1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинавме долга врска-трудна сум

Дискусија во 'Разделби' започната од Jovanka-jove, 7 ноември 2013.

  1. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Крајно безобразно од негова страна, тој воопшто не те заслужува. Две години поминати заедно не се малку, сигурно ти е многу тешко...но крајните зборови и постапки рушат се. На тебе е да одлучиш. Биди силна, се надевам ќе ја донесеш правилната одлука. Ти посакувам многу среќа.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    солзи ми надојдоа,он никогаш не те ни сакал,жалосно какви машки има,но биди силна,немаш потреба да се смирувате,се видело колку му значиш,млада си за да растеш и чуваш дете,распрашај се навреме за процедурата бидејќи колку е порано направана помал е ризикот од компликации и барај стручни лица да ти помогнат,сепак изборот е твој,колку ми е жал што така ја изиграл твојата доверба,ама лекција за понатаму во животот да си имаш.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Како прво, под ИТНО кажи им на твоите, разговарајте, тие најдобро ќе те посоветуваат и ќе ти помогнат.

    Второ доколку сакаш мој совет - абортирај! Јас да сум на твое место дефинитивно би. Каква одговорност е тоа од негова страна: -Бремена сум! Абортирај си имам друга! |(
    Што е тоа бе, толку ли е се’ едноставно? Ова испадна плукни-залепи од негова страна.
    Свашта.
    Плус, кога раскинавте, кога успеа друга да си фати?
    Да му простиш? Хм, и што со тоа? Ти рекол дека си има друга, читај меѓу редови, не те сакам и не сакам бебе. Сакаш да биде со тебе само заради бебето? Е што живот е тоа?
    Ти рекол-ќе ти платам абортус и тргни се од мојот живот. Оваа реченица треба се’ да ти кажува.

    Млада си многу, а исто и тој. Само плус тој е и недоговорен и незрел.
    Тоа е мојот совет, и со памет за друг пат.
     
    На Spidy, MrenaRiba и Madonna им се допаѓа ова.
  4. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Фала ви на советите,ќе разговараме утре и ќе донесам одлука.Ќе бидам силна и ќе се обидам да не плачам пред него,како што беше кога му соопштив за мојата состојба.Утредента го следев,да видам која е таа друга и ја видов.Бидејчи живеам во мал град секој со секого се знае.Разбрав,зошто ме оставил,таа е ќерка на најбогатиот во градот,а јас сум сиромашна.Очигледно бил со мене заради корист,а и со неа е заради корист.Не ми се верува колку сум била глупа. ;(
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Не си била глупа! Само си била заљубена!
    Нека му служи нему на чест штом така постапува. Идиотот ако оди за пари треба да се засрами, од таа таква долна и мизерна работа.

    И да плачеш, нема ништо лошо, ти барем си човек, а тој ако нема никакви чувства, негова работа.

    Сигурно ти е многу тешко, затоа разговарај со твоите. Родител најубаво ќе те сфати и ќе ти помогне, ќе ти подаде рака. Секогаш е така, родителите ни подаваат раце и не’ извлекуваат од тогаш “безизлезните“ ситуации.

    Биди силна мила, стави си се себе на прво место!
    Со среќа, па извести не’ што се случило!
     
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Леле од вакви колку ми се гади ееј.. Ниски, подли суштества што живеат само за корист. А ти девојко си спремна да му простиш и покрај се', немој. Еден ден ке запознаеш некој што вреди многу повеке од некое лигле што сака само да го збрца(извињавам се на изразов) некаде и успат со тоа на пари да наиде.

    Плус и друга имал. Плус те оставил кога најмногу ти бил потребен. Се понудил дури и абортусот да ти го плати за да не те гледа веќе. Немој бе?! :^) Кој деген.

    Морав вака директно за да сфатиш колку само не те заслужува типов. Ценете се повеќе бе, немојте времето на вакви (не)луѓе да си го трошите. Јас да сум на твое место, нит телефон би му кренала, нит би го погледнала у сурат. За абортус немам право да ти кажувам што да направиш, затоа што ти најдобро си знаеш. Али што и да правиш шутни го копилево и продолжи уште одма со животот. Излегувај, смеј се, дружи се. Нека види дека ич "такво" не те боли за него. ;)

    А од моево искуство, кај и да е пак ке те побара.. и немој ни под разно да си го примила назад. Ти посакувам се најубаво и уште во овој момент да заборавиш дека воопшто постоел.

    Можеби грубо и навредливо ми беше мислењево, али за личности кои го заслужуваат тоа многу и не се потресувам.

    ..се изнервирав. |(
     
  7. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Девојко, ти ова сериозно? Значи прво нешто на што би кажала НЕ е абортусот, но мила што ќе ти е ова дете од човек што не те смета за жива?
    Абортирај, нема да си ни прва ни последна, главата горе и ДА НЕ СИ ПОМИСЛИЛА ДА ЗЕМАШ ПАРИ ОД НЕГО ЗА АБОРТИРАЊЕ. Кажи дома што е како е, ќе те разберат верувај ми. Ќе се опоравиш, времето лечи се.
    Не вреди да си го упропастиш животот за едно проклето е**ње, што всушност и била вашата врска.
    Поздрав и со среќа.
     
  8. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува... јас да сум на твое место одма би абортирала па макар и да би се смирила со дечкото.
    Со таков човек не се гледа дете. Ти вели дека сака да се тргнеш од неговиот живот, не те сакал, не сака да има дете со тебе, а од друга страна не користел кондом, па згора на тоа и во тебе свршувал. Значи ми се гади, крајно несериозно и крајно глупаво однесување од негова страна и на крај не сака ни да се сноси со последиците.

    Работава не е за размислување, ти имаш 18години и велиш дека си сиромашна, а да се има дете не е играчка уште повеќе и да се биде самохрана мајка. Треба малку да мислиш и на детето, можеби е греота да се абортира, но уште погреота е да се роди дете кога се нема услови за тоа.

    Мој совет ти е да разговараш со родителите, сепак они најмногу можат да ти помогнат.
     
  9. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Девојче младо, под итно да кажеш на твоите родители, или барем на мајкати земи му ги парите и абортирај животот е пред тебе но не покрај таков гад. Заврши со тоа, а потоа со оглед на тоа дека живееш во мало место би ти препорачала да се отргнеш од таму да идеш некаде на страна на работа барем сега за млади има премногу можности и ќе видиш како за неколку месеци ќе заборивиш на се. А што се однесува за ѓубрето со кое што си била ... немам коментар!
     
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ги исчитав сите твои постови, и навистина ми е жал што се наоѓаш во ваква состојба.
    Но ти првин велиш, дека тој постојано свршувал во тебе,а кондом не сте користеле.
    Знаеш дека така се останува трудна. А сега си месец дена трудна?! Па девојче, зар не си правеше порано тестови за бременост и порано ќе ја увидеше неговата реакција. Што ако ништо не смениш во врска со неговата одлука?! Абортусот е дозволен до 10 недела, а ти во која недела од бременоста му кажа?

    Тој е идиот, ем не спремен за брак и дете , ем уште и секс без кондом па и свршувал во тебе.
    А ако стварно има нова која е ќерка на најбогатиот во градот, немој да мислиш дека кој знае колку ќе се усреки, може и кон неа да биде истото ѓубре.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    Hавистина не ми се верува,каков HEчовек :puke: .Tребало со време да видиш каков е а не односи без заштита да имате,но штетата е веќе направена.Tи треба да се соземеш и се согласувам со другите феминки,да разговараш со твоите родители.Cепак твоја одлука е дали ќе го задржиш бебето ,но тоа е мала невина душа која е благослов и ти би требало да се потрудиш да го задржиш а не да му простуваш на тој звер кој те остава сама во моменти кога ти е најпотребен но ете не те сака и си го дознала тоа на најлошиот можен начин.Oд една страна подобро што сега си му го видела вистинското лице наместо после и да те земел да страдаш и во бракот,а и детето кое секако не е виновно за вашите грешки.
    Tоа е моето мислење,за твое добро не се среќавај со него а кажи на твоите дома,иако и те како треба да види кретенот што е одговорност.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Ја прелистав темава и мило ми е за Јованка што се така добро прошли,а око ми го фати и девојчето од 18 год.Знам многу личности слични со твојот случај едната ја остави не било негово,другата ја остави поради друга девојка која мегувреме ја мувал па и таа била трудна и тн.Види и да имаш подршка од родителите сепак ти стануваш родител тие обврски кон детето се твои значи си мама не си девојче.Со оглед на годините кои ги имаш ти не си воопшто подготвена за родител.Најпрвин ке бидеш постојано дома додека твоето друштво е надвор ке ти биде тешко сите ке шетаат а ти не.Другарките имаат дечко а ти дете без татко.А и мн др раб ке ти бидат тешки поради возраста не поради др.Иако има и мајки и на помали години но ретко кои успеваат да се справат со тоа иако се со татковците на децата.А и детето ке направи 2-3 год ти ке сакаш да излагаш,а твоите да го чуваат ке биде премногу тешко бидејки и тие нема да се вечно тука.А дебилот или нз како да го наречам тој нема ни да го признае детето веруј имам комшивка со ист пример кој не и го призна детето и тој нема обврски кон него таа се омажи и сеа има и керка и е супер,Ама не секој ја има таа срека.Седни разговарај со твоите и разгледај ги и позитивните и негативните страни на ситуацијата бидејки да се биде родител навистина претставува задоволство но во нормални услови и околности.Ти посакувам се најдобро и да се решиш за најдобрата одлука во која нема да бидеш повредена.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Slikaprilika

    Slikaprilika Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    ЗНАЧИИИИИИИИИИИ АБОРТИРАЈЈЈЈЈЈ НЕ СЕ УНИШТУВАЈ САМАТА СЕБЕСИ И НЕ ДОЗВОЛУЈ НЕКОЈ ДА ТЕ УНИШТИ АБОРТИРАЈ И СО ТОЈ ИДИОТ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ЗАМАРАШ ! ЗНАЧИ АБОРТИРАЈ ОДИ КАЈ СВОЈОТ ГИНАКОЛОГ И КЕ ТИ ДАДЕ АПЧИЊА КОЛКУ ВРЕМЕ СИ БРЕМЕНА?
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Дечкото е стварно душичка,па и пари ке ти даде да абортираш :clap: :clap: :clap:
    Епа стварно не ми се верува?! Тој мислел децата штркот ги носи,па може да свршува во тебе слободно,без да има тоа некакви последици.Знаш и самата дека не требало да му го дозволуваш тоа,посебно поради тоа што си неискусна,ама. сигурно си знаела дека може да останеш бремена.Во многу незавидна ситуација си,знам дека ти е тешко да ин кажеш на твоите,ама сама тешко дека ќе можеш да се справиш со тоа.Дали ќе абортирам или не,твое си е,размисли убаво,во прашање е твојот живот и начинот на кој сакаш да го живееш понатаму.Ти посакувам многу среќа и да ја донесеш најправилната одлука.
    И да,се сложувам дека ДЕБИЛОТ воопшто не ти го треба, дечко на 24 год го прави ова,си поигрува со твојот живот.


    Се надевам останатите што го читаат ова ќе им биде поука и нема да си го упропастуваат својот живот за да го направат кефот на некој коњ, зошто никогаш не можеме да сме сигурни во некого 100 %
     
    На MrenaRiba и Slikaprilika им се допаѓа ова.
  15. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Дали ќе му простиш или не,твој живот твоја одлука.Исто и за абортусот.Ако ова што се случува не ти кажа нешто за него ок.И не ми е јасно како се впушташ во сексуални односи без претходно никаква едукација?Па ако не за друго би требало да знаеш како се прават деца.Би те советувала да пребараш малку на нет за тие работи.Од грешките се учи.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Се видовме,отворено ми кажа дека не сака ништо со мене и дека ако си го родам детето или ќе го абортирам него не го интересирало,само за абортус ќе ми дал пари ако сакам и готово било помеѓу нас.
    Јас вечерта размислив убаво и седнав да разговарам со моите,им ја објаснив ситуацијата и моите ми рекоа јас да одлучам,а што и да одлучам тие ќе ме поддржат.Мислев дека ќе изреагираат бурно,но се помина во најдобар ред.Расчистивме со глупакот,му кажав дека не ми требаат неговите пари за абортус и не ми е потребен тој за да одгледам дете.Решив да не абортирам и бидејќи имам завршено средно ќе почнам да работам и моите се тука ќе ми помогнат,инаку заборавив да напоменам во април ќе наполнам 19 па и не сум мала за да можам да одгледам дете.А на факултет не сум запишана,затоа што немам пари,моите се сиромашни и не сакам да им правам повеќе трошоци,иако имав желба на правен факултет да се запишам,можеби во иднина.
    Фала ви на советите,моите се со мене,јас одлучив,а он не ми треба.
     
    На ddevojce, Sky-butterfly, awl и 12 други им се допаѓа ова.
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Ти посакувам се најдобро,да те прати среќа понатаму и никогаш повеќе не дозволувај љубовта да те заслепи.Биди секогаш отворени 4 очи :*
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Правилно си одлучила!Со лесно да си ја износиш бременоста,а коцките ќе си се наредат како што треба!
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.696
    Пол:
    Женски
    Браво за потегот што си го направила и што си донела ваква одлука.Ти посакувам да имаш убава бременост и не се замарај ни најмалку кој што кажал,важно е дека твоите се со тебе и те подржуваат :)

    А идиотот сигурна сум дека кога тогаш ќе те побара, сепак детето е негово но биди разумна и размислувај правилно :*
     
    На mal.ecka и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Те прочитав уште вчера, ти посакувам да имаш лесна бременост и се најубаво.Ајде па биди со нас и пиши ни во темите на трудниците,да те читаме таму :)
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.