Епа вака....и јас си имам еден проблем...имам 18 години и до пред некој ден си имав едно млечно забче (тројка горе) и го извадив со надеж дека ќе ми порасне новиот затоа што со снимка утврдивме дека е присутен горе...но стоматолог ми рече дека можно било да не ми порасне па да треба со протеза да ми го спуштаат...но само кога ке помислам на тоа и се ежам, подобро би ставила нов заб порцелански отколку да носам протеза...па сега сакам да слушнам мисленје ваше...дали би пораснал и за колку време би дал некој знак(ако расте) од прилика.......
Јас ти препорачувам да си носиш протеза, затоа што и да ставиш порцелански, може еден ден ќе му текне да се симне, па ќе ти направи проблем и на порцеланскиот и на тие одоколу (зависи како ќе се спушта). Подобро порано реши си го проблемот, мене ми е многу криво што не сум се решила порано на протеза. Сега веќе се откажав од идејата
Го имам(в) потполно истиот проблем со тројката горе, десно. Заглавен беше помеѓу единицата и двојката (во непцето) и абер си немаше од растење. Барав одговор насекаде по стоматолошкиве ординации, но ситуацијата изгледаше безнадежна. Има еден специјалист овде каде што живеам и тој се реши да ми помогне. Направи мал операциски зафат (безболно е , ич да не се скираш ако дојде до тоа, ТИ ГАРАНТИРАМ) и ми стаде протези. Има веќе една и пол година каде што ги носам фиксните и ПРЕЗАДОВОЛНА СУМ. Забот си слезе на место и се е во ред. Се надевам ти помогнав POZ
дури ми е и чудно нооо почна да се спушта забот полека сега ке почекам да се спушти и ке ставам мобилна протеза , мн сум срекна ) сепак фала ви
Трајни заби Вака.... моите трајни заби се мали и искрено ме нервира! Сакав да прашам дали некако природно има шанси барем 3мм да пораснат?!
Може сега не растат, ама ќе пораснат со тек на времето. И мојата другарка има мали заби. Дури и тесни колку пола нокт. Забите не и растат од трето одд. Ништо неможе да стори па се помири со тоа. :up:
Генетски е предодредено колкави ќе бидат забите, тоа не може да се промени. Можеш да ја смениш големината со ставање протетски надградби (навлаки, ламинати и сл.).
Девојки и јас имам еден мал проблем.Ма не е мал речи си е голем.Значи вака извадив едно млечно забче 5ката уште пред 2-3 години.И уште ми нема излезено нов заб? Што е пробелмов?
не се секирај мене 3-ката така ми напраи ми падна и после не растеше со години ама еве сеа ми порасна здрава права
И јас имам мали заби и ги мразамм и никогаш не се смеам со заби незнам што да правам а во мојата фамилија никој нема мали заби за да е генетски..