Рангирање на болка

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 20 јануари 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    Анкетата не ми собираше целото прашање кое сакав да го поставам. Пред да продолжите надолу ме интересира да си одговорите сами себе едно прашање: дали сметате дека тешење со споредба на искуство и болка, и да знаете дека ете, негде има некој на кој му е полошо - прави да се чувстува тој кој е тешен подобро или полошо?

    Некогаш се случува да се чувстуваме лошо за оценка, паѓање на испит и тука се јавуваат чувства како „Ама зошто се чувстувам вака? Ова е само оценка“. И безразлика дали е само оценка, стресот кој го осеќаме поради неа е реален и релевантен и остава траг на нашето ментално здравје. Не е помалку важен стрес за да се осеќаме виновно дека го осеќаме. Ова беше од аспект како себеси можиме да си правиме рангирање на болката која ја чувстуваме. Од друга страна, за истата ситуација некој можи да ни речи: „Зошто се нервираш за оценка, барем можиш да студираш, а толку многу врсници има кои не можат тоа да си го дозволат?“. Дали било која од овие реченици ќе направи некоја индивидуа да се чувстува подобро? Тука се работи за ... рангирање на стрес. Се зема одредена ситуација и се споредува со останатите со цел да докажи дека ете, има полошо, ти си привилегиран, немаш основа да се чувстуваш лошо и како резултат на тоа добиваме само фрустрации, тага и големо чувство на вина.

    Рантирањето на болка исто така можи да биди доста болно и индивидуата на која му треба поддршка од најблиските. Болка е болка. Мора да си дозволиме да ја почувстуваме за да можиме да се справиме со неа. Ако не си дозволиме да ја почувстуваме или ја препишиме како недоволно валидна за внимание, тоа во секој случај, во иднина ќе се одрази на нашето целокупно ментално здравје. Секогаш ќе има некој посреќен, и секогаш ќе има некој понесреќен. Но, ефектите од ваквото рангирање се реални и се тука:
    • чувство на некомпетентност ( „Како можи сите ова да го прават, а јас не можам? Што не е во ред со мене?“, „Како можи таа таму да се справи со нешто три пати полошо од моето, а јас не можам да се справам со оваа ситница?“ или пак „Види го него како се справува со истата ситуација, што те кочи тебе да го направиш истото?“),
    • чувство на вина ради одредена привилегија ( „Тој не можи да си дозволи ништо и е среќен, јас имам се и пак сум несреќна. Со кое право?“ или пак „Те молам, ти имаш се, што можи да ти фали тебе? Ништо не ти фали. Биди среќен за се што имаш.“),
    • чувство дека не заслужуваме ова што имаме ( „Не можам да направам пола од работите другите што ги прават. Ништо од ова што имам го заслужувам“ или пак „Татко ти придонесе за се што имаме, ти ништо не правиш, само се жалиш“),
    • чувство на вина ради недостаток на благодарност и слични чувства кои најчесто ја влошуваат ситуацијата на тој кој ги добива ваквите компарации ( или пак ги прави самиот) место нели, да се добие посакуваната, сосем спротивна ситуација.
    Подетално имам пишано тука, а за ова мислење само издвоив најважното.

    Што мислите за рангирањето на болка? Дали сметате дека е исправен начин за пружање поддршка на блиските? Дали го имате правено, свесно или несвесно? Кога сте го правеле свесно, со која цел било? Сте очекувале позитивен или негативен исход?

    Пишав и реченици кај ефектите од рангирање на чувства и болка како пример како изгледа ова рангирање на болка, дали имате слушнато дел од тие реченици и како направиле да се чувстувате?
     
    На smooch, CameliaMiller, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    21.764
    Мислам дека не помага такво тешење.
    Секому неговата болка му е најзабележителна логично, и освен ако не се работи за драстични градиенти на болка, колку и да си емпатичен или пак логичен , во моментот кога ти се распаѓа бракот пример , не ти е утеха дека на 'Соу енд соу' му се распаднал бракот и ПЛУС изгубил работа и фатил корона..
    Инаку повеќето сме склони да градуираме вака.
    Пример мојот родител моментално се гасне од рак и иако знам дека други членови тука исто изгубиле родители од тоа, не ја намалува болката. Но сепак ценам дадено мислење или искажана емпатија. Повеќе е во смисол : не си сам, знаеме како е . Отколку: не е толку страшно.
    Кога и да сум пробала да се самоутешам за нешто вака- не успеало или само минимално скроз.
    А сепак во свеста ни е вгнездено да се споредуваме во рамки на колектив. Како за болка, така и за радост.
    Интересни теми отвараш, а јас со вишок време8)
     
    На cresa-jagoda, Alishan30, annii и 6 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    57.112
    Што мислите за рангирањето на болка? Дали сметате дека е исправен начин за пружање поддршка на блиските? Дали го имате правено, свесно или несвесно? Кога сте го правеле свесно, со која цел било? Сте очекувале позитивен или негативен исход?

    Мислам дека нашите проблеми секогаш ни изгледаат најтешки.
    А нашата болка ни изгледа најголема... какви и споредби да правиме и да се обидуваме да се ставиме на местото на другите, тоа е само хипотетички и не можеме да се чувствуваме исто како човекот што се наоѓа во таа ситуација.

    Да, сум слушала голем дел од горенаведените реченици. И да, често сум се чувствувала непријатно поради (намерно или ненамерно) наметнатото чувство на вина, некомпетентност итн.

    Настојувам да ги избегнувам ваквите споредби и понекогаш е подобро само да ислушам отколку да споредувам, знаејќи дека со тоа не помагам, баш напротив. Секоја ситуација, проблем и болка се најголеми и најважни за личноста што се соочува со нив.
     
    На cresa-jagoda, annii, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    37.845
    Пол:
    Женски
    Многу е нелогично болката да ја ставаме на вага, бидејќи секој е различен карактер и различно доживува секакви ситуации. Тоа што на некој наводно му е полошо не значи дека нас не ни е лошо и треба да се осеќаме виновно и неблагодарно што сме се пожалиле.

    Прави полошо да се осеќа(м), не е лесно кога некој не ти ги валидизира чувствата а ти ги осеќаш и знаеш дека боли. Не е лошо малку емпатија да се покажи.

    Инаку да, често сум ги слушнала тие реченици. Најчеста споредба мислам дека е со децата од Африка, ама повеќе се користи за вина да се набие дека си размазена и не знаеш како е да немаш основни работи. Да, можеби не знаеш но тоа не го прави помалку валидно она што го осеќаш.

    Реално сите си имаме некои проблеми и сите различно ги поднесуваме и се справуваме со нив. Исто така и низ животот доживуваме различни проблеми, кои во тој момент ни се чинат најголеми. Како деца можеби тоа што ја немаме играчката што ја посакуваме, на училиште што не сме добиле 5ка, како тинејџери симпатијата нѐ корпосал, на факултет сме паднале испит, во врска сме се скарале со дечкото, кога живееме заедно неплатени сметки, на работа шефот се изживува со нас, па болест/смрт на близок и сл.
    Сите овие проблеми се валидни, некои за периодот во кој се наоѓаме, а некои секогаш можат да ни се случат.

    За крај би кажала дека нашиов народ знае да теши со "Ќути има и полошо" без разлика низ што поминуваш. Као да, има секогаш полошо ама има и подобро. Најмалку што можиме е да пружиме поддршка на оној кој се соочува со проблем, иако од наша перспектива не изгледа како big deal.
     
    На cresa-jagoda, sweet-cherry, annii и 4 други им се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.482
    Пол:
    Женски
    Што мислите за рангирањето на болка?

    Никогаш не сум сакала да ме тешат со тоа дека секогаш има полошо.
    Секоја болка сакам да си ја проживеам од причина што побрзо станувам свесна и побрзо го поминувам тоа искуство. Болката како чувство, таа болна возбуденост, голема потиштеност и безнадежна неизвесност, си бара време на соочување и прифаќање.
    Ако се работи за вистински вредности и цели кон кои целосно сме насочени, тогаш нивното губење или незадоволување остава последици во понатамошниот живот. Врз основа на ова, сметам дека тешењето ќе предизвика поголеми фрустрации, но не и намалување или пак исчезнување на болката.


    Дали сметате дека е исправен начин за пружање поддршка на блиските?

    Да, од исклучителна важност е да знаат дека во цело тоа страдање има некој кој е тука за нив. Да им се пружи помош, поддршка и да знаат дека не се сами низ цел тој процес на патење/страдање.
    Не практикувам да ги тешам со тоа дека секогаш има полошо, не влева утеха кај оној кој поминува низ болката. Тој не може или не сака да ја разбере причината за болката и не може цело време да се теши со надежта дека има полошо и дека ќе помине.
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    4.595
    Пол:
    Женски
    Сите сме различни личности со различен карактер, сфаќања, размислувања итн. Па од таа причина секој различно реагира на одредена болка, може иста ситуација/болка/проблем кај повеќе личности различно да влијае и секој од своја перспектива гледа и се соочува со тоа.

    Искрено јас сама себе многу често кога ќе се најдам во некој проблем се тешам на овој начин, дека таму некаде на некој му е дупло полошо од мене во моментот, со тоа не ја занемарувам својата болка туку едноставно ми дава мала утеха дека не сум единствена со проблеми и болки, дека се е минливо и мора да ја прифатам ситуацијата каква што е.

    Дали некогаш сум тешела некој друг на овој начин? Да, колку и помогнало на таа личност не знам, ама сигурно ако ништо друго бар била сигурна дека сум покрај нејзе и слушам за нејзината болка и проблем.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    50.490
    Пол:
    Женски
    Не ги утешувам другите со тоа што им викам дека таму некаде на некого му е полошо, ниту сакам така да ме утешуваат.
    Апсолутно безвезна постапка која не помага.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13 и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.605
    Пол:
    Женски
    Секоја личност е различна, но верувам дека барем еднаш било кој од нас минал низ нешто што не може да се опише со зборови. Емпатија фали.

    Има и такви што се прави мазохисти и уживаат да повредуваат луѓе ако нешто им е споделено во доверба за некој тежок период од животот. Јас не би сакала да ме теши било кој за секакви идни ситуации и гледам сама да пребродувам сè. Правилото дека ако се најдеш некому, не значи дека и тебе ќе ти се најде. Општо во животот нема правила и не се знае никогаш кој ќе излезе г*мно.

    Едно е да сакаме да сме разбрани, а сосема друго е што ќе добиеме за возврат.
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавме со вежби на клиника, јас како медицинар се сретнав со нешто ново за мене. Сфатив колку животот само е непредвидлив и колку се може да ни се смени во еден момент. Луѓе што се борат секој ден за живот, луѓе што во еден миг им се срушил животот и им се сменил од корен, невини дечиња врзани за кревет, но и луѓе кои после тешка борба успеале, сите вие ситуации го сменија мојот начин на размислување и многу одблиску ја запознав суровата страна на животот, после ова секој мој проблем ми изгледаше смешен, за што се сум губела нерви и здравје и не не помислувам веќе да се нервирам за ситници, зошто не сум дипломирала на време, зошто не сум положила испит, зошто немам нов мобилен или нова облека, кој што ми рекол, дали ме навредил или не, се ми е апсолутно неважно.
    Не знам дали е исправен начин на пружање поддршка, секој својот проблем си го доживува како најголем и најтежок, но да се нервираме за ситници навистина не вреди.
     
    На cresa-jagoda, ForeverYoung, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    ova nekako loso postavena tema i se ispomsano i pogresno kazano
    kade pr vo ova ti gledas cuvstvo na vina? (skoro site sto si pisala ama aj edno ke citiram)
    „Тој не можи да си дозволи ништо и е среќен, јас имам се и пак сум несреќна. Со кое право?“ -ova e ljubomora,zavist ..kade gledas cuvstvo vina se cudam? ..primerite ti se skroz promaseni

    realno glupo e i sebicno da se taka sporeduva samo da ti e demek polesno a vsunost polesno ti e zs nekomu tamu mu e poloso od tebe? toa ne e rangiranje na bolka tuku nesto drugo

    jas takvi sporedbi i tesenje ne praktikuvam , prifakam ona sto e i toa e..edinstvno mozam da si pravam sporedbi so sebe si , nekoe predhodno iskustvo ,bolka i sl no so drugi ne .. nitu pak tesam nekoj na takov nacin..
     
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    "Со кое право ... јас осеќам среќа кога не ми е заслужена" довршено лмао. За другото, нема да коментирам, имаш право на твое мислење и да го изнесиш како мислиш. Немам шо да вратам на "глупо/ промаршено/ лошо е" сем "...ок?". :D

    Мило ми е дека не практикуваш тешење како споредба. Согласни сме. :D Зошто прво ради тоа на тој кој му треба поддршка како прави да се чувства ( примерите со кои не се согласуваш инаку, и се од аспект на личност на која се дава поддршка на овој начин) и второ и самата го спомна, на сметка на шо е тешењето? На сметка на туѓа несреќа. Впрочем овај, втор, дел ми зеде внимание и зато реплицирам.

    ---

    Додуша погоре беше спомнато и само си климнав со глава кога прочитав, мислам дека има разлика од тешење себе или некој друг и недозволување да почувствуваш нешто зошто има полошо и ради туѓи искуства да си благодарен за тоа што го имаш.

    Кога ништо не истиснуваш и туѓо искуство ти отвора очите за тоа што го имаш и да го вреднуваш поќе - е супер. Ама прикривање на чувства кога сме тажни е сосема друга работа. Мислам @Guns N` Roses беше со мислењето. Јас барем така те сфатив. Ако то дава мир и те прај благодарна јер си видела сама е едно па дури и тој мир и таа благодарност ако прават да се осеќаш среќно е екстра, ама ако осеќаш некаква болка и ја истиснуваш оти има полошо и твоето е смешно и не вреди за нерви - евентуално ќе исплива на површина. Кога почнав да барам нагоре најдов и коментарот на @Snowflake97 кој не исто, на слично на ова, бара утеха. Прифаќање на ситуацијата спомена и морав да додам дека е важно. Се соочуваш со проблемот и го прифаќаш за да можиш да го решиш.

    ---

    Апсолутно точно дека само зошто ние би се нашле или сме се нашле на некој, не значи дека по дифолт и тој некој ќе ни се најди нас. Сепак, сите сме посебни индивидуи. Но, дали тоа значи дека товарот секогаш треба сам да го носиме само зошто не знајме на кој можиме да се потприме? Ова малку и го гледам како надвор од темата ама ме боцкаше кога го прочитав и морам да прашам.

    Малку не сум во расположение и зато вака касно реплицирам на мислењата, али проштевајте јбг.

    ---

    Од прилика тука планирав да преќинам со цитирањата ама после си се насмеав за ова со децата од Африка оти е гоу ту гилт трип кај мене дома. :D Сакаш нова блуза? Децата од Африка немат ни то. Не дојадваш супата? Децата од Африка гладуваат. Го скрши телефонот и треба да се попрај? Децата од Африка не можат ни еден да си дозволат. :D Цел живот. Ако не се децата од Африка тогаш се едни конкретни комшии. :!:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.605
    Пол:
    Женски
    @theowndemon нормално дека треба да се подели товарот, но попрво би споделила на стручно лице (психолог/психијатар) отколку на било кој друг.
     
    На poenta и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    izvini no toa ne e cuvstvo na vina :)
    tvojot pr " „Тој не можи да си дозволи ништо и е среќен, јас имам се и пак сум несреќна. Со кое право?“ ..spored tebe SO KOE PRAVO? toj nekoj e sreken so nisto a ti imas se a nesrekna si , "не tи е заслуженo da bides nesrekna?
    dali e toa vina ili nesto drugo, ona to pisav pogore ?
    cuvstvata na vina so sebe nosat teski psihicki posledici ..tebe ona не ми е заслужена" довршено лмао." ne znaci nisto i nema nikakvi posledici t.e ima no od drug aspekt a ne vina
    nie poinaku ucevme psihologija izgleda.. po ona sto ucev jas skoro site tvoi primeri se pogresni i znacat ona sto pisav zavist, ljubomora i sl cuvstva
    pr cuvstvona vina e " Zosto i napraviv toa i toa na taa licnost",zosto i rekov toa? i sl (a ne trebase) ..vina se cuvstva sto te "jadat" , "grizat' od vnatre a ne tvoeto ne mi e zasluzeno
     
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    @magnolija09 :D ок? Стварно не сфаќам зошто се тригерна али океј. Напрај исправка како мислиш дека е ако ти олеснува. Не ми е проблем. Напротив, сакам да разберам.

    Пет пати се едитирав пошто мислењето е толку хаотично шо не знам шо сакаш да кажиш. Чувството на вина носи последици или за да има чувство на вина мора прво да има последица?

    Следно, дали можиш да се чувствуваш виновно зошто професионално и академски си неисполнет? Касниш со испити? Која е последицата тука? Дали можиш да се чувствуваш виновно зошто сите се подобри од тебе, ама нешто баш со тебе не е океј и не можиш? Завист е ако проблемот го наоѓаш во тебе? Какво е чувството кога ќе сфатиш, поточно заклучиш, дека проблемот можеби е во тебе, а не во околината, за личниот неуспех? И пак, која е последицата тука?
     
    Последна измена: 27 јануари 2021
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    2.046
    Пол:
    Женски
    @theowndemon погрешно си ме сфатила, никаде не пишав дека така се тешам со тоа што знам дека на светот има луѓе што се на постелна и страдаат повеќе од се, напротив сакам да кажам дека сум благодарна на се што имам во животот и гледам на животот на подруг начин. Не се трудам да се споредувам со другите кои какви проблеми има си го гледам и си го терам мојот живот, а ако имам проблем работам на него не се тешам со другите дека некој има поголеми проблеми од мојот и треба да сум благодарна за тоа. И никогаш не сум ги тешела луѓето, па има и полошо, секој си има проблеми и нормално дека за секој неговиот проблем си е најголем, колку и да е мал и безначаен, сакам да кажам дека некогаш треба да бидеме свесни дека за џабе се нервираме и губиме нерви ако проблемот е лесно решлив.
     
    На theowndemon, poenta и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    Апсолутно. Зато и реков дека ми остана на ум толку дена. :D Едно е нели да си благодарен, друго е да истиснуваш емоции. Чувство на благодарност за тоа што го имаме носи до мир. И то е важно. Многу.

    Зато мислам дека ми остај впечаток твоето мислење.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  17. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    neznam kako ti e nejasno koga tolku ednotavno pisav :wasntme:
    -i dvete , i cuvstvoto na vina nosi posledici no i pred da se pojavi cuvstvo na vina kaj edna licnst ima posledici no najcesto kaj druga licnost (primer licnosta na koja i imas zgreseno)
    3-ot del -ne , toa ne e cuvtvo na vina stom ti se sporeduvas so druga licnost koja e pouspesna/posrekna/podobra i sl od tebe ..ako, eve aj,pr ne cuvstvuvas zavist kon poupsena licnost so koja se sporeduvas i mislis problemot e vo tebe , toa ne e cuvsvo na vina tuku moze cuvstvuvas nezadovolstvo od sebe si ,koe moze da dovede da se cuvstvuvas pomalku "vredna" ko licnost no toa e daleku od VINA .
    cuvstvoto na vina e najloso cuvstvo sto covek moze da oseti i definitivno ke te unisti i najcesto se javuva koga ke zgresis/povredis druga licnost ,mnogu retko sebesi ..ova sto ti pisuvas e sosem drugo
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.070
    Допаѓања:
    36.184
    Пол:
    Женски
    Ова е најстрашно нешто што постои. Да, за некој можеби моите проблеми се тривијални, ама за мене не се. И обратно. Никогаш не сум рекла некому, што се жалиш има и бетер.. Кога на човек му е тешко помогни му, а не да споредуваш болка и мака.
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    122.552
    Не знам. Мислам дека е делот кај шо имаш цитирано мои делој, ама не се познава дека е цитирано јасно па ги читав слеано и ми дојде ептен измешано. Зато и поставив прашањата во следното мое мислење за да разберам и во ова твое веќе знам шо сакаш да кажиш. :D
     
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Eдно од најиритирачките нешта е што кога ми е тешко, ќе дојде некој и ќе ми збори како на други им е многу потешко од мене. Ова најчесто за жал го прави мајка ми. Буквално, не ми помага никако, напротив, ме повредува кога мојата болка е минимизирана затоа што на некој таму му се случува полошо. Не значи дека ако има полошо, дека мојата болка/тешкотија не смее да постои. И од што сум раснета вака, и сама си набивам вака вина кога нешто ми е тешко, одма ми се јавува некоја мисла во глава леле не смееш да се жалиш за ова, има и полошо. И трпам и потиснувам, што е апсолутно токсичен механизам, зошто кога тогаш таа болка пак ќе излезе, и пак ќе се чувствувам виновно за истото.

    И работам со психолог за ова, да си нормализирам дека е океј и јас да чувствувам болка и дека е океј да поминам низ тоа, иако на некој друг му е полошо. Да не се прашувам и обивнувам себеси зошто јас не можам да се справам со одредена ситуација, а други ете можат.

    А да, и она со децата од Африка и е омилена изрека на мајка ми :hai:
     
    На cresa-jagoda, Bojana890, pikabu5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.