1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинавме долга врска-трудна сум

Дискусија во 'Разделби' започната од Jovanka-jove, 7 ноември 2013.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Период муе...ќе му помине.
    Кажи му..дете сие дете,сигурно ќе се прерадува.
    12 години,сигурно не те заборавил одма.
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Ке го побарфаш телефонски и ке му кажеш дека сакаш разговор со него во 4 очи и дека треба да му кажеш нешто ,притоа ке гледаш да не му кажеш дека си бремена по тел него коа ке се видите ке му кажеш е ако одбие да се види со тебе тогаш ке му кажеш телефонски дека ти е само должност да го информираш дека чекаш негово дете
    Како и да биде важно ти твоето да си го направиш и да ти биде чиста душата пред Бог а тој како ке изреагира е негово само обавести го и тргни се нека си размисли не напнувај не затегај него вални ја топката и чекај негов одгобор
    На ова модерно време каде што преку една жена има проблеми со забременување треба да си срекна што си дарувана со нов живот .Но сепак мислам дека ке биде радосен за бебето
    Како и да испадне пиши ни да знаеме што испаднало
    Со лесно бременоста и те чекаме во трудничките муабети :*
     
    На Bitolchanec963 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitolchanec963

    Bitolchanec963 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Прво јави му се и речи му дека треба за нешто озбилно да зборувате но никако по телефон не му ја кажувај ситуацијата дека си бремена, туку кога ќе се видите соопшти му дека си бремена и погледни ја неговата првична реакција, ако тој те сакал искрено и сеуште те сака нема да остане рамнодушен но ако ладно или панично изреаѓира и ти се нафрли дека детето е од друг тогаш немој не жали по него и ни случајно не помислувај дека тој е роден за да биде татко на твоето дете. Биди жива и здрава ти и твоето дете (ако сакаш да го родиш а ако сакаш да ризикуваш со абортирањето сепак размисли)
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Моментално најважни сте ти и бебушот. Тој како биолошки татко, има право да знае. Само ќе му дадеш до знаење дека не сакаш брак со некој кој не е баш сигурен, кому му е монотоно со тебе и слично. Мој совет е штом веќе имаш поддршка од родителите, а и 29 години си, веќе си возрасна личност која би требало да е подготвена за мајка, да не абортираш. Не паѓај во замката „брак поради дете“ затоа што утре тој ќе може да ја искористи таа ситуација за изигравање на жртва секој пат кога ќе направи глупост и ќе ве натажи. Може и пожелно е да биде татко на детето ако сака. Но тоа не значи дека мора да ти биде и маж.

    Познавам многу случаи кои оделе со години, последните години не им одело, се земале ете, заради бременост, затоа што комшиите го очекувале тоа и сл. и се разведувале за нецела година дури некогаш или пак заглавувале во несреќни бракови кои напраиле „пола човек“ од нив.

    Сметај го ова како двоен благослов: дадено ти е дете, а тргнат на страна човек кој не ја заслужува твојата посветеност, внимание и љубов и тоа си го дознала на време. :)
     
    На Madam-A, Umbrella22, rossonerka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    и јас како другите феминки ќе те советувам да разговараш со него, кажи му што и како е ситуацијата, па ако е без срце и ако не те сака ќе те остави, што е подобро сега да знаеш со каков човек си имаш работа, отколку ако би стапила во брак со него... најбитното од се го имаш - подршката од твоите родители, па што и да се случи тие ќе се со тебе... и без нервози, тоа е најубавиот период...
     
  6. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    девојки замислете денеска добив порака на моб од бившиот дека сака да рразговараме, а не знае за бременоста, сега е моментот да му кажам, се договоривме да се видиме во 9 часот...а јас тешко ја поднесувам бременоста многу мачнини по цел ден, можеби дека е почеток , колку сум среќна сега иако не знам за што сака да разговараме
     
    На Umbrella22, srcekrsacka, Thallia и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    ^ Супер. Според мене штом те повикал да разговарате значи сеуште му значиш и те сака. Само мој совет, не му кажувај веднаш. Тој ти се јавил прв и тој те викнал да разговарате, така што слушни го него прво што има да ти каже. А после кажи си ти тоа што треба да кажеш. :)

    И без нервоза, не се секирај се ќе се среди. Пред се биди си среќна што ќе станеш мајка, тоа е најубавото нешто.
     
    На srcekrsacka, Hipica, a.c.k.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Со среќа :) Чекаме да не известиш како помина...
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    ајде изслушај го прво што ке ти каже и после ропни му една вест да незнае кај му е главата кај газот од радоси и изгушкајте си се убаво
    има ли шанси да има чуено од некој друг дека си бремена и затоа да те вика?
     
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Со среќа и да се смирите :) и поради почетокот на бременоста така се чуствуваш, јас до 5 месец повраќав се, ми беше премногу мачно, но ќе помине, само храбро и без нервози ;)
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    аааа помина пола час, се надевам веќе се гушкаат и се радуваат на бебушот
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.769
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    и јас се надевам дека е така. Јованка извести не кога ке можеш што се случи. едвај чекаме да чуеме за срекниот крај
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Јованка зарем не` заборави?
    Ајде сите нетрпеливо чекаме да дознаеме што се случи синоќа :$
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.275
    Пол:
    Женски
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Aјде чекаме среќни вести :clap: .
     
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Ајде Јованка пиши, сите сме во исчекување, секако онлајн си. :)
    Се надевам на радосни вести.
     
  16. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    не сум ве заборавила,сега сум пресреќна работата заврши добро,најбитно ми беше што тој ме побара а не јас него, ми кажа дека не можел да издржи веќе без мене и затоа ми се јавил, ако не беше тој првиот ако јас се јавев прва не знам како ќе беше немаше да ми биде сеедно затоа што ќе мораше да се смириме без негово сакање од моралност ама сега поинаку излезе работата и сум пресреќна на крај од разговорот му кажав за бременоста дека сум скоро 3 месеци бремена не можеше да поверува се шокира ќутеше десет минути без збор :^) а потоа беше најсреќен, сега ќе почнеме околу подготовките за веселбата ќе имаме мала веселба, и така драги мои вас најмногу сум ви благодарна за утехата што ми ја дадовте на никој не му посакувам неизвесна ситуација како мојата али се се среди си дојде на место, само едно уште не можам бас да го простам и преболам затоа што ме остави 3 месеци а јас секојдневно се нервирав и тоа му го кажав дека нема да му го заборавам никогаш
     
    На SlAtKi4ka.SlAtKi4ka, Twinkles, Aneto10 и 54 други им се допаѓа ова.
  17. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    Се` е добро кога добро ќе се заврши, уживај во бременоста и во љубовта, не си ја полни душата со нервози, знам дека не ти е сеедно што така ти направи, не би ми било ни мене, но ако тоа му било прв таков испад тогаш е во ред да се прости, нели? Луѓе сме, некогаш сами на себе сме си здодевни и неподносливи, не дека го оправдувам, далеку од тоа, само ете можеби се презаситил па сакал да види до каде е и што е, сепак тој беше прв што ти се јави и не му било сеедно без тебе.
    Се радувам на вашата среќа, ви посакувам само љубов и убавини, сега уживајте во исчекувањето на бебенцето и сите радости што идат со тоа! :inlove:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jovanka-jove

    Jovanka-jove Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    ти благодарам од срце, исто и тебе ти посакувам многу среќа
     
    На srcekrsacka, okcenzi и Thallia им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    јееееееее :rofl: Со среќа :*
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум

    супер супер супер
    ме израдува
    ајде сега да те читаме во тема бременост
    и да ни пишуваш почесто :* :* :* :*