија друга поплака за болка во стомак и промена во столица те плаши до степен лудило и очај
зимаше масло. после втората операција дур беше "чисто' веднаш почнавме. кај ваков тип на канцер не масло... Господ не може да го спаси. За два месеци, и покрај масло и покрај хемо-пак се појави. Сепак се зависи од видот и агресивноста на канцерот. Знам случаи бетер од чале што истерале мн подолго од предвидено со маслото, ама ете кај него...толку. Го прекина не сака да зима зошто кома е од него а џабе пие. Први симтоми по болка и промени во столицата.
Јас од свекрва ми знам, зошто и она имала порано, Метил, се купува од земјоделска аптека и се пие со паузи. Помага ептен. Она превентивно си го пиеше до скоро. Ако сакате и сте заинтересирани можам да ја прашам како оди дозирањето, зошто знам ги пиела со паузи, секако да си се консултирате со лекар.