Доколку се дијагностицира рак а притоа поради други причини не се праве операција ниту хемотерапија, туку само зрачење. Дали само со зрачење болеста може да се уништи? Се работи за рак на уста...
Втора, првата беше кога го чистеа на бешиката. Сега има огромна метастаза и ако не се оперира за брзо ќе си замине. Ама никој не ти гарантира ништо.
девојче. не збориме за блек фрајдеј. за канцер збориме. шо ти рекол докторот тоа прајш. нема тука можам не можам. со лесно срц...
Да, моментално е на зрачење, но прашањето ми е дали некој има вакво искуство само со зрачење да се излечи
Јас досега не познава никој се излечил од ракот порано или подоцна сите си заминуваат. Освен за на дојка тука има многу успешни приказни. Нека ни ги чува Господ бар уште некое време. Многу берба немам. @Dust Држи се и ти
Пошто темата е во Психологија, ќе кажам дека дијагноза рак не е дијагноза само на пациентот туку на целото негово семејство. Во секоја понапредна од нашава вукојебина при соопштување на ваква дијагноза задолжително пристапува тим од хирург, радилог и психијатар, за да му се укаже на пациентот со што се соочува, какви опции има на располагање и да му се даде примарна психолошка поддршка. За жал кај нас од докторите имаш нешто во стил: Тоа е...; Од нас толку од Господ повеќе; Носете го на друго место ние немаме што повеќе да направиме, и уште еден куп слични “професионални” изрази. Ама во оваа мизерија во која живееме, на терминално болните се гледа како на веќе отпишани, па колку и да е фамилијата поддршка, песимизмот и ставот на докторите е отепувачки. И не е доволно сите околу болниот да се прават силни пред него и да му даваат поддршка. Потребно е секој еден член од семејството, макар и да мисли деке нема потреба, да оди на психолог. Никогаш нема да престане болката, ама мора да си помогнеме сами на себе да ја прифатиме и да продолжиме.
Немавме ние олку лош пристап од ниеден доктор ко што опиша. Одлични беа сите. Едино што ме вадеше од такт што мислеа дека ќе остане чисто и го велеа тоа на него. Дека супер ќе е, длабока старост ќе доживее. Е тоа кај канцер од малиген тип не моеш и не смееш како доктор да си дозволиш да го речеш зашто не постои, повторувам, НЕ ПОСТОИ начин да знаеш дали кога и како ќе се врати. Е тоа многу ме извади од такт уште првиот пат коа му го велеа.
Ќе биде многу тешко, ние некако ќе се помириме ама син ми секој ден ќе ме потсетува дур не заборави или свати што се случува. Они двајца се премногу поврзани и имаат посебна комуникација, нешто неописливо. Станува од спиење вика дедо, ми го дава телефонот дедо, да му се јавиме. Кога се заедно друго е детето. Сите имаа баба сервис јас имав дедо сервис. А мајка ми па, што ќе се прави со нејзе само господ знае.
Точно, непредвидлива дијагноза е. А за волја на вистината, бројот на пацинети кај што се вратил ракот е поголем од бројот на оние што трајно се решиле од него. И на нас во еден посветол момент ни кажуваа дека има уште живот и уште време... Ај што нас ни кажуваа прикаазни, ама и на татко ми. Нема ни поента давањето лажна надеж, кога фактите друго кажуваат. Јас од моево искуство, генерално сум разочарана и од однос и од третман и пристап, ама баш од се...
И ние немаме лошо искуство со Онкологија само и кај нас ни маваат ветер во грб дека ќе живеел уште нејмалце 10 години. Се одат преку сестра ми на него лично ништо не му кажуваат.
Болката, глетката.... се ви знам како ви е. Слики уште ме прогонуваат. Уште не можам да дојдам на моментот да ја памтам по убавото. Прво рак на дојка, успешно отстранет. После 3 години рак на црн дроб со метастази секаде - од прва болка до умирање, немаше ни 4 месеци. А редовно се прегледуваше, скенови и тумор маркери. Страшно прогресивен. Зашто е темата психологија, ја би го отворила прашањето, дали мислите на себе? Наследно дали е? Кога ќе фати? Јас имам често проблем со овие мисли. Кревам паника на бемки, плачам... Ако ме пресече стомак, мене одма тие слики ми доаѓаат пред очи... Немам храброст да направам никаков тест превентивно. Немам. А и реалното во мене сега знае дека сум океј. Ама ќе дојде време да се провери се, така? Полудувам некогаш и ова никогаш со никого не сум го споделила. Се плашам и за ќерка ми. Не сакам да го доживее тоа што го доживеав јас, не сакам да ги има тие гени. Ама...
Имаше рак на панкреас дијагностициран во краен стадиум, после случајна интервенција... Не траеше борбата долго, иако имаше и надежи и изгледи за повеќе. Уште ми е се премногу тазе. Затоа потенцирав од психолошки момент, мора сите членови на семејството пред се сами да побараат поддршка за да можат и да му ја дадат на болниот.
Теди... Наследно е ама и не е. Се зависи. Кај чале прв е у фамилија со ова. Точно знам кога почна и зошто почна. Совет од мене бемките не ги занемарувајте. Има поврзаност и те како. Старфиш многу ми е жал. Мојов не знае. Не најдовме начин да му кажеме дека избројано време има. Нема ни да најдеме. Ние? Мислев некако ќе најдам начин да се носам со ова ама секој ден се потешко ми станува...
Утре шест недели мама откако почина од рак. Го памтам денот ко вчера кога ми умре на раце, и денот претходно го памтам кога во ниедно време ги скорнав моите другари за да ја крениме и ја носам во болница, мислеше дека ќе и помогнат во болница...