Раскинавме на мирен начин, сега сме другари!

Дискусија во 'Разделби' започната од kawasaki-girl, 4 септември 2010.

  1. kawasaki-girl

    kawasaki-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Значи, јас сум 19 годишна девојка.. По националност сум Албанка!
    Никогаш не сум верувала дека љубовта постои.. но и јас како и секоја друга девојка или подобро кажано суштество имав можност да ја почувстувам љубовта, како нешто многу силно, многу чисто и убаво.
    Се запознавме во едно од оние кафичи што никогаш порано не сум ги посетила. Бев јас со мојата другарка ( таа беше иницијатор број еден за таа вечер да одиме таму, бидејќи нејзиниот дечко бил таму) .. Додека ние тројца си седевме и си правивме муабет, неговиот братучед стоеше во другата маса со неколку другари.. ТОЈ (значи братучедот на нејзиниот дечко) го знаев одамна, го познавав како ГОЛЕМ ФРАЕР што има многу пари, убава кола итн итн.. и секогаш без никаква конкретна причина го мразев со цела душа. Откако неговите другари си отидоа, тој сакаше да ни се придружи.. и бидејќи ми беше незгодно да му кажам НЕ МОЖЕ, си прифатив.
    Таа вечер сфатив дека тој не е тој што јас сум мислела.. Беше скромен човек, правеше убав муабет и сфатив дека сум имала погрешно мислење за толку добар човек!
    Утредента пак искочивме сите 4ворица.. и така секој ден по 3 4 пати дневно еден месец се дружевме..
    Секој нов ден, тој се повеќе и повеќе почнуваше да ми влезе толку длабоко во моето срце..а ни сама не приметував.. Си флертувавме еден со друг, ме провоцираше, се беше толку убаво.. Никогаш со никого не сум почувстувала толку блискост, хармонија, љубов.. Тој стана дел од мојот живот, а јас не бев свесна за тоа.. само знаев дека ТОЈ е ТОЈ.. ТОЈ е се што ми треба..
    Никогаш порано не сум била во врска со никого, никогаш не сум била во состојба да одлучам, но знаев дека ако дојде до тоа, Сигурно одговорот што ќе му го дадам ќе биде Позитивен..
    И една ноќ, бевме кај мене дома на кафе, сите четворица, и неочекувано тој ми побара да му станам девојка... и пак јас не можев да одлучам, се плашев од самата себе.. си мислев: " он има пари, има кола има сешто и нормално дека има девојки.. ќе направи да се затрескам уште повеќе за него, и на крај ќе ме остави".. но мозокот ми велеше нешто, а срцето нешто друго.. Одлучив да го прифатам..
    Ме убеди дека со мене не е истиот како со другите девојки, имаше голем почит за мене, цело време искачавме, на телефон си седевме цели 3 4 часа.. но, после неколку месеци почна да не ми се јавува толку често, да не се заинтересира толку за мене.. и сето тоа за мене беше толку чудно, толку непознато..
    Можеби мојата мана беше што тој беше прв во мојот живот, и уште не знаев што се може да се случи во една врска, дека некогаш ти треба време за мислење, време за пријатели и сето тоа.. И јас одлучив да раскинеме.. Тој на почетокот беше против нашата разделба, и тоа и јас го сакав.. Но, неможев да поднесам да не бидам јас во прв план во неговиот живот.. И тој, го почитува моето мислење и мојата одлука, и ми рече дека така можеби е подобро, иаку за мене имал други цели и мисли, ќе направи тоа што јас сакам.. " И онака, јас само ќе ти го уништев твојот живот, јас не сум за девојка како тебе, ти заслужуваш подобар од мене... не можам јас тебе да те направам среќна како што ти заслужуваш"- ми рече.. Тогаш, јас си искочив од кола, трчајќи и плачејќи дојдов дома...
    Не можев да се согласам со фактот дека тој веќе не е во мојот живот, дека ќе станам утре сабајле и нема да имам никаква порака од него.. Дека ќе нема да го видам, нема да го допрам, нема да го почувствувам повеќе.. Паднав во депресија.. Месец дена не искочив од дома.. На него не му текна 1 една порака да ми прати, да ме прашува како сум.. Но и јас не му пратив ниедна..
    и добро после месец дена, почнав да се дружам со нови луѓе, почнав да го живеам животот од почеток....
    Помина некое време, и јас со моето ново друштво одлучивме да одиме да се журкаме во местото каде што знаев дека и тој ќе биде.. Но сето тоа беше сосема не намерно..
    Кога отидов.. Тој се здрви.. после толку време ме виде, дотерана, нашминкана со добро друштво, уживајќи, и дојде да ме поздрави.. Јас се однесував сосема нормално.. како ништо да не се случило.. Но тој знаеше дека длабоко во себе уште го сакам....
    Од таа вечер, почна да ми пишува пораки, да ми се јавува.. нема ден што поминува без повик од него, или барем порака.. Разговараме по 3-4 часа.. Ми рече дека додека сме биле разделени, немал рамо за плачење, јас секогаш го разберам, и може да ми верува.. Цело време ми се меша, цело време ме советува, цело време ме прашува кај сум и со кој сум..
    Ми призна дека многу чувствува за мене.. но проблемот е дека нашите семејства се многу различни.. Неговото семејство сака нивната невеста да носи шамија, и дека знае дека моето семејство не може да се соочи со фактот нивната ќерка да се омажи со таков човек, и свешто.. А тој незнае дека јас сум во состојба да се променам сосема за него.. Толку многу што го сакам!!! Но, не му ни кажав..
    Сега одлучив, да помине неговиот роденден и да ги прекинам сите контакти со него.. Знам дека нема да ми биде лесно без него, ќе го доживеам по втор пат раскинувањето, иаку овој пат сосема различно, имавме ДРУГАРСКА ВРСКА!
    Сега барам совет од вас, дали да ја прекинам ова другарска врска, дали има надеж за нас двајца, или да и ставам точка на оваа историја и да се занимавам со некој друг..
    И ако одговорот за да ги прекинувам сите контакти со него, кажете ми начин како да го правам тоа, што се да му кажам за да ме потсетува цел живот..
    Знам дека бев досадна, СЕ ИЗВИНУВАМ!
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    1.730
    Вака ...... очигледно е дека ти со него не можеш да бидеш само другарка, тоа е јасно ....... го сакаш многу и не можеш така да седиш и да го гледаш како другарка.
    Затоа ти остануваат 2 опции - Првата е да му објасниш се како се чувствуваш и колку го сакаш, дека мислиш дека тој е вистинскиот за тебе, дека не можеш без него итн ........ Ти кажи се убаво како се чувствуваш, па види тој што и како мисли, па одлучете дали ќе си дадете втора шанса или ќе биде крај. И тој да каже дека не сака веќе да биде со тебе, ќе си знаеш дека си му признала се и нема барем да се каеш.
    Втората - Да одлучиш да ги прекинеш сите контакти со него веќе, ама дефинитивно ....... Да преќутиш дека го сакаш и да го пуштиш да оди од твојот живот. Да накдеш некој нов, не за да го заборавиш овој туку едноставно да почнеш нова врска, да видиш како е, бидејќи рече дека оваа ти била прва врска.
    На тебе е да одлучиш, ние не можеме ништо да ти кажеме.
    Само пази - ако тој е љубовта на твојот живот ни фамилија, ни ништо не треба да те спречи. А ако не е и си сигурна дека можеш подобро да најдеш тогаш ќе мора да му кажеш :hai:
    Размисли убаво :)
     
    На kawasaki-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kawasaki-girl

    kawasaki-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Фала многу moonlight-girl!
    Дека го сакам многу сум сосема сигурна, но знам дека и тој веќе е зависен од мене, само не знам дали е зависен до тој степен што не ќе може да живее без мене!.. Го ценам твоето мислење, ќе ги имам во предвид твоите совети!
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ако го сакаш и не можеш без него, а забележуваш дека и нему му се случува истото, не знам зошто би прекинувала секаков контакт со него. Напротив, бори се за него! Ако е силна љубовта, ќе се изборите и против другите пречки!
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.205
    Јас мислам дека кога веќе сте од иста религија вашите семејства треба да ви се во втор план! Неговото семејство сака да носиш шамија? А твоите тоа не го сакаат?
    А што мисли тој за тоа? Дали ти би сакала? Па на крај краева тоа е најлесен проблем!
    Е сега, јас не гледам зошто вие би биле разделени? Па нели се сакате? И не сте се разделиле од некоја конкретна причина! Штом се сакате врати му се! Не се осудувајте да живеете еден без друг заради банални работи. колку време бевте заедно?
    Мој совет е да не го оставаш, да не ги прекинуваш сите контакти со него, туку сосем спротивното- да се вратиш со него и да уживаш во вашата врска!
     
  6. kawasaki-girl

    kawasaki-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Moeto semejstvo e intelektualno, saka jas da zavrsam fakultet da se vrabotam, da najdam nekoj sto ke mi ovozmozi da imam dobar zivot, da rabotam,da se setam.. a znam deka ako nie pak sme zaedno, ako jas stavam samija toa avtomatski go dokazuva sprotivnoto.. "Edna zena so samija ne moze da raboti i da ima takov zivot kako edna bez samija" ...
    Ne znam dali vredi da se zrvtvuvam tolku za nego, iaku go sakam, posto i ako toj me saka,kako sto spomnav i porano toj ima pari, i vo albanskite semejstva toa znaci deka ke ima i sfalerki..! i negoviot tatko sto ima 65 godini ima sfalerka!..toa jas ne bi mozela da go podnesam!
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Разговарај со него и прашај го дали ќе му биде важно дали жена му ќе носи шамија или не?
    Кажи му за твоите сништа, дека сакаш да завршиш факултет, да се вработиш, да прераснеш во успешна жена. Прашај го дали ќе имаш подршка од него за сето тоа. Разбери низ разговор како тој ќе гледа на сето ова, дали ќе те прифати таква каква што сакаш да бидеш.
    Не знам многу за вашата вера, ама знам дека кога се сака се се може, може и тој да им се спротистави на неговите родители, и ти на твоите, доколку ви се мешаат во врската.
    И не мора да значи ако татко му имал швалерка дека и тој ќе има. Со други одат само оние на кои им фали нешто со сопствените жени.
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    13.739
    Пол:
    Женски
    Колку што сум запознаена со вашата вера, мислам дека најстариот во семејството на мажот одлучува дали треба жените да носат шамија. Значи не се работи за твоја или негова одлука. Обично ако жената не го почитува тоа мислење, до голема стигнува работата.
    Значи ти сепак си имала среќа да се потекнуваш современо семејство, кое гледам размислува на правилен начин. Ги почитувам туѓите вери, ама ова во муслиманската со покривањето на жената воопшто не ми се допаѓа.
    Затоа си пред голем чекор. Од постот ми изгледа дека момчето те сака и можете да имате некоја иднина, ама ти си таа што треба да размислиш до колку треба да се жртвуваш.
    Јас лично никогаш не би се жртвувала до толку, колку и голема љубов да е во прашање.
    Ете свесна си дека доколку се омажиш за него не можеш на никаков начин да напредуваш, а плус утре и на твоите деца ќе им биде наложено да носат шамија. Зошто кога веќе твоето семејство ти овозможило да одиш напред, ти да се се враќаш назад и тоа во многу чекори???
    Кога веќе неколку време сте разделени, продолжи така, не му се враќај... плус прв дечко ти е, од каде знаеш дека некаде не постои друг, подобар...
    Тоа од мене и со среќа... размисли добро, во овој случај со разумот, а не со срцето :*
     
  9. kawasaki-girl

    kawasaki-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    fala mnogu devojki.. osobeno lolipop23... navistina mi dade hrabrost i volja da prodolzam ponatamu... samo kazi mi kako da i stavam kraj na seto ova.. da razgovaram so nego i da mu kazam deka ne sum vo sostojba da bidam negova devojka ili drugarka, ili samo onaka da ne mu krenam telefon i da ne idam na mesta kade sto toj odi..:)
    ako treba so razgovor.. sto se treba da mu kazam.. za da ne go zagubi pocitot sto go ima:)
    fala vi mnogu uste ednas.. i ocekuvam uste odgovori i soveti :)))
     
  10. kawasaki-girl

    kawasaki-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    eve, samo sto mi se javi da mi go slusne glasot i da me prasuva kako sum!! stvarno ke mi bide epten tesko bez negoooooo ;(
     
  11. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    а зошто да го избегнува...нека звони и нека биде во твоја близина,само ти не одговрај љубовно и не паѓај на нежните погледи цврсто стои на нозе....комуницирај со други машки,кога тој ќе го забелжеи тоа ќе виде дека нема шанса кај тебе и сам ќе се тргне не мора ти да се затварш и да не креваш...биди пријтелски настроена ...пробај!!!!позз до тебе
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    13.739
    Пол:
    Женски
    Во знак на почит спрема него и другарството ваше, кажи му дека не би сакала да имаш ништо повеќе со него. Понатака, води се по твоите чувства. Ако не ти паѓа тешко да зборуваш со него и да се гледаш, нема проблем. Ама мислам дека така ќе си го одолжиш заборавањето. Како ти е полесно тебе, така направи. :)
     
    На kawasaki-girl му/ѝ се допаѓа ова.