Порано секогаш на степени се шишав, сега веќе неколку години ми е рамна, но многу повеќе ми смета вака зашто ми е густа.
И јас порано секогаш степенувана ја носев ама ми помина меракот последните неколку месеци ми е рамна.
Рамна, always. Природно ми е брановита, така да ако ја носам степенаста ќе изгледам како Моцарт. Рамна ми е полесна и за фенирање.
Мене ми е долга и рамна. Немам намера да правам степен. Еднаш во животот се изгорев со степенувана коса и се чуствував како ќелава, како пола коса да ми ја нема иако ми е прегуста. Еднаква должина сакам на влакното од горе до доле, и реп да направам и плетенка и што и да е сакам да биде густо.
Доста години ми беше рамна косата, но последниве 2 години се решив на степени да ми биде, но благи степени се и не се забележуваат многу.
до пред 2 дена ми беше рамна до половината и ми се здосади и еве сега реков степен мал да направам и супер е сеа за сеа , се зависи до расположение у план ми е дефинитивно пак да мењам ..
Назад на v, не сакам степени зошто кога ќе се оштети кусата степените се прекршуваат и не изгледа убаво.
Рамна, понекогаш позади во полукруг, не во V. Степенуваната е потешка за одржување, потребно е постојано пеглање/фенирање, инаку не изгледа убаво. Од друга страна, не ми се свиѓа тоа што степенуваната коса нема многу волумен.