Па јас не ја пеглам или фенирам косата воопшто често,но ете нормално си е тоа и мене ми цвета...Ставам понекогаш бадемово масло,кога ќе ми текне...
Кај мене ништо не делува освен шишање. И селиконски капки и свашта сум ставала и сфатив дека сето тоа само фрлање пари за препарати кои ништо не и помагаат на мојата коса. Ја шишам минимално на секои 3-4 месеци и многу поздраво и поубаво ми изгледа сега отколку кога ја труев со хемикалии.
Никогаш не ја фенирам, не ја пеглам а и ја сушам природно и во зима Затоа косата многу ми е убава и мазна, и многу ретко ми расцветува... Кога ќе ми расцвета, единствено решение ми се ножичките
За расцветани врвови зелената маска на Гарниер е најефикасна. Всушност секоја маска е ефикасна доколку знаеш како да ја користиш. Сите правиме грешка. Најчесто брзото миење по ставањето. Секогаш маска се става само на врвовите, и ОБАВЕЗНО СЕ ЧЕШЛА КОСАТА додека има маска и да отстои најмалку 5 минути.
И јас имам проблем со расцветани врвови. Но мислам дека го најдов решението. Во шампонот ставам 10 апчиња Б-комплекс и 10 апчинја Б6 тие помагаат за растот на косата, помалку паѓа, односно во целост се грижат за здравјето на косата. И од време на време ставам масло од кантарион само на врвовите на косата, тоа е убаво да се стави на цела коса но јас имам мрсна коса и ако ставам на коренот само ќе го забрза процесот на мрсење на косата. Сега сеуште имам расцветани врвови но не како порано . Порано требаше секој месец да одам на фризер за да ги шишам врзовите зошто брзо ми цветаа, а сега некаде после вториот месец почнуваат да расцветуваат. Се надевам дека во иднина ќе биде уште подобро. Ти можеш ако сакаш да пробаш еден месец, два па после ќе ни кажеш резултати. Позз
Чешел на мокра коса? Така повеќе се кине и се оштетува! Секаде каде што имам прочитано препораки за заштита на косата, пишува дека косата треба да се чешла откако убаво ќе се исуши. Кога е мокра е поосетлива и полесно се кине. Мојава коса гледам инает води, па во сред есен таа цвета Само редовно кратење и помалку употреба на фен и пегла за коса.
Јас предмалку завршив со пребарување расцветани врвови,се што најдов расцветано го скратив,е тоа ми е занимација кога нема што да правам. Гледам што помалку да ја пеглам косата,од пресата најмногу ми цветаат врвовите.А за утре планирам да ставам масло од орев на косата и посебно на врвовите,го купив пред некој ден,во 50мл шишенце,од Афродита козметика е. Пиши дека ги измазнува врвовите и оштетената сува коса,па сега ќе видиме резултат.
Маската ја измазнува косата и чешлањето нема воопшто да го искине влакното. Тие "тутки" коса која неможеме да ја исчешламе настанува со тоа. Маската од кога ќе ја ставиш МОРА да ја исчешлаш за влакната подобро да се прилепат инаку нема ефект, само пари фрлени за џабе. Којзнае колку маски имав сменето бидејќи расцветаните врвови само со шишање можев да ги решам, но откако ми кажаа за чешлањето тоа веќе не ми е проблем
Еве јас ќе си кажам за мене. Нема шанси да ја исчешлам косата ако не ми е со маска. Ако ја оставам прво да се исуши, после со чешелот војна ќе водиме, и косата многу повеќе ќе се искини, и се прават како јазолчиња. Значи има врска каква ти е косата. Ако природно ти е права, и не толку густа, полесно се чешла, па може да се четка и на сува коса. И како што кажа chocolate.chick маската ја измазнува косата, ја прави мека и баш за тоа и е наменета - за да може косата полесно да се расчешла. Јас никогаш не сум приметила дека ми се кине од маската, баш тогаш ми е најубава.
Јас имам убава долга коса и не користам бас ништо ни маска ни некоја субрина. Само со шампон ке ја измијам 2 пати ке исплакнам и готово. А расцветените врвови доколку е многи одма одам да ми ги скратат. Незнам вака сум навикната и вака карам.
Добро бе женски како да не ја исчешлам мократа коса кога со самото миење ми се заплеткува ако чекам природно да ми се исуши после тоа сум Боб Марли ... И тоа јас имам права коса затоа ставам регенератор нели последно миење ја ставам во турбан после ќе ја исчешлам и ја оставам да се исуши и кога како фен ... Кога сме кај расцветани врвови јас верувам само на ножиците ... Тоа што е изгорено е изгорено ништо не помага само треба да се отстрани .
И јас ја чешлам косата додека е мокра, зошто ако ја чекам да се исуши ни Чак Норис нема да може да ја отплетка Многу ми помага балсамот за коса на Нивеа. Но доколку ми се заплеткуваат врвовите во четката, без разлика дали е мокра или сува , тоа ми алармира дека веќе е време за кратење. Е сега, знам девојки што и покрај тоа што редовно се шишаат имаат рацветани врвови скоро секогаш. Имав таква во клас и знам што мака си мачеше со косата. Имам слушнато дека цветот на липа е лек за расцветана коса. Во филџан жешка вода ставете лажиче цветови од липа, изладете ја смесата и исплакнете ја косата со неа.
Пред 3 недели некаде се шишав, и пак ми расцветаја врвовите, исто како воопшто да не сум се шишала. Мојава коса е посебна, не знам што да и правам повеќе.
е значи ова косата ме пукна врвовите ми цветаат на 3 недели ставам маска на секое миење ставам бадемово масло е како да ја израснам да ми порасне долга HEELLPPP