1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раничка на грлото на матката

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mireto, 16 ноември 2009.

  1. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ееееееееее ајде де, и јас кога испрочитав на форумов идентични ситуации како мојава сватив дека уствари во право се сите што пишат дека е се само за пари, ама искрено не ми се замара со нејзе, и јас од кога одам таму суп препалена и под дополнителен стрес па затоа сега очајно барам друг гинеколог. :?:
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Како што прочитав, вагиналетите од кантарион може да ги користи секој? Не ми треба консултација со гинекологов или?? Немам хпв, ама чекам резултати од пап тест, па се надевам дека нема да биде цин.
    Ништо не ми кажа он да користам и да пијам, се што земам е на своја рака и што ке прочитам од вас.

    Lacrimosa што не си кажала порано дека од олигогал растат гради, одма ке одам да купам :D шала на страна, и тие се за имунитет???

    Помагајте зошто јас слабеам и слабеам. Страв ми е веке да се мерам, имав 55 кг сега имам 46... незнам веќе што да правам. А со слабеење ми се намалува се повеке и повеке имунитетот... :( :(
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    На природна база се вагиналетите и не можат да ти наштетат. Мислам слободно можеш да ги ставаш. Се користат и за обични инфекции.
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    И јас мислам дека не можат да ти наштетат, јас ставам Гинекс Форте, внатре има 10 вагиналети и ги ставам откако ќе ми заврши циклусот. Веќе два месеци ставам од нив, а овој месец малку ќе паузирам па потоа пак :)
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    Не само градите што ми пораснаа и се изнервирав, пошто преголеми ми се и аман до кај ке одат. И се здебелив, одма се примеќаше. Али не знам , кај сите различно делуваат. Имаат пивски квасец во ниц, и да, за имунитет се. Пробај околу 160 денари се, олигогал со селен, такви пиев. . (пошо има и без селен)
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. m.st

    m.st Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Би сакала да се консултирам со некој што има искуство, знаете како викаат : Не слушај гаталец - слушај паталец:)
    Бев на гинеколог пред еден месец, колоскопија и ПАП тест. Додека ме прегледуваше докторката рече дека имам раничка на грлото на матката, ПАП-от покажа дека имам кандида и инфламација. Користев вагиналети, кандидата ми помина (барем чешањето помина), а за раничката не ми рекоа ништо. Деновиве ќе одам пак на гинеколог.
    Она што всушност ме мачи - ИМАМ МНОГУ БЕЛО ПРАЊЕ, премногу...нон-стоп сум со секојдневни влошки и неподносливо е. Ме интересира дали оваа раничка придонесува за белото прање? Дали истата може да прерасне во нешто полошо?
    И, дали и дечко ми(поради кандидата што јас ја имав) треба да преземе нешто?

    Фала многу однапред :)
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Многу веројатно дека и партнерот би имал мака со кандидата.
    За раничката мене гинекологот ми препорача само вагиналети од кантарион и зајакнување на имунитетот, а дали ке прерасне во нешто - немам информации. Дека придонесува за белото прање не, многу е поверојатно дека поради стресна ситуација или паднат имунитет ти е. Може и ако си во период после овулација.
     
  8. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Е мене пак таа докторката (ако може да се нарече така) од гинекомедика ми рече дека заради хпв-то сум имала бело прање измеѓу циклуси али стварно не знам колку е тоа точно.
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Бело прање е нормално да се има, само треба да се пратат промените. Ако почне да мириса непријатно, смени боја, или е сирест.. тогаш станува збор за некаква инфекција. Иначе секој има бело прање, тоа е нормално. Секој ден миење на вагината, и нема да има некаков проблем.
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Јас мислам дека не е точно, земајќи предвид дека и девојчиња имаат обилно бело прање, а не се сексуално активни.
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Конечно го добив и резултатот од ПАП тестот. Се јавив само да прашам дали е стигнат, ми рече сестрата дека е ок тестот и дека нема ЦИН. Одлична вест!!!!!
    Значи, немам ХПВ, немам ЦИН, а имам ранички???
    Не ми е јасно???
     
  12. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    доколку немаш ХПВ или ЦИН
    нема теорија да имаш раничка ;)
     
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Значи на колпоскопија и јас самата на монитор видов дека има раничка.
    Тестовите покажуваат дека не е ниту ХПВ, ниту ЦИН.
    Зарем грешка да има во резултатите????
     
  14. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    нема теорија да имаш раничка ако немаш ЦИН
    и кога би имала ХПВ пак не би имала раничка
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    тогаш и мојот резултат не е точен?
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    75% од раничките се канцерогени...така да бејби ние сме во оние 25% (процентиве се податок од докторот) :)
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Кога гинеколог ќе каже дека имате раничка на грлото на матката, тоа значи дека имате еритроплакија - поточно црвенило на грлото на матката. Тоа е само израз, и е наод да се направат дополнителни испитувања. Тој израз ги опфаќа: ектопија, ектропја, вистинска ерозија, цервицитис или почетен карцином. Во твојот случај се работи за ектопија, која е нормална појава која се јавува кај некои девојки во репродуктивен период. Значи немаш раничка, тоа е само израз, имаш црвенило, кое мора да се испита (што и се направи во твојот случај) и е резултат на хормонски промени. Нема простор за паника. :)
     
    На ane1808, Marilyn-Monroe, baby.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Златушко секоја чест!!!
    Господ здравје да ти даде!!!
    Фала му на Бога некој да се најде да објасни вака убаво да не паничам само за џабе!!!
    Фала ти премногу! :* :* :* :* :*
     
    На sanjaeva и Zlatusko им се допаѓа ова.
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738

    Само да потенцирам, дека треба да си продолжиш со редовни пап тестови, како и секоја девојка без разлика дали дали има наод за еритроплакија или не. Секоја девојка сексуално активна треба да прави пап 2 пати годишно.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Така си е, јас редовно одам на гинеколог, само испаничив кога прочитав дека не е можно да имам раничка, а да немам ЦИн или ХПВ, глупости.
    Веке кога незнам нешто сигурно дека е така, не го ни пишувам !
    Прочитав сега дека добро е да се користат вагиналети од кантарион, ама не постојано, туку неколку дена па пауза подолг период, па пак така. Утре одам да купам! ;)
    Фала ти уште еднаш Златушко !!!
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.