Се извинувам ако темава е дупла но навистина немав време да разгледувам дали има уште една ваква. Значи незнам како да ви објаснам со вистинските зборови но на вратт имав голема бемка (значи поголема од 6мм (што е нормално)). И пред година-две наеднаш почна да ми се смалува а околу неа да ми останува белег, бел. Оваа лето некако бемката ми се претвори во едно црвенко мало, како брунче од комарец. Пошто јас имам многу бемки по целото тело, а незнам дали ако една бемка е зафатена од рак дали тоа влијае на другите. На Google ги прочитав симптомите и дефинитивно ги имам сите. Значи покрај оваа бемка на вратот останатите пчнаа некако да ми избледуваат на краевите. Бев на кожно но тој докторот не ме ни види убаво (онака со голо око) и ми препиша некоја маст што ја мачкав одредено време но не покажа некои резултати па решив да ја прекинам. ВЕ МОЛАМ ако сте повеќе информирани да ми дадете некои дополнителни информации и каде можам да одам на прегле. Значи не државна болница, нека е приватна цената не е важна само кажете ми број...
Промедика која се наоѓа карши Рамстор е приватна а работи со упат и плави картони. Еве ти тел. да си закажеш преглед. ПРОМЕДИКА ДООЕЛ СКОПЈЕ Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 50/5 тел. +389 2 3248 400
Здраво, дали некој може да опише симптоми на овој вид рак. И како што нагледував по интернет нема никаде како мојот вид бемка(израсток), имам бемка и постојано ме чеша. Воопшто не ме боли многу е ситна и бела. Но загрижен сум.
@Muki1993 Главните 4 симптоми на меланомот се: асиметрија, промена на границите (формата), промена на бојата и зголемување на дијаметерот на бемката. Постојат многу типови на бемки и израстоци на кожата но не се сите опасни. Постојат и многу други симптоми и знаци кои ги нема на оваа листа а може да се знак за меланом (крварење, чешање, болка, појава на сателитски бемки), но исто така не мора да значи дека се работи за меланом доколку се појави некој од наброeните симптоми. Затоа најдобра превенција и најсигурна проверка е преглед кај дерматолог. Со голо око не може да се открие овој тип на рак.
Дали некој има искуство со меланом? Мајка ми беше на дерматолог и и предложија под итно да отстрани една бемка од грбот, на пластична хирургија одма и направија операција минатиот четврток, и рекла докторката според изгледот дека најверојатно е меланом ама треба да почекаме официјален наод од патологија.За колку време биваат тие резултати, што сега натаму. Таа е добра, треба ли некои витамини да земеме, исхрана, све живо исчитав и незнам од каде да фатам ред. Како да се спремиме за борба, се уште неможам ни да замислам дека е можно да има рак, и не сум спремна да ја изгубам.Ве молам за секој можен совет, лекови, витамини, исхрани, чуда, се што сте пробале кај вас или ваши блиски со слична мака.