Мојата има расцветани врвови овие денови треба да го средам тоа да одам до фризерката, но ми мака да си ја сечам , многу бавно ми расти косата.
Дали некој ги пробал ампулите од зегин?! Баш сега во каталогот ги гледав,има два вида,едните се околу 30 денари,другите околу 50 денари. Утре ќе ги набавам,многу ме занима ефектот.Наводно се за сува,оштетена,рапава и расцветана коса. Ама малце ме кочи да не ја затапкуваат косата или ваквите можда и само на половина коса се ставаат...
што ампули се? мислам што содржат во нив? и не се скапи може да ги пробаме па ако не се убави нема парите да ги жалиме ако ништо друго, и сигурно се само за на краевите
Може ли некоја да ми каже што има користено, за сува коса, Глис или Лореал? Лореал немам ништо пробано за коса, Глис користам, задоволна сум, ама ептен ги фалеа Лореал па совет ми треба.
девојки најдов една маска за коса со расцветани врвови: -1 јајце -и неколку лажички јогурт(за кратка коса-2-3лажички,а за долга-1 филџан) подготовка:изматете го јајцето и измешајте го со јогуртот.Нанесете ја на целата коса со благо масирање,особено втријте ја на врвовите.Завиткајте ја во најлонска кеса и оставете да дејствува 20 мин.
Прочитав наназад низ темава дека бадемово масло е добро за сува коса т.е. суви врвови и си купив. И сеа знам дека треба да стои на коса саат пред миење, само ме интересира колку често да практикувам? Ако е пред секое миење, имајте предвид дека ја мијам косата секој ден,па да не претерам со маслото..
користам се ама нисто фајде...и натаму ми цвета косата иако мозеби малце помалку.Ставам задолзително по секое миенје маска Орзене потоа силиконски капки и природно ја сусам косата.Фен не употребувам никако,ако треба и по 3,4 цаса ке ја сусам природно ама гледам фенот максимално да го избегнувам.Сепак косата и далје си цвета
Го земав ова, ама само еднаш имам ставено па рано е да кажам за ефект, а кој е тој спреј сите што го зборите, јас освен шампон, регенарот, маска и ова друго не видов
Јас Лилит ги купив Спојлер односно ми ги донесе една другарка, ама сепак нема врска и не сум многу задоволна .Ги користев околу два месеци, ама ефектот слабо некако.... Не дека воопшто не ми помогнаа туку проблемот е тоа што речиси косата од пола ми беше расцветана , а сега гледам малку е намалена, ама врвовите се уште се катастрофа за жал
Даниела ништо не може да ги спаси врвовите освен ножици, може да намали, прикрие, ама не и да и направи влакната како нови. Јас од Зегин користам едни италијански, 50 и нешто се и мене ми се супер.
Јас најдов чаре на врвовиве мои. Со оваа техника: Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=MVM8DUhdLyo Сериозно, се што ви треба се поквалитетни ножици и доста слободно време. Влакно по влакно, врв по врв, си ја средив некако, и сега немам потреба да одам на фризер и да ми скратат 10 цм. И користам еден шампон од Фитофал за расцветани врвови и тој доста ми помогна..
И јас најдов чаре - пола коса во отпад. Косава ко метла ми беше расцутана, и' немаше спас Летово многу ми се оштети косата. Пред да одам на одмор супер ми беше, ама кога се вратив.. лошо. И така фино лепо си отидов кај фризерката и цик-цак ми ја среди. Плус ми стави од ампулите што си ги купив од аптека. И уште еден плус е што сменив и шампон и регенератор. Фризерката ми рече дека Genera регенераторите биле многу јаки и ја оштетувале косата. Сега користам субрина, а од шампони сајос. Сега косава ми е Само што сакам многу долга коса да имам, а не ваква кратка Таман ке ја пуштам малце повеќе и ке треба да ја скратам ради врвовите. Ајде сега, со новиот шампон, регенератор, и редовно користење на ампулите се надевам на коса каква што посакувам. Долга, права и неоштетена. Уште болдираното ми фали
Анн не си единствена на сите на некој начин ни се оштетени косите ретки преретки се тие кои имаат долги јаки и здрави коси мојата коса е до половина но сега ќе заигра ножицата мн.ми е оштетена и целата ми се плетка,значи џабе ми долга коса не планирам во глата како метла да одам ќе морам да ја скратам до раменици фала богу што цела ми е иста порасната и рамна да ја сечам ќе можам така е полесна за одржавање отколу на делови и искрено косата ми изгледа мн.поубаво така и поздраво така да 100 пати се предомислувам оти косата бавно ми расти ама морам да ја сечам вака не расти пак ич само на врвовите ми се кини... потоа одржавање со советите на девојките овде
^ Затоа и ми отиде пола коса, си реков подобро со кратка и убава коса него ли да се шетам со метла на глава Ама некако многу кратко ми дојде косава, поубаво на ликот ми стои подолга коса и затоа сакам да ја пуштам. Мене ми се расцвета и оштети косата бидејќи многу долго не бев шишана, а и од сонцето самата коса се оштетува. Сега ќе ги шишам редовно врвовите и лека полека сама ќе си порасне Не сакам незнам колку долга коса, туку барем да ми се врати должината од пред неколку месеци кога ми беше со нормална должина и здрава.
Хехе, па веќе кога врвовите се расцветани, не помага ништо освен ножицата . Да ги споиш врвовите не можиш . И мнооогу ми е грозно која видам некоја заносна убавица со долга коса која се лее од ветрот, а видиш ли одблиску чиниш метла си закачила .
За расцветани врвови не помага ништо друго освен ножица, да се разбереме! А потоа ако сакате долга, здрава коса без расцветани врвови ќе си користите разни преперати освен пегла и фен (барем да се минимализира пеглањето и фенирањето ако ништо друго) Друго чаре нема
и + шампон за сува и оштетена коса.... хехехехе јас косата ниту со фен ја сушам, ни ја пеглам, и по 2-3 месеци од шишање имам расцветани врвови...
Јас кога имав долга коса ми се чини немав толку расцветани врвови,но во јуни ја скратив некаде до рамена ми досади веќе долгата коса и за промена ја скратив.Ама сега се јави проблемот со расцветаните врвови,инаку имам природно прекршена коса значи ако не ја испеглам или исфенирам не личи на ништо,не се знае ни форма туку онака стои без врска испрекршена. Не ја пеглам пречесто,туку 2 пати неделно ама сепак имам расцветани врвови. Го користам шампонот на илирија од бреза моментално,и регенератор на шаума,а на две недели му ставам маска на лореал онаа со црвено капаче што е,тотал рипеар. Сега кога имам време самата со ножичка прамен по прамен ги отстранувам расцветаните врвови единствено така, а понекогаш ставам маслиново масло од галафарм на врвовите и го оставам да стои еден час,исто така и бадемово масло ставам на целата коса за измазнување на влакното. Сепак кога се користи преса за коса се оштетува па што сакаш прави. Сега си мислам да одам кај фризерката онака само да ми ги отстрани расцветаните врвови без да се крати косата ако може,инаку се друго не помага баш многу.
јас имам еден проблем ,косава многу ми се заплеткува во моментов да ја исчешлам за некое време да пробам со прсти низ неја пак ми е заплеткана,а не да не ја исчешлам два дена после скубење има многу додека се исчешлам,исто така кога ја мијам нормално користам маска или регенератот и ми стои во пешкир да упие водата после прскам оние спрејчиња од глис за расчешлување убаво што мирисаат, и многу ми е сува, и не ја сушам со фен ,кажете ми некој лек ,некој шампон и соодветна маска поздрав