Најдобро решение за расцветани врвови е редовното шишање. Силиконските капки можат колку толку да помогнат, ама редовната посета на фризер е неизбежна! Косата си бара нега, но не и премногу хемикалии и што е можно помала употреба на фен и преса за коса.
Може е и до шишањето... Јас ко ја шишав степенасто повеќе ми расцветуваше, а сега ми е рамно шишана, башка 8 месеци не сум ја скратила а во овие 8 месеци, првите 3 ја пеглав на секој 2-3 дена и пак сега немам расцветани врвови
Јас имам едно можеби глупав прашање, ама сепак Бели точки на врвовивте се знак за испукано, пред цветање или?
Значи си правев некои експерименти со косава моја и навистина, дојдов до заклучок дека лек за цветањето на вровите се ножиците и само ножиците! Од јули навака, на прстите од едната рака се брои колку пати ја имам испеглано косата и колку пати го имам употребено фенот - ефектот е, да не речам ист како и пред тоа, само цветањето е побавно, за нијанса.
го имав истиот проблем, но косата ми живна откако почнав да ги користам Gliss шампоните, најмногу ми погна тој црниот, total repair. Викајте ме луда, но јас сама си земам оштри ножички и си го кратам метиолот, влакно по влакно, а и моите другарки почнаа... хаха, навистина делува, а кога ќе поминат 2, или евентуално 3 месеци откако последно сум била на фризер сеуште немам метил, ама сепак одам за да ми ги израмни малку врвовите, затоа што едно влакно м ие подолго, друго пократко
расцветаните врвови само ножици и кога се така убаво освежени треба да се одржаваат, природни маски или масла на пр.Рицинусово е одлично и тоа барем на секои 2 недели, регенратор обавезно, јас ставам класичен и leave in најчесто оној во спреј, после фенирање силиконски капки пожелно е почесто користење, јас на пример секој ден ставам посебно навечер кога излегувам, а може и масло некое мирисливо како на пр. бадемово, таквото грижливо одржавање на врвовите гарант ќе ги заштити, е сега неможеме да очекуваме за 6 месеци или година врвовите да бидат здрави, но сигурно ќе се намали оштетувањето.
И исхраната е многу битна исто така Значи ако сакаме здрава коса, без суви и расцветани врвови, мора да се храниме здраво, да внесуваме протеини во изобилство, исто и витамини, посебно витамини од Б групата, инаку се останато ќе биде за џабе.
Ја затворија темата сдп па ај тука ме интересира за ампули за коса ,значи какви користите и кои сметате дека се најдобри?
Па не би рекла дека е така. За расцветување на косата виновни се надворешните влијанија. Здравата исхрана го прави коренот на влакното поцврст, а не врвот, колку сакаш здраво храни се ти, ако ја пеглаш секој ден косата и ако не и ставаш средства за заштита - џабе ти е. Косата ќе ти биде може цврста и бујна,но врвовите и понатаму оштетени.
Па не ми беше муабетот дека здравата исхрана може да ги корегира расцветаните врвови, ако еднаш расцветале им нема спас, е сега муабетот е што да правиме за да не цветаат врвовите? Значи покрај редовна нега со масла, маски, регенератори, ампули и сл. исто толку важна е и правилната исхрана и внесување на витамини кои се важни за косата. Поназад читав како некои девојки се жалат дека ја негуваат косата со се и сешто, најквалитети маски и сл. а врвовите пак им цветаат за многу брзо време. Значи не е финтата само во надворешната нега девојки, обрнете малку внимание и на исхраната
Сите што не користите чичково масло да си купите Еве вторпат, 1 час пред миење ставам на врвовите (не само на врвовите скоро од половина коса надолу) и скоро воопшто не ми се расцветани врвовите.
Нема спас за расцветаните врвови, колку повеќе се фарбаш толку повеќе косата ти се оштетува, користам силиконски капки од Авон (зелените), само стрижењето на косата е лек изгледа, невозможно е да имаш долга, здрава и фарбана коса.
Да ви кажам што мене еден мн добар фризер од Лондон што ми кажа. Ако на пр пуштате долга коса, поретко на пр 1 на месец и месец и пол потстрижете ја малку. А расцветаните врвови воопшто нека не ве плашат дека не играат никаква улога, можеби само од естетски причини ако се забележува. Силиконски капки, малку ктаење од време на време и терајте
Јас немам ваков проблем , али сестра ми има, го користи ова спрејче на Авон и е многу задоволна. Пробајте го може ќе ви делува
Расцветани врвови,ама каков тип на коса,ако е мрсна тешко да ќе може да се употребуват некакви силиконски капки и сл.Јас имам пробано со шампон ШАУМА за расцветани врвови и имаше резултат
Користам капки од орифлејм и одлично помагаат. А нема шанси да немам расцветани врвови зошто често ја горам косата - ја пеглам/сушам/фенирам..и ондак то