Дали осеќаш грутка? Може да го движиш под прстите или не се мрда, потврдо е? Секако закажи си ехо, ќе ти кажат што е, ако треба и мамографија. Цисти имам јас, знаат да се болни за време на овулација и пред циклус. Какво жарење, ти беше црвена градата или?
Не оставајте на случајност девојки. Пријателка моја на 24 годишна возраст имаше ту на дојка. 10 години подоцна жива и здрава е, ама на време најдено.
Здраво Може некој ако знае да ми одг Мајка ми прими прва хемотерапија за рак на дојка и уште не е оперирана На десната града има 2 тумори и еве за некој ден здравје втората ќе прими И вика дека на местото каде е туморот има пецкање и чешање Што значи тоа?
Поздрав.Дали знае некоја од вас колку пати годишно може да се земе упат преку матичен за протезата на дојка што им следи од Медикус?
Сигурно веќе знаете бидејќи е поминато повеќе време од постот, но штом прво прима хемо пред операција туморот се суши, умираат кацерогените клетки. Јас имав канцер на дојка на 30 год. (Пред 2 години) па по препорака на лекари од Австрија примав најпрво хемо, за после 6 терапии кога ме оперираа да нема никакви остатоци од туморот односно имав PCR (Pathological complete response) што значи дека хемотерапијата целосно го уништила туморот. На мајка ви и посакувам многу здравје!
Девојки дали некоја би можела да ми го објасни наодов? Кај мајка ми се појави грутка на градата. Направи мамографија, ехо и и земаа биопсија. Чекаме резултат од биопсијата но не добивме никакво објаснување од радиологот. Дали некоја со ваков наод добила извештај од биопсија дека има малигни клетки? Ви благодарам многу.
Za zal rezultatite pokazaa rak. Sega sledno e operacija. Dali mnogu se ceka na torakalna za operacija? Denes bevme na klinika i se padnavne kaj doktor Jakupi. Ni zemaa brojce i kazaa deka kje se javat za operacija. Dali nekoja ima iskustvo so doktorot? I najvaznoto kolku denovi cekavte od prv pregled do operacijata?Bilo koj sovet mnogu bi mi bil od korist. Fala vi mnogu.
Ние кога бевме на клиника 2021, беа ковид центар и не знаеја да кажат дата. Кондов беше на смена. Општо знам дека многу се чека. Може со врски и не баш, не знам. Се што те интересира слободно пиши ми.
zdravo ve molam za odgovor imam 17 godini i imam grutka vo levata grada koja pri dopir me boli,dali mozi da e nesto opasno so ogled na toa deka sum mala
Najcesto dokolku e maligno ne boli, tuku samo si stoi i e se osekja na dopir.Kaj tebe moze da e nekoja cista. Potseti se dali postojano te boli, ili ima promeni koga imas menstruacija, ili koga si pred dobivanje. Dokolku se plasis mozes da otides na lekar i da ti napravat edno eho.
Minatio mesec me bolese ama po nekoe vreme mi prekina da me boli sega pred edna nedela mi zavrsi ama eve od togas uste me boli
За една недела треба да добијам, и нешто денес почнав да се фаќам и пипкам какп будала, не забележав грутка, ама низ цела града има како жлезди и такви се меки, нели е ваљда нормално да се има жлезди? Или како?
Nemam nilalva grutka, ama zlezdi si ima niz cela grada, valjda e normalno da ima zlezdi poso neli toa se gradi, na dvete gradi e isto.
Нормално е, кај сите што родиле, посебно ако си доела. Но паметно е од иста причина да следиш, закажи си ехо на дојка, па ќе ти кажат на колку време (обично за помлади од 60 години ако е се' во ред) е на 2 до 3 години мамографија, бидејќи сепак е рентген. А ехо е секоја година.
Да, доени ми се двете деца, во април бев на ехо, пред тоа пред 8м исто бев. Се беше во ред. Немам грутка никаде, туку од самите гради жлездите си ги осеќам и под пазуви исто, и на препони исто си ги осеќам жлездите.