Раскината Свршувачка

Дискусија во 'Разделби' започната од Boginvillea, 19 февруари 2016.

  1. Boginvillea

    Boginvillea Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.јас сум нова во форумот.:)
    И да си ја кажам мојата историја па ве замолам за ваш совет.
    Поминаа празниците и мене ме побараа за жена,прифатив.Бев ужасно исплашена вртев дома да и кажам со надеж дека ке добијам малце поткрепа,но залудно.Се беше прекрасно првите три дена!!!И се се започна ти(јас) не сум била дома,внимание не сум обрнувала сум одела кај мајка ми сите ми биле приоритети а каде бил тој.Кај него идев на работа се случуваше да го сменам.Каква домакинка сум била да непраам ручек.Алиштата ми беа кај мајками пошто живеат во стан немаше кај да ги соберам таму.Втора кавга:Зошто мајкати ми се примешува за се??? Пак војна и третата кавга пак мајка ми.Легнав да спијам ми ја сврте главата со сила и почна пак.Другиот ден си отидов дома со намера да не се вратам.Времето колку што минува јас се повеке и повеке сакам да се вратам.Ме фака депресија! Од како се се случи се имаме 2 пати видено на кафе.разговаравме многу и ништо не разбравме.Знам дека има кажано на татко му Пред некој ден му кажав дај да оставиме на времето да реши.Сега е ладен ништо не прави не реаира на ништо.Му понудив да живееме под наем двајцата рече дека со што сум заслижила да живее тој со мене,смисол не е сигурен бидејки еднаш сум го оставила.Инаку целата врска ни беше во кавги за моето минато за се околу мене,со изговор дека сите лоши работи што ми ги направил се од злоба што не му обрнувам внимание.многу го сакам и незнам што да правам.Моите дома се против него,имам скриено од нив дека се имам видено 2 пати.Тој упорно вели кога ке ме ставиш на прво место може тогаш да збориме.Збунета сум незнам што понатаму ве молам за совет.:sweat:
     
  2. Макрис

    Макрис Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    69
    Никогаш не дозволувај некој да ти зборува против родителите. Вие сеуште не сте венчани, а тој си зема за право да зборува за тоа колку често си одела кај твоите дома. Глупости. А што ќе биде кога ќе се венчате?
    Знам многу случаи каде што сопругот буквално и забранува на сопругата да се гледа со нејзините.
    Длабоко во себе знаеш и самата дека не е во право тој. И сигурно има причина штом твоите не се негови обожаватели.
    Ако му смета твоето минато, зошто е со тебе тогаш? Минатото е твоја работа. И никој нема право да се однесува нефер спрема тебе поради минатото.
    Мој совет ти е да размислиш убаво за целата ситуација. Кажи му се што ти смета. Ако не те сфати... Залудно е. Налет и на свршувачка и се! Битно ти биди среќна.
     
    На izabela.nik, crazylady, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.288
    Допаѓања:
    109.683
    Пол:
    Женски
    Вие не сте венчани сеуште а тој си зима за право да ти зборува за твоите. Мислам дека си има сам испланирано ова ќе биде, вака ќе биде ама наишол на конфликт со тебе. Мислам дека дечкото сеуште не е спремен за брак, делумно и поради овие кавги мислам некој го буцка. Мое мислење е да не правиш ништо, тој е тој кој треба да се извини и да те побара да разговарате. Никој нема право да те навредува каква си била, домакинќа незнам што бидејќи каква и да си те побарал за жена.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    11.253
    Пол:
    Женски
    По ова што го прочитав, сметам дека најубаво би било да свртиш нов лист во твојот живот. По твојот опис на ситуацијата, веќе си создадов слика во главата за твојот можеби иден сопруг, кој очигледно е премногу шовинистички настроен и пати од синдром на типичен балканец (читај недоделкана сељачина). Самата велиш дека и врската ви била исполнета со кавги и наместо да размислуваш со срцето, размисли со разумот, за да си најдеш спас и духовен мир. Еден ден, кога веќе нема да бидат интересна тема за расправија твоите родители, на ред ќе дојдат твоите другарки, па идните колеги и колешки, па соседката со која пиеш кафе, па чичкото што работи во пекара каде купуваш леб...и се така во недолглед. Гушењето почнало на старт на заедничкиот живот и понатаму ќе продолжи и ќе станува уште подлабоко. Не е страшно да не направиш ручек, кога вие сте двајца и можете да си излезете негде заедно да ручате или ако немате услови за тоа, да протерате оброк со пржени јајца. Џабе тие ручекот на маса, ако секој залак ти застанува во грло од неговите постапки. Мене ми се случува, со две мали деца, да не стигнам да зготвам ручек и или купуваме нешто готово или вадиме се од фрижидер, па јаде кој што сака и никој не прави драма поради тоа. Удирањето на твоето минато од нос, само го користи како оружје да ти набие комплекс дека никој друг не би те сакал и дека он ти прави услуга што ќе те земе. Ма немој молим те!!! Тоа е уште еден момент што го докажува неговиот простотилак, ама и треба да отвори кај тебе уште едно прашање, дали тој те зема за жена затоа што те сака или од „сожалување“? Треба да сфати дека тој не е центар на свет и дека не се врти се околу него. Ти глуми лудило, затоа што ти му дозволуваш да го прави тоа. Ај замисли си се ова да го надминете и ти стануваш по секоја цена негова, па и по цена на жртвување на твоите родители. Твојот живот ќе биде во вечна сенка на неговите барања и очекувања и еден ден кога се ќе ти дојде преку глава, затоа што ниту една твоја постапка нема да го задоволи неговиот „висок“ критериум, ќе ти пукне филмот, ќе си ги собереш стварите и децата и пак ќе се вратиш кај луѓето по кои тој фрлал дрва и камења, а они ќе те приберат, затоа што си нивна ќерка и затоа што никогаш родителот не може да му мисли лошо на своето дете. Не почнувај нешто од моментална афективност! Не си го уништувај животот свесно! Сега изгледа болно, од друга страна ти е страв дека си ставаш уште една дамка на во твоето досие, ама подобро цел живот сама, отколку со било кого. Очигледно дека на твојот свршеник не му треба жена, туку куќна помошничка и предмет за лечење на своите фрустрации, затоа што сфатил дека од околината само ти си останала да му се восхитуваш и може да те манипулира. Човек кој сака некого, не го повредува, не го понижува и не го става во изолација.
    Да резимирам: никогаш во животот не трчај по автобус или по маж, затоа што по него секогаш доаѓа друг!
     
    На evangelina.ina, Boginvillea, Glasna и 15 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.775
    Пол:
    Женски
    Еве го уште еднаш она „не идеше врската, па се решивме на брак'.
    Вие не сте имале ни добра врска (патем, колку време трае?), ко за почеток... зошто, побогу, бракот би бил решение кон нешто подобро? Мене ми делува ко со бракот типов да сака да те претвори во имовина, нешто што тој ќе поседува и контролира за да си ја зголеми малку самодовербата.
    Ручеци, домаќинлук, перење... греота е млади луѓе на модерното време ова да го бараат ко предуслов за добар материјал за сопруг/а.

    Многу површен ти е описов и ко да сакаш вината само на него да ја префрлиш, кога и двајцата делувате прилично незрело, несигурно и неспремно.
    Не знам што возраст сте, ама мене ми делувате ко едвај полнолетни штом дома уште кажувате за секое излегување, па треба да криеш дека си била на кафе со него.
    Имаш цел живот да си во брак, не бирај да си во истиот со погрешна личност само колку да не бидеш сама или пошто мислиш дека нема да најдеш и не заслужуваш подобро т.е. посоодветно. И ти, и тој.
     
    На evangelina.ina, MilaP, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Секоја приказна има две страни.

    Како тоа си ги оставила алиштата кај твоите затоа што живеат во стан? Не сфаќам.
    Како зошто не готвиш? А зошто тој не готви?
    Како ти си го заменувала на работа? Ти не работиш?
    Што толку се карате за твоите ако не живеете воопшто со нив?

    Не знам, мислам дека сте избрзале со живеење заедно.
     
    На 1209, Rose96, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    194.894
    Пол:
    Женски
    Имаш многу недостатоци и "дупки" во приказната. Некако постот ти е неповрзан и несврзан.
    Ти фалат овде важни делови како што кажа @crimson за да прблемов биде комплетно опишан.

    Како и да е, кога гледа човек дека со сила убавини не бидуваат тоа е тоа, решението е да се разделите и секој по својот пат и со својот карактер и желба за иднината.
    Не глумете лудило и не ја заташкувајте само повеќе и повеќе работата, дур не е касно за некој поголем проблем најдобро е да се оттргнеш од човекот со кој што не гледаш никаква иднина и не можеш да се вклопиш во брак и иднина.
    Од грешките е учи!
     
    На evangelina.ina и eloves им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Во ред е, секој човек има потреба од љубов и внимание ама што е претерано, па претерано е.
    И ти ми делуваш по малку незрело ама тој дечко ти, вереникот твој (или што и да ти е) ми делува и по малку просто. Ако уште сега се труди да ти дава наредби, да те ограничува зошто си идела кај мајка ти и ред други работи, верувај дека бракот со него нема да ти биде ништо позитивно туку ќе биде многу полошо од што е сега. Како што рече Геа, денес му пречат твоите, утре ќе му пречат комшиите, роднините или некои трети и накрај ќе направи целиот свет да ти се врти околу него, а ти на крај ќе останеш сама.
    Во врска со последниото блондирано, не знам што ти се случило толку во минатото и не е ни важно ама не си должна да го трпиш некого постојано да ти го удира тоа од нос! Сите ние грешиме, сме грешеле во минатото и ќе продолжиме да грешиме, тоа е факт. Го сакаш ама од сакање не се живее, таа такозвана љубов што ја имаш кон него еден ден ќе ти се претвори во омраза. Немој да си набиваш комплекси за некои работи, сте се вериле, не одело, сте раскинале и тоа е тоа живот иде даље.
    Млада си, права, здрава ќе си најдеш друг дечко кој ќе те сака, почитува и нема да ти префрла за минатото. Се ќе се среди, само треба да помине малку време.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Boginvillea

    Boginvillea Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vaka do kaj pisuvav bev mnogu raseana ne deka sega sum nesto podobra.znaci imavme problemi.mislam deka toj premnogu ocekuva od mene,a jas nemozam da mu vozvratam vo tolkava mera, sepak imam i svoj zivot.So posledniot muabet so mi go napravi bese ti trebase prvo da si so mene a potoa so site,a site sme svesni deka na denesno vreme slobodno vreme za dremenje nema bash.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    194.894
    Пол:
    Женски
    Премногу опсесивност и несозреаност!!!!!
    Мислам.. смешно е за созреан човек!!!!
     
    На eloves и LadyR им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.079
    Долга ли ви е врската? Како тоа до сега не сте расчистеле вакви банални и глупи работи? А сте отишле чекор напред, да живеете заедно. Ако сакаш цел живот да ти биде со вакви сценарија, продолжи да бидеш со него. Ако мислиш дека родетелите твои кои цел живот те одгледувале заслужуваат да бидат навредени од таков тип, а и ти омалуважувана од него. Веееерувај постојат милион пати подобри од него кои можат да направат да се чувствуваш жена, а не домашно милениче. Кои се причините поради кои толку многу го сакаш? Прашај се само да не е тоа што после одредено време во врската чувствуваш приврзаност кон него, да не речам навика.
     
  12. Boginvillea

    Boginvillea Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Znaci vrskata traese okolu godina ipol.A toa so odlucivme da sme "zaedno" e toa sto jas mislev deka rabotite ke se smenat ako sum poblizu.Mi pregovarase sekogas imas nekoj pobiten od mene sekogas nekoj sto moras da go sredish.inaku rabotam vo uciliste i slobodnoto vreme sijam ali od koga sme zaedno nemam bash slobodno vreme.Nemozam samata da si objasnam zasto imam cuvstva uste koga se slucija eden milion gluposti.so znaci od pocetokot na vrskata do den denes me obvinuva deka nasite problemi bile sto jas ne sum obrakala vnimanie,a za kakov vid na vnimanie se zbori nemam pojma,vo mojata glava jas mu obrakam vnimanie poveke odkolku sto treba.e sega nemozam da sedam do 3 sabajle posto rabotam.nemozam da spijam na rabota! Mozebi sakav da se vratam od toa sto bevme na odmor super pominavme pak na vikendi bese dobro.Pomina mesec od kako sme razdeleni i uste mi fali,placenje,nervozi,depresija.Svesna sum ako se vratam pak ke gi imam starite problemi deka jas ne posvetuvam vnimanie.na kratko kazano mozokot mi kazuva ne a srceto da!
     
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.079
    Ако е вистинскиот до сега би требало да му стане јасно за сето тоа што ти го кажувап. Во врската не е се околу едниот, се работи за две личности кои мораат да најдат златна средина и да се сложуваат. Некои ситници што те нервираат кај него ќе треба да ги премолчуваш, а исто и тој кај тебе. Но не смееш да поминеш преку вакви работи, затоа што не се воопшто ситници. Искрено се надевам ќе сфатиш и ќе поминеш преку ова и ќе си најдеш некој кој те заслужува.
     
    На Boginvillea му/ѝ се допаѓа ова.