1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак на дојка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од sonja1969, 23 септември 2011.

  1. sie

    sie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Ве моламмм одговоретееее
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Зошто си го губиш времето прашувајќи тука кога никој не е доктор или стручен да ти одговори,поарно јавимусе на матичната прашај или утре одма оди на контрола не си го губи времето за сериозни работи да прашваш по форуми...
     
  3. J.i.A

    J.i.A Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали е ова симптом на рак на дојка?

    Дали знаете дали ова е симптом на рак пошто имам како мозолчиња околу брадавиците како на сликата?
    [​IMG]
     
  4. kikekike81

    kikekike81 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    dali znaete sto znaci dijagnozata dg.Tu mammae I.dex. N II ?
     
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Значи тумор на десна дојка. N го означува степенот на зафатеност на лимфните јазли.

    Секако овој одговор не го земај за сигурно бидејќи не сум доктор по професија, но веднаш консултирај се со специјалист во врска со било какво понатамошно лекување.

    Се надевам дека се добро ќе заврши!
     
  6. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Океј значи вака, најдов брошура за рак на дојка од систина.. и се беше супер додека не прочитав дека лененото семе може да го забрза процесот на создавање на карциномот.. само се двоумам дали тоа се однесува само на они кои се лекуваат од карцином или пак важи за било која жена/девојка,,,
    Ова е брошурата - http://www.acibademsistina.mk/images/onilneprints/BrosuraKarcinomNaDojkaAcibademSistina.pdf
    А ова е исечокот за лененото семе..
    Ленено семе: Иако во минатото се веруваше
    дека го намалува ризикот од создавање
    карцином кај жените намалувајќи го нивото
    на естроген, неодамнешни истражувања
    покажуваат дека лененото семе може да го
    забрза формирањето карцином. Поради оваа
    причина консумацијата на ленено семе не се
    препорачува за време на лекување од карци-
    ном на дојка.

    Искрено за мене лененото семе е еден од најздравите производи што ги знам, барем до сега и релативно често го користам во исхраната. Ве молам, дали некој има повеќе информации за ова? Да знае повеќе за овој податок... Навистина би го ценела тоа, благодарам многу.
     
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Па самиов извадок објаснува дека лененото семе може да го забрза а не да го предизвика карциномот на дојка. Освен тоа во последнава реченица јасно пишува дека не е препорачлив кај жени кај кои веќе е дијагностициран и се во фаза на лекување, што значи дека може да има контра-ефект врз лекувањето и повторно да се развива. Јас дури некаде прочитав дека е здраво и дека се користи и за превенција и лекување на многу болести. Мислам дека нема никаква опасност да го конзумираат здрави жени. (барем јас така го разбрав твоето двоумење)

    П.С.
    Еве некои линкови...
    http://jadizdravo.com/proizvodi/leneno-seme/

    http://falanga.com.au/leneno-seme-protiv-rak-na-dojka-i-jajnici#
     
    На Psychen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  9. maruv4e

    maruv4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки ... вака баба ми се оперира од рак на дојката летото и до сега примаше хемотерапија ... последниов пат кога била некоја жена и кажала за некој лек со пченка и мед и уште некои работи и требало све да се сомели ... и сеа не може да се сети кој беа другите производи .... случајно да имате слушнато за тој лек?? да ги знаете состојките??
     
  10. vol6ebni4ka

    vol6ebni4ka Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Сакам да споделам искуство од моја блиска личност со вас феминки. Пред се сите вие кои имате доживеано ваква болест нескам да ве заплашам , исто така никому не му посакувам такво нешто. Тетка ми сестра на татко ми во 2000 година ја оперираа од рак на дојка имено УСПЕШНО,но после 10 години во 2010година на истото место ракот повторно се појави и за жал денес веќе 5 години тетка ми не е со нас. Незнам како ме свативте но сакав да споделам дека и тоа е можно како велат старите РАКОТ СЕ ЗАЛЕКУВА НО НЕ СЕ ИЗЛЕКУВА.
     
    На Razocarana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.561
    Допаѓања:
    78.812
    Пол:
    Женски
    Девојки, потребни ми се неколку одговори. Пред малку кога се преоблекував, во пределот на брадавицата напипав (одвнатре) грутка, но малечка, ме фати паника, но сега кога повторно пипам не можам да ја најдам... Како и да е, јас решив да одам да се прегледам НО.. Не знам дали за тоа е потребен упат од матичен лекар, не знам ниту каде точно треба да го направам прегледот, не знам ниту која е отприлика цената, досега не сум правела такви прегледи. Ќе може некоја од вас да ми одговори? Не ги прашувам моите бидејќи не сакам да ги заплашувам уште од сега, може да нема ништо страшно, не сакам да дигам прашина... Хелп?
     
  12. purple..m

    purple..m Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски

    Ти пишав опширно приватна порака со моето искуство околу ова, ако имаш некои дополнителни прашања кажи, ако знам ќе помогнам :) Поздрав
     
  13. pretty kitty

    pretty kitty Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ќе може ли некој да ми каже дали има шанси да се излекуваш во 2 стадиум
     
  14. ЕднаИединствена1

    ЕднаИединствена1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Gradite me cheshaat vekje 1 ipol mesec i pocnav da gi cesam i na desnata grada pod pupkata mi iskoci nesto kako infekcija i duri imashe momenti koga me bolea gradite i na gradnikot imam nekakva lepliva tecnost shto se zalepuva so gradnikot a koga povekje vreme se chesham mi techr malku krv posumjav deka imam rak na dojka i ednsh kreenavme na doktor i ni kazaa deka e od vremeto poso bilo oblacno ili pak poradi godinitr deka mi se razvivaat gradite seuste ama togash bese 1 nedela od kako me cesase a sega e vekje 1 ipol mesec mozebi i 2 ... neznam sho da pravam pa trazam sovet od vas iako mi e vo plan da odam i na doktor
    inaku imam nepolni 14 godini i nemam mn golemi gradi
     
  15. love make up

    love make up Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Zdravo se nadevam ke ina nekoj koj ke moze da mi odgovori.... Pred nekolku godini otkriv grutce vo desnata dojka koe bolese i bockase od vnatre, pojdov na lekar mi rekoa fibroadrnom, pojdov na uste eden mi potvrdija kako ne e nisto strasno samo da se sledi. Go sledev nekoj period , potoa go zapostaviv posto citav deka ne e strasno i ne moze da stane maligno. No vo posleniov period osekam kako e porasnato i resiv da odam na lekar. Malce me isplasi doktorkata posto me gledase ba eho i ne i bese bas jasno toa sto go gleda, pa me prati na biopsija, otidov vo sistina tamo pak na eho me gledaa pa na mamograf ( inace imam 29 god , ne sum ragjala ) i i se gledase kao nesto somnitelno kalcifikati nekoi, pa na kraj mi pravese punkciona biopsija , koja pokaza deka nema maligni kletki i nesto strasno, no mi preporaca da go vadam. Bev na poveke konsultacii posle toa nekoi ki rekoa toa e toa nema zosto da se plasiis samo vadi go, nekoi poradi somnitelbosta na mamografot da pravam core biopsija.... Ve molam za mislenje ne znam sto da pravam...
     
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Градите ти растат и кожата ти се растегнува, затоа те чеша. Мачкај се со некое хидратантно млеко за тело редовно да не ти е сува кожата и чешањето ни требало да престане.
    И хормоните доста влијаат, сега телото ти доживува промени.

    Не верувам дека е нешто загрижувачки, ама за ти да се чувствуваш подобро појди на консултација со лекар.
     
    На ЕднаИединствена1 и joy1 им се допаѓа ова.
  17. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    здраво феминки . свекрва ми пред три год. се беше удрила во комодата кај градата и тогаш и се појави како топче ама стар човек нели нејке по доктори шо да се прави е сега почна да ја боли и денес беше на мампграфија ј докторот и рекол дека имало сенки и требало да прави други испитувања мислам биопсија дека е...дали имал некој искуство со сенки на мамографија ? мора ли да значи нешто страшно или...
     
  18. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Поздрав,на свекрва ми завчера и соопштија дека е малигни карцином,па за два три дена иде на операција. Ова е нејзината дијагноза,според некој од вас ако се разбирате,дали знаете кој стадиум е?
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      219,1 KB
      Прегледи:
      110
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Најверојатно се работи за втор стадиум.Според ова,ракот сеуште е во развивање.
     
    Последна измена: 25 септември 2016
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.687
    Допаѓања:
    10.117
    Пол:
    Машки
    Ова е патолошки наод од биопсија на градата. Стадиумот зависи од тоа дали има развиени метастази на други делови од телото. Колкаво е топчето што го забележала на градата? Во големина на орев или помало?
    Дали осетила зголемини лимфни јазли кај мишките или на друго место? Дали се жали на болки во кичмата?

    Добро е што брзо сте закажале операција. Нека внимава свекрвата на здравјето деновиве за да не се разболи, затоа што операцијата не смее да се одложува. Потоа ќе мора да зема хемотерапија. Туморите на дојката уште во раните стадиуми на својот развој имаат сконост кон метастазирање и затоа тоа нема да помине само со локална хируршка интервенција.
    Немојте пред неа нејзиното заболување да го нарекувате со зборовите „рак“, туку нарекувајте го „тумор“.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.