Расцветани врвови

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    И јас го ставам спрејот само на врвовите. А и регенераторот не го ставам на скалпот на косата, бидејќи така ми се мрси брзо уште тоа ми фали, го ставам од половината коса па надолу.
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    И јас од Глисот ставам само на врвовите.
    Инаку, користам веќе трето шишенце од жолтиот глис. Дали има некој позадоволен од другите типови?
     
  3. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    а на секое миење на косата ставата од глисот, или како силиконските капки преку миење?
     
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    јас на секое миење ставам :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    И јас на секое миење ставам. Жолтиот не го менувам за ништо... имам пробано и од другите, ама жолтиот ми е дефинитивно број еден.
     
  6. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Јас го користам портоколовиот Глисс за сува и оштетена коса и сум задоволна од него. Не се познаваат толку многу оштетените врвови а и косата подолго време ми стои права по пеглањето.
     
  7. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Јас го користам овој глис за расцветани врвови и задоволна сум до него. :)
     
    На firequeenn и feminna09 им се допаѓа ова.
  8. genina

    genina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    јас го користев розевиот и единствено само тој ми помагна од таа серија а уште поефикасен е розевиот elseve како и силиконските капки од авон :)
     
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Значи косава ми стана ужасна. Бидејќи брзо ми се мрси, ја мијам преку еден ден, ама на сметка на тоа врвовите ми се суви. Ставам и регенератор и глис после миење, ама џабе е, никако не можам крајот да им го најдам. Има ли некој слично искуство? :^)
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Немој толку често да ја миеш, барем на три дена, а од регенераторот не ставај на коренот, само на врвовите. После миење ставај на врвовите силиконски капки или прочепкај на нет рецепта за некоја маска за мрсна коса, мислам дека и на форумов има.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    10.421
    Глисот се става по целата должина на косата зошто е за подобро расчешлување и заштита на косата. Јас ставам обичен регенератор што се измива од средината на косата се до врвовите, а Глисот го прскам на целата коса. Имам мрсна коса и не сум приметила дека од ваквото нанесување на Глисот повеќе да ми се мрси :?:
     
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.293
    Допаѓања:
    6.817
    од gliss спрејовите за коса има :
    - за зацврстување на коса ( светлокафеав )
    - за виткање на косата ( темнорозов )
    - за сјај на косата ( светлорозов )
    - за исправање на косата и др..
    кај нас овде се 140 - 150 денари ..е сега ценава сигурно варира во различни градови ..
    го користав веќе една година и сум задоволна ..ми помогна околу испуканите врвови .
     
  13. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Не можам да не ја мијам, ужасна ми е и ми паѓа многу ако ја оставам мрсна. инаку, како што кажав, користам регенераатор и глис (само на врвовите) и упорно коренот ми е мрсен, а врвовите пресуви. :@
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира, ми имаат кажано дека ако косата редовно ја потстрижуваш т.е еднаш месечно и така секој месец по еден сантим нема врвовите ич да ти расцветуваат , би требало да е така, ама дали косата ќе може да расте побрзо така или секогаш ќе си го има истиот облик.
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно секогаш ќе го има истиот облик и истата должина пошто косата месечно расте 1 см а ако секој месец ја стрижеш по 1 см ќе си стои во место
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Изгледа таков тип на коса имаш. Искрено и мене многу често ми се оштетува косата,и ми препорачале после миење на косата да нанесувам еден исцеден лимон само на врвовите. Така косата да поседи некои 10тина минути,па да се исплакне. Со повеќе вакви постапки,киселината го гори оштетеното,и тоа паѓа. Незнам колку е добро тоа,но мене ми дејствува колку толку. :)
     
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Колку често го правиш ова? И само оштетеното паѓа? Страв ми е лимонот да не ми го исуши влакното и да не не падне само оштетеното, туку да не почни да ми цвета цела коса... :worried:
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.934
    Допаѓања:
    163.984
    За виткање и исправање на косата,никогаш не сум сретнала,каде може да ги најдам?!
    Јас знам дека има за против цветање,за сува и оштетена,за фарбана коса и за сјај.
     
  19. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Темнорозевиот е за фарбана коса, а не за виткање. А за исправање ни јас не сум сретнала. :^)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    И јас не сум сретнала спреј за исправање. Имаше колекција Gliss за исправање, шампон, регенератор и маска, ама спреј нема.
    [​IMG]