Здраво! Нова сум овде и ми треба ваш совет. Отворив во Нова Тема бидејки незнам како на друг начин. Со дечко ми идевме 7 ипол месеци и вчера раскинавме,се каравме за глупости цело време. Има еден проблем што тој е спортски тип и несака да излегува во дикотеки...но јас не го терав секогаш да изелезме...од Септември не сме искочиле...Тој само со мене сакаше да биде,одевме на кафе,кај мене дома,кај него...ама само јас и он бевме во врската...и тоа беше многу глупаво затоа што мора да идаме заеднички пријатели за да се запознаеме добро. Постојано се каравме последниот месец и кога не бев јас крива му се јавував за да се смириме.Завчера на 2 вечер од нова година дојдоа другари,другарки кај мене а пред тоа он ме вика кај него да одиме да си седиме...ама мене не ми се седеше само со него...не сум се забавувала со друштво од ехее..и тоа му го кажав и ништо...дојде кај мене и он и сите седиме си збориме..нешто игравме...а он само седеше на компијутер..потоа кога си отидоа тој ми кажа зошто бил лут...јас му кажав дека за глупости се лути...и дека тоа требал порано да ми го каже...глупости... Навлегов многу во случајов.. Тој дојде кај мене вчера и си седевме...јадевме... Но подоцна он седеше на компијутер а јас само си лежев и ми се обрака како демек сакаш да дојдам до тебе да си легнам....и јас му реков не...и он не свте и уште си седеше...го потенцирам ова вака бидејки за ова највеќе ми се налути...после дојде и зборевме..И јас му викам што предложуваш понатааму и он незнам ... и викам со оглед на тоа што се караме,сакав да го натерам да размисли дека ние се сакаме и дека треба да не се караме за глупости дека ќе правиме и на двајцата да ни е убаво ама он ми вика незнам што да предложам... ми вика ти ништо не правиш,не ми искаживаш чувства,ова мене ми било маска....како не го сакам кога секогаш кога му е тешко јас го гушкам,јас му помагам само тој тоа не го цени...бидејки он со зборови ми кажува мене дека ме сака...а јас тоа го докажувам...и нешто ме навреди ...и му реков ти ракинувам ајде чао и он си отиде...Ч Како мали деца сме...знам ...Ама и мали сме Јас имам 16 он 17...нема врска тоа.. самата си реков дека не му се јавувам ако е машко и нека се извини за тоа што ми рече дека јас цело време сум имала маска...Бидејки и јас секогаш му се јавував за да ја спасам врската..што мислите што би направиле вие да сме на мое местоо
Помогнете! А нели мислиш дека си премногу мала за уште од сега да се врзеш така, да сте само ти и тој и да не излегувате? Мислам 16 години имаш, во тие години не верувам некој да сака ваква врска. Ти предлагам да оставиш на времето да излечи, колку и да изгледа сега трагично понатаму нема да биде. Ќе заборавиш, а дотогаш уживај со друштвото. Има време кога ќе се затварате по дома со дечкото. Верувај дека ваква врска ќе ти досади ако продолжиш со него, и ќе почнеш во постарите години да го правиш тоа што си го испуштала на 16.
Помогнете! Девојко, навистина се глупости и да знаеш дека ќе се смирите. Годините ви се тие што ви дозволуваат да се карате така. И се разбира тоа што во врската сте само вие двајца нема што друго да правите па само се карате. јас мината година сакавд а бидам само со дечко ми и не ми се излегуваше со друштво, со тоа си дојдоа кавгите и секој ден се каравме, а сега е поинаку, се повеќе се дружиме со нашите другари и другарки, излегуваме одделно да се видиме со сопствени другари и се оди како што треба,но сепак ние сме постари од тебе и дечко ти и имаме разбирање за тие работи. Постапката на дечко ти што седел на комп. цело време додека биле тука твоите другарки не е воопшто вкусна, но можеби и му било досадно само во толку девојки, и мене ми е досадно кога сум со дечко ми и неговите другари и зборуваат само за фудбал. Вие не сте разговарале убаво за ова, сте се скарал и си раскинала, многу незрело од твоја страна! Мислам дека треба да седнете сериозно, ако се сакате, да си кажете што ви смета и што можете да промените, доколку пак не оди тогаш не сте едн за друг, сепак сте многу млади и животот е пред вас. со среќа!
Помогнете! па со него си била скоро 8 месеци, нели мислиш дека ако има сериозен проблем ти треба да знаеш?
Помогнете! ^Оззи, по 16 години имаат. Сепак јас не гледам дека нешто сериозно ќе излезе од врскава. Уште сега по дома се затвараат.
Помогнете! А што има па ти да го менуваш него. Ако не ти одговaра таков каков што е, најди си друг. На 16 години сакала озбилна врска... аман!
Помогнете! Eпа тоа велам, после ќе си ги трескаат главите од ѕид, кога на него ќе му текне дека му се живее и дека рано се врзал и обратно.
Помогнете! па затоа и велам ако сака да и трае врската нека разговараат и нека го променат тоа седење дома. нека се дружат, нека имаат врска како што доликува на нивните години! ако не ќе си најде друг што ќе и одговара.
Luge deteto e od dom...!!! Znam deka e malku povlecen vo tie raboti...se plasi ako pocne vo diskoteki da izleguva deka ke pocne da pusi i da pie...a toj saka da uspee vo zivotot iako nema roditeli...Zatoa sakam da mu pomognam! [mod-kirilica:2njionpu][/mod-kirilica:2njionpu]
Помогнете! Ама дечки детето е од дом...нема родители...се плаши ако почне да излегува во дискотеки дека ќе почне да пуши,пиее...сакам да го сменам затоа.. многу се сакаме!
Помогнете! Ако сметаш дека си во состојба да го направиш со него тој сериозен муабет направи го. Доколку не можеш да издржиш таква врска и не успееш да го разбереш ОСтави го зашто со тек на време ке станува само полошо. Можеби дечкото не е ни финансиски способен да излегува ... тоа му е глупост ... Претежно излегувањето здосадува малку покасно ама ете порано созреал.
Помогнете! ...И после од каде потекнувале разводите Ако вие на 16 год. совршен дејт замислувате дека е пред телевизор,ропајки пуканки не сакам ни да помислам што ќе правите кога ќе бидете пензионери... единствена комуникација ќе ви биде кога ќе си ги подавате вилиците Абе некогаш стварно не можам да се изначудам колку брзо сакате да пораснете,побогу имате по 16 год. а се понашате како да имате 56 год.Планирате сериозни врски,замислувате како го фрлате бидермаерот,како думкате бебе и тоа и по цена да се изолирате од нормален тинејџерски живот,аман А М А Н!!! Не знам што му е проблемот на дечко ти,не ни сакам да навлегувам во неговата психа,ама па уште повеќе си ми чудна ти.Ако гледаш дека човекот сака да си живее во некој свој свет,и упорно не се променува,да не речам ама ќе речам се затупува очигледно тргнуваш натаму и ти. Не верувам дека ќе го промениш,уствари не знам зошто се трудиш кога гледаш нема никаква повратна реакција,ако уживаш во улогата на очајна домаќинка,рамо за плачење итн. повели,никој не те врзал.И уште нешто,ако е од дом не значи дека треба да се затвори и да нема никаков социјален живот,да очекува само некој да го сожалува...можеби ти звучи грубо,ама тоа е реално. Живеј го животот што ти прилега на твоите год,оти не си свесна колку брзо поминува времето и колку често настапува носталгија за тие год кои ти си привилегирана да ги живееш СЕГА!
Исто како мене, се наежив, иста ситуација неможам да поверувам, само кај мене небеше 2та вечер порано пред 1 месец некаде, и ние го решивме проблемот, веќе заедно со моите другарки не, кога јас ке сакам да сум со моите другарки (а исто и ти) оди сама, не ти треба тој, а за излегувањето и јас го имам истиот проблем и нз како да го решам ке побар помош и мислења некој друг ден... Само ако имаш карактер не му попуштај и терај по твое, и прашај го за финансиската состојба можеби таа е проблем за тоа што тој не излегува...
Мислам дека сте премногу мали за да имате таква врска. Да не ви е интересно да излегувате, тука да седите дома. Ако сакаш да бидеш со него, навистина разговарај можеби станува збор и за финансиската ситуација или за неговата повлеченост бидејќи не се чувствува убаво во присуство на твоите другарки, сепак мој совет уште на 16 години сериозни врски, одење дома и не излавање со друштво не е во ред. Има време и за тоа во животот.
Мали се за да имаат таква врска, се што кажавте е така... Ама каде го ставате фактот што детето ете било од дом, нема родители.... за да испадне не требаат пари? Како да испадне? Излегувате вие со празни џебови? Би излегле? Плус и машко е бе, си има своја гордост. Ете, детето на негови 17 год размислува да успее во животот, нема никој, сам на себе е.... Го осудивте што го осудивте... А пари за излегување кој ќе му даде?