1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинавме долга врска-трудна сум

Дискусија во 'Разделби' започната од Jovanka-jove, 7 ноември 2013.

  1. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Фала ви за честитките,и да Westlife ќе ме читате,многу ми се допадна форумов ќе останам тука :)
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Добро што си донела одлука и што си кажала на твоите.
    Се надевам дека си свесна сега и искрено подготвена за животот што те очекува.

    Ти посакувам среќа и лесна бременост. :)
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Браво за твојот потег- храбро и одлучно.
    Среќна и лесна бременост :)
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Mrena riba,браво за одлуката и многу се радувам што твоите родители те поддржале.Cепак позитивно е што ќе бидеш млада мајка,а на факултет можеш да се запишеш кога сакаш.A оној нечовек кој те оставил во вакви моменти,тродупло кармата ќе му врати :!: .
    Tи посакувам убава иднина и лесна бременост :hug:
     
    На MrenaRiba и Gea им се допаѓа ова.
  5. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Еве и јас да се приклучам на големата поддршка што овде веќе ја добиваш. Ретко кој би ја издржал ситуацијата во која ти се наоѓаш моментално. Ти си прехрабра личност, се соочуваш со последиците и јас ти се восхитувам на одлуката што ја донесе. Не се вознемирувај, ја имаш поддршката од своето семејство, а и од сите нас. Поздрав и се најдобро. :hug:

    Заборавив да пишам, со среќа и на Јованка, верувам дека е доста зафатена околу подготовките. Се радувам за тебе и твоето прекрасно девојченце. :clap: :hug:
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Ова е многу храбра одлука, особено за млада девојка.
    Ти посакувам се најдобро. :)
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.591
    Браво за храбрата одлука. За факултет има време, мојата докторка на 19 родила, прво дете а на 22 второ. Со две деца на 26 диплоирала и сега има и внуци, а не заостанала со школувањето.
    А таков маж не ти треба. Понекогаш е подобро да си сам отколку со будала. ти посакувам среќа. истата одлука како тебе би ја донела.
     
    На mizerija и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  8. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Се наежив, искрено. Браво за храброста, јас искрено би ја немала или можеби така мислам затоа што не сум се нашла во таа ситуација да знам дека во мене расте друго мало суштество.... ;(
    Им се восхитувам на луѓето како тебе, само мислам дека тој од тебе очекувал да го абортираш бебенцето, па кога ќе стане свесен за ситуацијата, можно е и да проба да ти се врати.. :| :?: Биди силна и понатаму и ти посакувам многу среќна и лесна бременост. :* :)
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Јас раскинав долга врска.
    И овие денови многу размислувам на оваа тема, а одговорот е дека би абортирала.
    Врска со бебе не се обновува, ако не ве сакал вас, зошто би го сакал па бебето?
    Треба прво да ја сакаш и почитуваш мајката на бебушот, а после и него.
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Страшни работи се ова, посебно жал ми е за мренариба, младо девојче. А колку само обврски носи тоа дете, колку маки ќе си трга сама да го издржува. Другарками разведена е и има над 26 години и многу добра работа и помош од дома и пак на крај не може да излезе. Не може ниту да шета, не сака да најде друг зошто сега е потешко кога има дете, време слободно слабо, и едвај крај со крај сврзува, плаќа за градинка, за алишта за храна за детето, па и за нејзе нели треба нешто да си купи. А кога ќе порасне детето трошоците многу пати се дуплираат. :(
    А сето тоа да се носи на грб на 19 години, жално е.
     
  11. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Јас повторно сум во дилема,се јави тој и ми рече дека размислил и дека сакал да биде со мене и да го признае детето,јас му одговорив не нормално,но тој ми кажа повторно да размислам и да му одговарам,ако сум прифатела во најскоро време ќе сме се венчале и ќе сме се преселиле во Скопје,затоа што таму имало подобри услови за мојот пораѓај,за живот,па дури ќе ги земел и моите да живееле со мене.Јас навистина сеуште го сакам,но по тоа што ми го направи не би му простила,што ме советувате вие?
     
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    ^ Ако мислиш дека и тој те сака, дека ова не ти го вика само поради грижа на совест, тогаш смирете се.
    Инаку верувам дека брак без љубов е само измачување, а нема да си првата што ќе биде самохрана мајка. Нормално се надевам дека тој ќе си го гледа бебенцето и се она што следи за него...
    Најубаво е да го направиш она што ти мислиш/сакаш, она што ти го кажува срцето.
    Патем, раскина тој со бившата? Како тоа сте биле заедно 2 години, а тој имал друга? Па не е мал период да не го сетиш тоа. :?:
    Јас да сум не би прифатила да бидам со него. Да забременам во 2 годишна врска и да ми речи да абортирам, ма ќе го плукнам во фаца, нема ни дете да му дадам да види.
     
    На enriketa1 и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Девојче тешко дека можеме да те советуваме ,стапуваш во брак таа одлука мора да биде само твоја , но не пропуштај го тоа што сака да го признае детето ..Ако не сакаш не мора да се земете , но заштити си ги интересите и од правна гледна точка за да можеш да земеш и алиментација, што го признае е обврзан со закон да плаќа . Бидејки секоја пара ќе ти биде потребна , а и крај краева вие сте поврзани за цел живот каков и да е тој сепак е татко ..

    Туку многу бајковит ми се чини пресвртот , и твоите ќе ги земел :wasntme:
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Не верувам дека некој што не сакаше да слушне за тебе и за твоето дете, ЌЕ ПЛАКАШЕ да абортираш сега наеднаш се смени и ти ветува бајки. После се џабе е.. џабе е што и да направи. А и ти самата не можеш да бидеш сигурна дека те сака, што знаеш каков ќе ти биде бракот потоа. Можеби ќе биде уште полошо, ќе те изневерува и сл. Тоа е моето мислење, но ти најубаво знаеш. Размисли убаво и се надевам дека ке ја донесеш вистинската одлука. :*
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    83.762
    Пол:
    Женски
    Не избрзувај за оваа одлука која треба да ја донесиш размисли си убаво,разговарај најпрво отворено со твоите ... не покажувај никакви емоции пред него што е најважно ... како до пред некој ден му беше најважно да абортираш и не се замараше со тебе а сега наеднаш сватил што се случува :?:
    Колку голема неодговорност од негова страна... прво бега а потоа моли и обеќава иднина ...
    А тоа дека и твоите родители ќе ги земе со вас чисто сумљам дека така ќе биде ...
    Што и да решиш размисли убаво детето сепак ќе ве поврзи за цел живот но не брзај размисли ....
    Ти посакувам многу среќа :*
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Треба сама да решиш. Стоиш на една голем крстопат, меѓутоа убаво размисли, бидејќи од одлуката што ќе ја донесеш, зависи твојот понатамошен живот. Ваков важен муабет не се прави преку телефон. Најдобро е двајцата да седнете, очи во очи, имате многу што да си кажете, многу работи што се од круцијално значење треба да се разјаснат, па тогаш да се размислува што понатаму. Еве да ја согледаме и неговата страна, можеби веста дека си бремена за него била моментален шок и резултирало со избрзана реакција од негова страна, можеби навистина убаво размислил и ја сфатил својата одговорност, ама се тоа е можеби. Од друга страна сте ти и бебето. Од аспект на жена би ти кажала да не му простиш, ама која сум јас да судам и на едно уште неродено душиче да му го одземам правото да живее со двајца родители. Нека не те плаши фактот што вашата приказна имаше лош почеток, бидејќи има многу бракови што започнале бајковито и биле заколнати на вечна љубов, а биле со краток рок на траење и имале катастрофален крај.Можеби твојата приказна ќе има хепиенд. Исконсултирај се и со твоите родители, беа тука кога ти требаше најголема подршка, не верувам дека и сега нема да ти помогнат да донесеш правилна одлука. Ти посакувам многу среќа.
     
    На calliope, Agrona и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Можеби размислил и сватил што значи дете. Ако мислиш дека инаку е ок дечкото, има добар карактер и дека ќе можете да се согласувате во иднина дајте си шанса. Што било поминало. Послушај си го срцето, и не се казнувај сама да го гледаш детето. :*
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Mрена риба,одлуката е само твоја се разбира,но кога веќе бараш совет ,јас мислам најпаметно е да се видите во четири очи да разговарате ,и ако и ти си согласна да се земете или макар само детето да го признае,после тоа да го соочиш со твоите родители кои патем те поддржаа, оти ти не си на улица најдена,имал друга истовремено кога бил со тебе,а кога дозна за бременоста избега кукавични,ти кажал дека не те сака ,најмалку што треба е да му го плукнеш тоа во лице(јас така би постапила).Aко му простиш,така да биде навистина и со алал,оти бракот е за цел живот,затоа добро процени му ги намерите,да не се каеш после.
    A за вашиот личен однос незнам што точно има на ум ,дај Боже да е така како што вика тој ,да ве сака и тебе и бебето.Aма,ти разграничи си сама ,оти тие се два поими ,дали тој го сака бебето или ве сака и двајцата.Oва ти го кажувам за да не избрзаш и добро да си размислиш какви очекувања имаш за понатаму.
    Kако и да одлучиш,со среќа :hug:
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    MrenaRiba,ти ако тврдиш дека сеуште го сакаш..претпоставувам дека напуштањето поради друга и понудата да ти плате абортус,не си ги заборавила.
    Верувај,која и одлука да ја донесеш,никогаш тие слики нема да ги заборавиш.И при секој најмал конфликт,ќе ги споменуваш упорно,и упорно,без разлика дали сакаш или не.
    Иронично е што после темата абортус,сега се нуде да биде татко на детето.Како ајде сега ќе си играме семејство..
    Многу е дискутабилно дали да се помирете или не,но која и одлука да ја донесеш,нека ти биде приоритет детето.
    Со твоите разговараше?Кое е нивното мислење..
    Не знам што би ти кажала,освен дека ја имаш нашата поддршка(виртуелна,колку да знаеш дека некој мисле на тебе..),и стискам палци да ја донесеш најдобрата одлука.

    И дечкото од старт има минус,вакви сериозни теми не се за преку жица.. :)
     
    На MrenaRiba и Agrona им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Рипче убаво :)
    Џабе е се...верувај. Не ни треба да си во дилема!
    Штом веќе еднаш ти кажал дека не го сака вашето бебенце, значи не го сака!
    Можеби размислувал па сега не сака да остане сам ... или пак имал притисок од страна.
    Тој не те сака. Ниту тебе ниту малото ангелче во тебе.
    Во љубовта нема денес те сакам утре не.
    Тргни му ја маската со време.
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.