Рак на дојка кај жени - бесплатна реконструктивна хирургија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од fan, 17 март 2010.

  1. fan

    fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Vo Makedonija 700-800 zeni zaboluvaat od rak na dojka.Nacinot na lecenje e hirursko, so otstranuvanje najcesto na dojkata, ili eden nejzin del. Ne sakam da pisuvam niz sto pominuva zenata vo tie momenti. Sakam da znam sto mislite za kampanjata" za besplatna rekonstruktivna hirurgija na dojka kaj zeni operirani od rak na dojka", inicirana od Forumot na zeni na DOM. Vaseto mislenje dali e pozitivno ili negativno ce bide dragoceno.
     
  2. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Не знам како се чувствуваат жените кои веќе поминале низ тоа, но јас би се чувствувала осакатено. Ќе недостасува дел од мене...Ми се чини дека никогаш повеќе нема да можам да се соблеќам пред маж ми...Ќе бидам нецелосна...И дефинитивно би се согласила на реконструктивна хирургија за да можам барем на некој начин да ја заборавам таа болест и низ се што сум поминала како последица на тоа.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Незнаев дека постои вакава кампања но во секој случај ја поддржувам.Сакам да прашам како може ние да помогнеме, на форумов сме претежно жени па доколку треба да се собираат потписи или да се праќаат петиции до некои институции кажете ни, и ние да дадеме свој придонес, нормално секој во рамки на своите можности. Ја имате мојата поддршка .
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.726
    Допаѓања:
    34.022
    И јас не знаев за кампањата и се согласувам со претходниот пост. Ако може да се помогне да не известите :)
     
  5. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Таква кампања заслужува целосна поддршка и било каква помош доколку е потребна.
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.840
    Дефинитивно ДА!
     
  7. fan

    fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    VO tek e priprema na tribina za kampanjata za besplatna rekonstruktivna hirurgija na dojka pod mototo "BIDI HRABRA- NE DOZVOLUVAJ DA BIDES POINAKVA" od Forumot na zeni na DOM, koja tribina e za site zeni bez ogled na nivnata politicka pripadnost ili verska religija.Ovaa kampanja e da im pomogneme na zenite operirani od rak na dojka, zasto tie go zasluzuvaat, a samiot operativen zafat cini skapo. Za tocniot datum na tribinata ce bide dostapen na Femina sajtot za ovaa tema. So Vasa podrska veruvame vo uspehot na ovaa kampanja.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.531
    Мајка ми се опрерираше на дојката скоро , со објаснување од докторите дека тоа е масно ткиво и треба да се отстрани .Отката заврши операцијата се помина добро , а вчера докторот и се јавува и и вели дека треба да се отстрани цела дојка и што поскоро бидејќи по испитувањата очигледно не станувало збор за масно ткиво ... незнам веќе ни што да мислам , ни што да правам, ни во што да верувам ;( докторот рекол дека млада е , и изгледа се на време се открило , незнам сеа треба да се опрерира па што и како не биде .... се плашам многу ;( ;( ако има некој слично искуство ве милам пишете :( :(
     
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    582
    немој да се плашиш биди храбра мајками пред 7 год се оперираше и се помина во најдобар ред тогаш имаше 37 години само биди храбра и мисли позитивно
     
  10. Biljana795

    Biljana795 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site.Nova sum na forumot i ke ve zamolam dokolku ima nekoj poznavanje za moeto prasanje da mi odgovori.Majka mi pred mesec dena e oderirana od rak na dojka i i e odstraneta desnata grada.Spored rezulatot sto go dobime rakot e prv stadium,tumur markerite se negativni,nema metastazi vo zlezdite.Mislevme deka ke pomine so nekoja slaba terapija ama sega izleze deka ke treba da prima hemoterapija i toa 8 a posle toa ke treba da prima cela godina herceptin zosto toj rak bil agresiven brzo rastel i za da se spreci povtorna pojava a i poradi zastita da ne ima nekoja kletka zabolena i zalutana vo teloto.Operacijata ja prifativme lesno ,pomina lesno bez nekoi komplikacii i bolki ama sega da vi kazam iskreno od hemoterapijata ne faka strav zaradi site tegobi koj se javuvaat od nea,oslabnat imunitet,oslabnata krv i red drugi raboti.Za da ja prifatime polesno celata situacija i za da se soocime so nea majka mi odi na psihijatar a ja na psiholog.Imam 33 god mnogu sum povrzana so majka mi i celava situacija mnogu tesko mi padna.Jas 4 god se matkam po bolnici lecam sterilitet sega pak po bolnici za majka mi i me faka ludilo.Kanceto prekipe a jas se osekam deka ke puknam.
    Ako imal nekoj iskustvo so hemoterapija ili opsto so bolesta ke go zamolam da pise.

    Pozdravce do site.

    [mod-kirilica:1su51ngl][/mod-kirilica:1su51ngl]
     
  11. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    582
    Билјана мојата мајка пред скоро 8 год веке за еден месец како е оперирана примаше хемотерапија ова е сеуште болна тема за мене , таа додека ја примаше имаше тегоби повракаше, али ке се издржи бидете храбри а слушав дека сега имало и апчиња за таквите тегоби и некој лек за косата да не опагала али косата е најмал проблем распрашајте се поубаво, мајками кога ја правеа операција немаше ништо од тоа , нејзината града остана има само белег и да ви кажам добро е што посетувате стручно лице камо и јас да направев така сега ја добив само оваа глупа анксиозност бидете храбри, не ја оставај мајкати за ништо, биди покрај неа, и кажи и да не се плаши се ке помине добро верувај ми, ви посакувам се најубаво :)
     
  12. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    80
    Имам 26 години и пред 2 месеца ми беше одстранета десната града. Најпрво напипав топче под градата не беше големо 1.5 см можеби. Прво отидов на ехо ми рекоа дека е фиброаденом и дека не е страшно секоја втора жена го имала и не било опасно само најдобро било да се извади затоа што знаело да се прошири и да стане малигно со тек на време. Ми препорачаа за секој случај да одам на пункција. И тоа се случи. Добив резултат на 3та класа некоја група и ми рекоа дека не било јасно што е точно и дека резултатот бил чуден... ми препорачаа операција... направив операција во ремедика ми ја извадија само грутката. Резултатот беше многу лош... имав инвазивен карцином 2 стадиум и згора на сето тоа туморот или топчето што го извадија го пресекле на пола во мене така што малигните клетки во него се рашириле... ми препорачаа да ми ја извадат градата и ми рекоа дека не знаат што може да ме чека, можеби ке имам и зрацење што ке доведе секако до стерилност а немам ни деца не сум ни мажена... страшни моменти беа тие и за мене и за моите... мајка ми не даде да продолжам да се лекувам во ремедика... отидовме во загреб... таму докторот онколог не дирекно пошто нели докторската етика не им дозволува да критикуват друг доктор |( рече дека докторот во ремедика згресил што го пресекол туморот и дека вака е многу поопасно. Ми ја извадија градата во хрватска и дирекно ми ставија имплант. Сега одам на хемотерапија ми препишаа 8 хемотерапии на 21 ден другата недела ке ја примам втората... почна да ми пага косата, искрено не ми се ни пишува за останатите несакани појави ... потоа треба да примам хормонска терапија 2 години затоа што карциномот е хормонски зависен... добро е што ке можам да имам деца и срекна сум поради тоа ... искрено тоа ме крепи имам дечко што ме сака и го сакам се надевам така и ке остане затоа што ммногу ми значи и ми дава храброст знам дека можам да го победам и ке се случи тоа ... ова е само едно лошо искушение што може да се помине... сакам да им кажам на сите што се соочуваат со ова да бидат храбри, да веруваат во себе и во својата мок и можат да успеат во се и да победат се :*
    П.С. Заборавив да ви кажам дека имав примано диане 3 години поради регулација на хормони и влакнатост и ми рекоа дека е мноу можно ова да е делумно и причина од тоа ... значи немојте тие *срања* да ги земате ни под разно :!:
    САМО НАПРЕД И ХРАБРО!!!
     
    На joy1 и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    13.850
    Пол:
    Женски
    Мила многу ми е жал што ти се случува ова, премногу си млада за да поминуваш низ ова :( се надевам дека се ќе биде во ред :) издржи ќе помине и тоа :)
    А, за диането потпишувам дека поголемо сра*е нема од нив, јас ги пиев 3 месеци и господ го видов за тоа време :( не знам како сеуште можат да ги препишуваат после толку несакани ефекти ширум светот :worried: И од тогаш реков веќе вакви работи не пијам иако пак сега правам испитувања некои и знам гинекологот пак ќе ми препише анти-беби пилули ама јок не ги пијам :| И мене ми е многу страв за тоа затоа што мајка ми е оперирана од тумор на градата, а нејзината тетка од рак :worried: ама си се тешам дека не ги пиев многу долго ;(
     
    На TheIdealMe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    80
    Не грижи се не е долго, мене докторот ми рече дека требало да се пијат со паузи и никако повеке од 2 години а јас ги пиев долго време 3 години и многу малку паузи правев а ете немам во фамилијата никој со оваа чума на денешницата... така требало да биде.. секако немој да ги земаш, лековите се во природата за било каков проблем прогуглај побарај лек од природата, никој не е помокен од неа. А за генетскиот фактор мора многу да внимаваш, гледај да се храниш колку што можеш поздраво и да бидеш активна физички. Мора сама да се празиш и да внимаваш. После ова што ми се случи многу поинаку гледам и на медицината и на фармација и на животот... но само упорност и ке се помине преку се, нели таков е животот мора да има и падови но се живее за срекните моменти што треба многу да се ценат. Фала ти на подршката :* внимавај и чувај се :hai:
     
    На WildCherry и anastasijaki им се допаѓа ова.
  15. donka52

    donka52 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zdravo! Jas se operirav pred godina ipol i mi e izvadena celata grada, ne mozam da odam na banja ni na odmor za da se kapam so luge zatoa ja podrzuvam ovaa kampanjata za besplatna rekonstruktivna hirurgija na dojka pod mototo "BIDI HRABRA- NE DOZVOLUVAJ DA BIDES POINAKVA".