Раскинавме долга врска-трудна сум

Дискусија во 'Разделби' започната од Jovanka-jove, 7 ноември 2013.

  1. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    пријатели ве молам за помош нова сум на форумот не знам уште каде да се обратам , ќе полудам.имав 12 годишна врска, раскинавме пред 2 месеци, не по моја вина по негова, сакал да биде сам му било веќе досадно во врската.замислете досадно на 12 годишна врска.проблемот е тоа што дознав дека сум 2 и пол месеци веќе бремена.симптомите ги добив дури сега.што да правам чекам негово дете а тој ме остави...помислувам на страшни работи
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Не знам како да те советувам. Прво, нормално би ти рекла да му кажеш. Но, од друга страна ако тој тек така те оставил, не верувам дека тоа дете со него би имало добар живот. Треба убаво да размислиш, твое си е. Ама мој совет ти е да си го гледаш детето. Макар и сама.
     
    На Twinkles и tessie им се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Значи претпоставувам колку ти е моментално тешко ама немој да брзаш со никакви одлуки.
    Ти пред да си во врска, пред се си своја жена. Јака! Такви сме ние жените.
    И ако си бремена ќе разговараш со него, ќе знај дека има плод на вашата врска...
    Без разлика дали ќе останите разделени или не, животот продолжува... Сигурно ќе те чекат многу поголеми радости натаму... Биди силна, сподели го ова со некоја пријателка добра или со родител ако си блиска немој сама да минваш низ вакви моменти..

    :* :*
     
    На Twinkles, simply-red, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    не само тоа тешко го минувам овој период мачнини тегоби не можам да станам од креветот, се разбира имам голема подршка од родителите ама и на нив им е криво врска од 12 години да згасне од глупост а згора на тоа и чекам бебе не е во ред сама да го израснам после толку години љубов, а го сакам не можам да живеам без него.затоа пробав и овде да побарам некоја помош совет
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум


    Значи прво најбитно е дека имаш поддршка од родителите, вервај ние шо ја немаме знајме колку многу значи во секакви моменти во животот.
    Второ сигурно е дека го сакаш, не си одела со него 12 години од бес, ама то дека НЕМОЖИШ без него не е точно. Секој без секој можи оти на крајот сите сме сепак сами...
    А дека не е во ред сама бебе да имаш не е точно, подобро е да имаш фамилија секако, ама веќе е друго време... Можи од ко ќе разговараш со него ќе размисли и тој па ќе поработите на врската...
    Само мој совет би бил немој сосила. Не бива убајна со сила.
    И да си ти, со бебенце... Пак на крајот некако ќе биди во ред. Мора да биди во ред... :*
     
    На Troi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    ви благодарам од срце
     
  7. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Саншајн е во право , размисли убаво и разговарај со него кажи му дека очекуваш дете и ке видиш како ке реагира ако го прифати ок ако не гледај си го сама незнам колку години имаш ама ете мене да ми се десело јас ке си го чувам ама нема да му дадам да го види ако ми мрчи нешто
    Тешка ти е ситуацијата претпоставувам колку ти е тешко неможам целосно да знам не сум ти во кожа но никако да помислуваш на страшни работи животот иде напред ако решиш да го родиш ке се фокусираш на детото и готово
    само помисли дека некои луѓе поминуваат низ уште пострашни работи ... нема место место за помислување на страшни работи одма разговарај со него е губи време :* ѓ
    ти посакувам да помине во најдобар ред и да ни кажеш што се случило :hug:
     
  8. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    инаку сум 29 години
     
  9. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    епа мила разговарај ако е глупост причината за разделба ке се смирите и плус коа ке кажеш дека чекаш негово детенце
    и во краен случај да не се случи тоа што имаш подршка од дома и ако си работиш можеш да го чуваш бебушот незнам пријателите шо те советуваат?
     
  10. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Иако вака испаднало, за што искрено многу жалам, јас сметам дека он има право да знае за бебето. Што и да испадне со него, мојот совет ти е да си го чуваш и сакаш бебето, тоа не е криво за ништо. Можеби е сега тешко, но еден ден кога ќе го имаш твоето дете покрај тебе ќе вреди секоја жртва што си ја направила.
     
    На Hipica и Sunshine88 им се допаѓа ова.
  11. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    гледам на скајп е уклучен дали да му пишувам не знам :( многу сакам да го родам бебенцето не е ништо тоа криво невино душиче
     
  12. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Вакви работи не се решаваат преку скајп, најдобро е во четири очи да му кажеш што и како е и да решите заедно што понатаму.
     
  13. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    742
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Не е лесно да се раскине 12 годиншна врска , вие што се вика сте извадиле пола брак . А и бременоста е голема работа , тоа не е само твое бебе и негово е . А и сама да го гледаш на ова време нз дали ќе можеш . Сепак штом сте биле толку време во врска , јас мислам дека ако му кажеш ќе се смени , можеби детето ќе го предомисли . Тоа ќе дојде како нешто ново во врската и ќе ја убие монотоноста поради кој таканаречено ти раскина. Сепаак побарај совет и од твоите , но сепак сметам дека треба да му кажеш за детето. Ти посакувам среќа како и да одлучиш.
     
    На simply-red му/ѝ се допаѓа ова.
  14. strelec.67

    strelec.67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Убаво ти кажа Пинкгирл123,истото ке го речам и јас.Побарај го и со среќа.Поздравче
     
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.565
    Допаѓања:
    17.286
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Најпрво потруди се да се средиш и никако не помислувај на лоши работи, верувај дека е многу битно што имаш поддршка од најблиските, тоа е она што ти е најпотребно и ти си среќна жена што имаш такви луѓе покрај себе.
    На твое место јас најпрво би разговарала со него, значи која и да е причината за раскинувањето (тоа дека му било досадно и дека сакал да е сам ми е глупав изговор, не размислува така зрел маж од 30тина години, претпоставувам дека е толку тој, можеби и повеќе), тој сепак има право да знае дека ти носиш негово дете. И никако на скајп, се знае како се решаваат проблеми, со разговор во четири очи.
    И тој да не сака да го прифати детето (не дај Боже), јас би го родила и би го одгледувала и сама. Знам, не е виновно детето и гревота е за него да расте со еден родител, но подобро со еден родител и да е среќно отколку со двајца кои се во несреќен брак, а тоа сигурно дека како расте ќе го почувствува и ќе се одрази на него и нема да биде среќно.
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    849
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    И јас ќе те советувам како феминките пред мене. Без разлика што сте раскинале, тој е татко на тоа дете и има право да знае, а твоја должност е да му кажеш. Ако вашата љубов е вистинска, ќе се смирите и ќе продолжите заедно. Ама ако тој ете од некоја причина не го сака детето, не терај ништо со сила. Со сила убавина не бидува. Роди си го детето, бидејќи тоа не е криво за ништо. Штом имаш поддршка од родителите, верувам и сигурна сум дека ќе успееш. Не си сама, тоа е најважно. И јас да сум на твое место, без размислување би го задржала детето, па макар и сама да го одгледувам. И радо би го одгледала сама, отколку да правам нешто на сила. Нема, ама воопшто нема да ми биде гајле дали некој ќе ме зоборува и што ќе мисли.
     
  17. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Миличка ти во моментов си во мн. тешка ситуација но не се секирај се ке се среди ... секое лошо за добро ...што и да е ќе помине... Пред се имаш прекрасни родители те подржуваат, + на пат е едно невино детенце со чиста душичка тоа ќе биди твоја гордост ..тоа дете е од личноста што ја сакаш.
    Пред е во најскоро време мое мислење е дека треба да му кажиш на идниот татко за доаѓањето на вашето бебенце. Ако тој те сака на тоа ќе се израдува и се ќе се среди. Но ако е спротивното немој да очајуваш па 21век сме не е твоја вина зошто да трпиш брак на некој начин да бидиш мaлтретирана, те зедов заради бебето и слично се надевам дека ова второво не би се случило сепак 12 години не се малце ...него сега тоа му е некој период. Најубаво е мислам да му се јавиш и да му кажеш да разговарате во четири очи, дека нема да го трујаш ништо едноставно дека имаш нешто важно да му кажиш што се работи за еден живот кој што зависи од вас двајцата ...значи на моб не му кажувај за твојата ситуација дека си бремена ... Миличка ти посакувам се да се среди и да бидиш најсреќната мајка :* :* :*
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    не размислувај-побарај го и кажи му дека си бремена а тој е таткото на бебето(дали на скајп, дали смс, дали кај него дома)
    како може 12 години некој да е со тебе и одеднаш се да заврши :?: што скот ке беше :fubar:
    и после толку време му текнало дека сака да е сам-бог да чува и да брани :x
     
    На Spell и EMoonlight им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.557
    Допаѓања:
    3.471
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Jованка,читам и уште не можам да верувам што читам :o .Tи наместо да се радуваш во овие сречни моменти,најсреќни за една жена-ти страдаш заради некој незрел маж,ако можам маж да го наречам :x .Aма не плаши се најважно е дека го знаеш неговото право лице иако му требале цели 12 години па да те напушти ,а прашањето е кога ти дозна дека си бремена,пред раскинот или потоа?Cепак ,те советувам лично да му кажеш за бебето на скајп договори средба кажи му дека е важно ,не заради него или тебе,туку заради бебето кое заслужува двајца родители оти оно не е виновно за ништо,а ако ве отфрли барем ти нема да имаш грижа на совеста утре другиден кога детето ќе те погледне и ќе те праша за татко си.A,инаку дотичниот маж дури и да се смири со тебе,немој да преминеш лесно преку тоа дека те напуштил,оти очигледно не те сакал вистински :!: .Mногу е жално тоа што ти го прави но биди силна дури и да не се смирите мисли позитивно,ќе имаш дете од човекот кој го сакаш негов грев е ако ве отфрли,но подобро да сте без него отколку во нехармоничен брак или недај боже утре другиден да биде насилен кон вас.Oд таков човек се очекува најлошото,но ти гледај позитивно на животот,велат кога Gоспод сака да и даде комплимент на жената ,ја дарува со бебенце :) .Cамо среќа ти посакувам и лесна бременост,друго само по себе ќе си дојде,во животот неможе константно ниту да е розево ниту да е црно.Aјде,главата горе и само напред ,те очекуваме во темата бременост :* :hug:
     
  20. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    89
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Најдобро ќе биде да се видите и да поразговарате, само без нервози и подигање глас. Прво, тој да не помисли дека на некој начин се наоѓа затекнат и приморан од ситуацијата па, затоа мора да се смирите. А, и ти цел живот ќе се прашуваш дали сте се смириле затоа што те сакал или само заради бебето. Чисто колку да го информираш во каква ситуација си (дека си бремена), дај му на знаење дека ти недостасува и дека сеуште го сакаш и дека без ралика на тоа дали ќе се смирите ќе си го родиш бебето (велиш дека имаш поддршка од семејството). Потоа без да вршиш притисок, остави да си се одвиваат работите. Со среќа