Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум НЕ АБОРТИРАЈ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Роди го детенцето не е за ништо виновно, на крај краево постојат луѓе што ке те прифатат и сакаат и со бебенце, тоа ништо не е виновно. А може и дечко ти ќе се освести дека е тоа негово дете и нема да ве остави и двајцата.
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум На 29 години на дечкото му текнало дека му е досадно кога требало да му текне да те запроси и да создадете семејство.
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Девојки, ве молам пред да коментирате прочитајте некоја страна наназад. Од почеток
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум е тоа деее ама ги мрзи да прочитаат и оп одма коментар абе важно е да се пише да се собираат мислења шо го е**ш
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Јас дури сега ја прочитав приказната и многу ми е мило што завршила со хепи енд. Сега уживај си во бременоста и не мисли негативно и без нервози.
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Здраво, јас сум 7ми месец бремена, живеам кај мајка ми иако сум мажена. И секако, ке има развод, Со него не одевме долго но сепак не ме сака, можеби ме сакаше само заради парите кои ги имаа моите. Не се глупирај и зборувај со твоите за ситуацијата, а исто и со него. Мора да знае, па ако рече да абортираш а ти сакаш поинаку, задржи го тоа дете. Мојата ситуација можеби донекаде е подобра, но јас сакав фамилија а не само дете. Секоја жена се мажи за да има деца, а мажите не се женат за да немаат обавези кон дете и жена. Сега, кога размислувам, и јас сакав да се самоубијам во еден момент. Но, моето малечко ме спречи. Самото тоа што немам право да одземам нечиј туг живот, ме спаси, дури и си најдов место покрај река да скокнам. немаше ни мн луге никој немаше да ме види. Кога ке одиш на гинеколог, направи ехо. Кога ке го видиш тоа малечко во тебе, нема ништо да постои поважно од него во твојот живот. Јас сега и си зборвам со него. И му купив и малечка играчка од џепарлакот, терминот ми е напролет и едвај чекам да си го сакам....А тој, ако после 12 години не сака да е со тебе, задржи го бебето. Може да останеш и без него и без можност да бидеш понатаму воопшто бремена. Размисли дали тој човек (ајде поинаку да не го наречам) да ти одреди дали ти ке имаш деца или не. А твоите ке застанат на твоја страна ке видиш. Со срека
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Не можам да се сложам со ова дека жената влага во еден брак само за да има дете.Дете може да се има и без брак и без маж. Според мене во еден брак пред се се влага ради љубовта која ја имам према посилната половина и заради желбата остатокот од животот во добро и во лошо да го поминеме еден покрај друг.Ради желбата секое утро да се будам покрај него и секоја вечер да заспивам покрај него. А детето?!? Детето кога ке дојде ке не надополни нас двајца и ке ја заокружи нашата љубов и постоење.
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Кажи ми тогаш - колку познаваш луге кои се развеле само заради тоа што немале деца? има и тоа многу, едноставно брекот е заедница помефу двајца кои би требало да резултира со деца. тоа е нова фамилија....
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум А колку парови се развеле и покрај тоа што имаат и по две или три деца но самите брачни партнери имаат непремостливи карактерни разлики кои во никој случај не се поврзани со децата? Јас реков дека тие се круна на една љубов и една емотивна врска меѓу партнерите а не основна причина за брак меѓу истите .Џабе 10 деца ако меѓу брачнитее другари нема љубов почит и разбирање.Никој никому не му е секс машина и непресушен извор на полов материјал за репродукција за да се каже дека единствената причина на една жена да влезе во брак е некој да ја напумпа и да роди 5деца.Мада не викам не има и такви жени за жал...
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум А има и бракови кои прекрасно опстојуваат и без деца. Или не сакаат деца, или неможат да имаат деца. Муабетов не ти држи вода. Мажење и женење не мора под дифолт да значи правење деца. Пишано е погоре за што се влегува во брак, а децата доаѓаат како благослов и производ на љубовта помеѓу две личности. Заради такви мислења има многу разводи на бракови каде што децата ги претрпуваат траумите од разводот. Затоа не се зима маж/ жена само за да се направат деца, туку во брак се стапува од многу други, подлабоки причини.
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум Јованка-јове те нема одамна да пишеш нешто.Ако не читаш уште кажи ни како напредува бременоста,се опорави ли дечко ти од несреќата,правевте ли веридба/свадба?
Раскинавме 12 годишна врска-трудна сум јас не можев да ви пишувам во трка сум нон стоп натаму наваму свадба закажавме во март месец, немаше друг термин ја сум малку големка ама ќе издржам, сега течат подготовките за сето тоа, инаку бремноста ми е супер и морам да ви кажам дека носам девојче, фала ви уште еднаш за вашите искрени и утешни зборови, ќе ви пишувам секогаш кога ќе можам ве ссакаам сите...
Bremena sum mu kazav,no toj me ostavi mi rece da abortiram,imal druga?SHTO DA PRAVAM.Kako da im kazam na moite,nejkam da abortiram,a imam 18ipol godini inaku, toj ima 24. Ne sakase kondom da koristi i ete sega.Prv seks mi bese pred 3 meseci i on stalno vo mene svrsuvase.Sto da pravam stvarno neznam.
Pomagajte!!! Џабе ти е сега. Не кондом, мозок требало да користиш. Кога е веќе направено, немаш друга опција, мораш дома да седнеш со твоите и да им кажеш. Со дечкото нема што веќе да правиш, мислам направила си го веќе де, не го веќе интересираш. Ништо, уште одма зборувај со твоите, само тие можат да ти помогнат.
Премногу си млада ,за да имаш дете,а уште па и да бидеш самохрана мајка.Кој колку и да ти помага,џабе е... колку месеци си бремена? Незнам како размислуваш дали си за или против абортус,но јас сметам дека во овој случај треба да абортираш.Тоа е твое право,но размисли си добро..Јас го подржувам абортусот ,само во неопходни ситуации,како што е оваа. Неможеш да се грижиш за детето,не работиш односно не заработуваш,премногу си млада. Денес има секакви методи на чистење скоро читав и за некои апчиња мислам дека само во систина ги имало,или па чистење со вакум. Незнам тоа си е твој избор,разговарај со твоите и слушни што мислат и како ке те советуваат.
MrenaRiba Многу пати сум се изјаснила дека сум против абортусот, но во овој случај ќе ти кажам абортирај. Сеуште си многу млада за дете, па уште и да бидеш самохрана мајка на овие години. Дечкото очигледно те изиграл. Жално но не требало да му го правиш кеифот и да му ги исполнуваш тие желби, та без кондом, па дури и да сврши во тебе. Кога треба да се решиш дали ќе му дозволиш на некој такво нешто, како прво треба да си сигурна во таа личност и да знаеш дека те чека иднина со истата личност. Тебе те чекаат убави моменти, дај си шанса да уживаш во животот во најубавите години.
Бремена сум месец дена,бев на лекар во петокот.Истотака се извинувам за латиницата прееска.Тој сака да ми плати за абортусот само да сум се тргнела од неговиот живот.А бевме во врска 2 години.Многу го сакам. Ќе разговараме утре повторно не знам што ќе биде,јас сум спремна да му простам.
На голема раскрсница си во животот, треба да раскрстиш по која улица да чекориш. На овој форум, можам само да те советувам да седнеш уште одма со твоите родители дома и да им ја објаснеш ситуацијата. Се работи за сериозна работа и само тие се што можат најдобро да те сватат. Не грижи се, тие се твои родители и сигурно ке те разберат, ке разговарате, тие ти мислат само добро, ке донесеш одлука самата во разговор со нив. Не одолговлечувај, зборувај веднаш.
Ај размисли убаво.Би поминала преку се тоа што ти направил? Те оставил сама трудна ејј ,па ај да речеме не те сакал ок да те оставел ама трудна си ,секој нормален човек со нормален мозок нема да остави трудна жена ,жена што носи негово дете. Ај да речеме го убедиш и се смирите,и што ?сакаш со дете у рака кога ке бидеш,он да те изневерува?Па да те остави пак за некоја друга?Или па ти ке седиш дома и дете ке чуваш а он ке шета и ќе си има љубовници? Среди си го проблемов со време,а него батали го.