Расцветани врвови

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Ве читам и некои пишавте дека ставате од маслата само на врвовите или само на дел од косата, а баш таму кај што треба она најбитното место-коренот го избегнувате. Маслата ставјте ги на цела коса, немате никаква штета од нив само можат да ви помогнат. Вие го негувате оној дел кој во секој момент можеш да го исечеш. Никако не го избегнувајте коренот и кожата на главата, баш тоа треба да го негувате, од таму искача новата коса.

    И не се палшете дека нема да можете да ја измиете косата ако ставите од маслото на коренот, косата се мие без проблем, не останува никаква мрснотија. За поголем ефект кога ќе ја намачкате цела коса со масло, соберете ја косата и ставете кеса и на крај замотајте ја главата во пешкир. Маслото на коса нека ви стои најмалку 1 час, а ако имате време и повеќе нема никава штета.
     
  2. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Дали косата ви се мрси побрзо од вообичаеното на вас што ги редите маслата по целата коса , и дали се користи маслото пред секое капење или па на неколку капења или тоа зависи од тоа колку се оштетува косата?...и да уште ова по маркетиве ги има маслата или? :) :*
     
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522

    Јас не сум забележала побрзо мрсење, баш напротив. Не ставам на секое миење, само во недела а некогаш се случува и еднаш на две недели.

    А маслатта освен по маркети можеш да ги најдеш и во аптека :hai:
     
    На smiley-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Јас еднаш неделно ставам, а брзината на мрсење на косата ми е иста со и без масло да ставам. И независи од тоа колку ти се оштетува косата, јас фала богу си ја опоравив косата и сега ми е здрава па пак ставам од нив. Немаш апсолутно никаква шетета. Ги имаш и во маркетите и во аптеките, коштаат помалце од 100 денари.
     
    На smiley-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    И јас го имам истиот проблем.Редовно посетувам фризер и скоро никогаш не ја пеглам косата, но врвовите ми се константно испукани.Употребував Fitoval шампон за оштетена коса и балсам од Subrina, меѓутоа ефектот беше сосема мал.
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку само не се согласувам со тебе. Влакното кое расте, на делот кај коренот е ново и неоштетено, здраво. Стариот дел од влакното се врвовите и поради тоа испукуваат, и маслата се стават само на врвот. Испуканите врвови неможат да се опорават, само со стрижење односно нивно отстранување може да ги нема. Маслата помагаат визуелно да косата изгледа здрава на врвовите каде што слушност е испукана. А да не земеме во предвид дека ако се става масло на цела коса после и 10 пати да ја миеш со шампон си останува мрсна. Јас употребувам чичково масло само на врвовите, ставив еднаш и на цела коса и после ми стана мрсна како цел месец да не ми е миена. Секој ден ја миев и ја шампонирав по 2-3 пати за да ми излезе маслото. |(
     
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ^
    Од каде го зимаш чичковото масло и колку чини :wasntme:
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Од таа малата продавничка до Сара Фешн, за здрава храна. Околу 80 -90 денари е :) Ама го има во сите аптеки.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    И јас употребувам чичково масло. Ама проблемот е тоа што ако не го користиш барем две недели косата повторно има расцветани врвови.
    Хај , го има во секоја аптека мислам...
    80 денари е отприлика, 100 мл. :)
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Аха фала, прашувам бидејки до сега не сум користела ама очигледно е дека веќе ми треба.Сега прво на фризер да ги скрати оштетените врвови па потоа ќе користам масло и ќе имам здрава и долга коса.Валда :wasntme: :D
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас ставам само надоле по должината на косата, но не и на коренот. Се мие со 2-3 шампонирања ама некако не ми е сигурно па секогаш ја мијам по 3-4 пати, а тоа ми е малтретирање па престанав да ставам на коренот. Инаку кога ќе ставам косата после тоа ми е помека и мн помалце се приметуваат испуканите врвови, лек за нив е само шишање, но ако сакате да ги прикриете супер е ова. Моментално ставам бадемово масло, иако сите тие и чичково и маслиново ми се слични, освен што маслиновото е најмрсно, но мојата фризерка баш и него најмногу ми го препорачува, но што знам некако.
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Најдобар лек за расцветани врвови е една природна маска која треба да се употребува еднаш неделно.

    5 жолчки од јајца од потполошка или препелица, како и да се вика! :)
    1 лажица мед
    1 кафена лажичка бадемово масло.

    Се се меша, и се нанесува на косата и стои 40 до 60 мин. Ова е доза за долга коса, мојата е отприлика малку повеќе од половина грб, а се нанесува само на репот.

    Нека не ве грижи тоа што ќе се стврдне, лесно се одмива.

    Се надевам дека ќе ви помогне! ;)
     
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Точно дека врвовите се тие кои испуккуваат, а новото влакно кое расте од коренот е здраво и неоштетено, но тоа не значи дека не треба да го негуваш, туку баш напротив. Конкретно чичковото масло служи како остранувач на првут и спречува опаѓање на косата, па ти ако го ставаш само на врвовите сигурно нема да го спречиш опаѓањето на косата или првутот. Што на пример за да спречиш некој од тие проблеми ќе треба да го негуваш коренот, а не само врвовите на кои во секој момент можеш да им ги удриш ножиците. Маслото го храни и го негува влакното и неговиот корен. Нема никаква штета од користењето на маслото на цела коса.

    Ова го пишува на сраната на Галагарм како се употребува маслото.
    Маслото се нанесува на корените од косата и благо се масира кожата. Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.

    Не знам зошто не кожеш да ја измиеш косата од маслото, и јас го користам моментално чичковото и без проблем ја мијам косата со само две шампонирања, а ставам од маслото буквално на цела коса од коренот до врвовите.
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Масло се става на цела коса, и врв и корен. И не може да се стави премногу масло, може само премалку. Тие се бар рафинирани и на природна база, за разлика од шампоните кои имаат сто иљади хемикалии во нив. Никаква штета нема од масло, ниту пак не се измива, не знам од кај тоа. Сите масла сум ги измила со 2 пати ставање шампон. И колку подолго стои, подобро.
     
  15. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Распукани врвови = ножички! нема спас за тоа нешто!
    Маслата се ставаат на корен, и делуваат на скалпот.....некои масла добро е и на должината да се ставаат, како бадемовото, за омекнување! Но според мене, тие се за на скалпот + масажа!
    За должината ионака постојат маски за коса!.......
    Јас ова вака си го имам сфатено!
    Реално за да немаш расцветани врвови, треба да се откажиш од фенот и пеглата, друго нема! Така да тхеј аре еври деј проблем!... Само подскратување од време на време! Тоа е тоа....никое масло или серум не може да го залепи назад влакното!
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Јас си зборував за себе, дека чичковото масло се става на светла боја на коса. Јас сум смеѓа и ако ставам од другите масла, бадемово, рицисуново итн, може да ми потемне. Инаку немам проблем ниту со опагање на косата ниту со првут па затоа не ставам на коренот. Се излажав еднаш ставив на цела коса па да видиш како се мие после... :)
     
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Црешичке маслата можеш слободно да ги користиш на цела коса иако немаш некој конкретен проблем, на пример како опаѓање на коса. Ама ти сепак најубаво си знаеш. Јас немам фала богу никаков проблем па пак ги ставам на цела коса. Приметувам дека ми ја негуваат и одржуваат да ми биде уште поздрава, помека и поубава косата.

    А кое масло ја потемнува бојата на коса?
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Па слушнав дека чичковото масло е за светла боја на коса, а останатите за потемна. Инаку А-ј-а и да сакам неможам да ставам на цела коса бидејки мрсна ми е потоа и не се мие. Тоа пробувам да кажам веке во 3 поста овде. :) Мене така ми е мрсна косата па и масло, не оди, сум пробала.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    А епа тогаш оки, јас се извинувам погрешно сум те разбрала. Мислев дека ми викаш дека не трегба да се става од маслото на коренот. Како што кажав погоре ти најдобро си ја знаеш косата и што и одговара, а што не. Добро е сега се разбравме. :)
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Мојата коса е комбинирана, мрсна кај коренот а сува и ми рспукува на краевите, а ја шишам секој месец. Ако ставам масло на целата коса, ми се слепува веднаш. Мое мислење е дека нанесувањето на маслата треба да зависи од типот на косата! :)