Цветовите скрати ги целосно, значи да немаш буквално ниеден цвет зашто тие се шират нагоре. После подолго време не користи фенови и пегли. Плус сега е зима, ладно, треба да се пази и на тоа. Гледајте врвовите да ви се под капут, шал. Додека спиете пожелно е да не лежите врз косата, туку да ви биде над главата. Ги читав скоро советиве, а никогаш не ми текна дека и овие работи придонесуваат за оштетување на влакното.
И јас го имам истиот проблем, особено последниов период косата ми стана ужасна.Користам бадемово масло пред секое миење и го оставам некои 3-4саата, пијам пивски квасец таблети по 10-15 на ден,ставам регенератор,силиконски капки,спреј за заштита од топлина,откако се шишав пред месец дена пробувам да не користам преси воопшто па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Пробај нешто такво и ти. Приметувам мали подобрувања,ама сепак квалитетот на косата ми е сведен на минимум..не знам која е причината
деновиве купив чичково масло за коса, кое пред миење на коса го нанесувам на врвовите на коса, и на надворешниот дел од косата (кој е најизложен на надворешни влијанија). доволни е еден час косата да отстои со масло, убаво да се измие со шампон и регенератор. најбитно, по миењето косата лесно се расчешлува, а по сушњето на косата со фен, косата изгледа свежо. препорака!
Заборавив да споменам дека корисни се и силиконските капки. Моментално ги користам едни виолетови од Лаура Козметика и сум презадоволна.
Косата ја шишам на месец ипол.Ја фенирам чстао па користам капки за коса,регенератор секогаш и еднаш до два пати неделно маска.Не сум имала поголеми проблеми со расцветани врвови
Јас мислам дека најубаво е да се крати косата секоја недела, за да се спречи расцветувањето на врвовите. Ама ретко тоа кој го применува, најчесто никој нема време за тоа
Мене за жал ништо не ми помага. Пробав со домашни маски против испукани врвови ( ги најдов на интернет), со шампони , не ја сушев со фен неколку недели и пак ми е расцветана. Само еднаш ја скратив малку...., боли да се крати долга коса на секоја недела како што имаат погоре напишано. За жал изгледа само тоа е спасот
секоја недела да се крати јас ја кратам на 2-3 месеца по 1см и ми е долга и здрава косата некогаш и на 2 месеца ја кратам ако видам дека почнала да цвета али секоја недела хм
Не знам Скорпија. Шпагета има така напишано . Два посотви над мојот. Патем, како ја одржуваш косата? Користиш нешто регенератор, маски или не?
Сакав да ја пораснам малку зимава, но њет, што ќе ми е долга коса кога врвовите изгледаат катастрофа... се мислев да терам со масла и без употреба на фен и пегла, па после некое време да ја скратам. Но не можев да издржам повеќе, и ја шишав. Сега планирам да купам шампон од коприва, да ставам ампули, капки, се тоа, и час пред тоа-ореово на врвовите, а рицинусово на коренот, па да видиме. Користам и шампон за коса склона на расцветани врвови, од Шаума.
За расцветани врвови за жал нема друг лек освен ножички. Ако ви е страв дека многу ќе ве олупат на фризер ножичките во рака и барем малце од малце исчистете ги. Само внимателно оти не сакате да кратите по многу па на крај да се чудите што ве има снајдено.
daniela не користам ништо посебно за да ја одржувам бев купила спреј на глис како демек да спречи да цветаат врвовите на мене ми ја мрсеше косата користам регенератор од 85ден на генера од праска и хеден шолдерс шампон заради првутот иначе си користам детски менувам бекутан,косили,шаума,бубхен ставам силиконски капки од навика а и да ги потрошам да не стојат така редовно ја кратам на 2-3 месеца и пу пу да не си ја урочам долга ми е скоро до половината здрава не расцветана е сега јас не се фарбам можеби и тоа придонесува за по здрава коса така да од расцветани врвови неможе никој да се спаси и фарбани и не фарбани коси нормално е да се крати на 2-3 месеца ако сакаш здрава коса позз
Прво истрижете ги расцветаните врвови и кога со тоа ќе завршите трк до аптека да си купите рицинусово масло! Колку само ќе ми се заблагодарувате после...
а како го користиш? прочитав погоре дека женските ставаат еден час да им стои на коса пред капење, ама тоа ко многу време да ми е јас имам ставано бадемово масло, ама и на коренот ставав и не можев да го измијам после ко шо треба, па се откажав од оваа практика
Никако на коренот само долу. Јас си ја врзувам косата во репче и потоа репчето го мачкам со маслото. Го врзувам во пунџа и го оставам да стои. Колку повеќе толку подобро
Јас ставам бадемово масло и на врвовите, и плус го масирам скалпот со него. Па ја фаќам косата со штипка и го оставам да отстои еден час. Потоа убаво го измивам, два пати со шампон, а косата ми станува забележително посјајна. Можеби премногу ставаш од маслото, доволно е само малку да ставиш на скалпот и да го измасираш.
Од средина на косата па надолу. Никако на скалпот, ем тешко ќе го измиеш ем нема потреба да ставаш таму масло, сепак првенствено намената е за суви и оштетени врвови. А BTW еден час мене ми е сосема доволно, ако имаш време, слободно задржи го и подолго!