Расцветани врвови

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Морам да се стригнам ,имам цел букет во главава ,а душава не ми дава ,однапред знам дека дотичното копиле од фризер ќе ме оштрака не 2 туку 12 цм.
    Од друга страна ,сакам уште повеќе да ја пораснам косава и во дилема сум - дали да се шишам или не.
    Совет?
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Јас сепак мислам дека подобро е да одиш да се шишаш, затоа што ако е како што кажувае дека ти е расцветана, тогаш подобро да го отстраниш тој дел отколку така да расте..
    Ќе му кажеш на фризерот дека не сакаш многу да те скрати и готово.. Е сега дека си додаваат по некој цм.. тоа да :^)
    И од кога ќе го направиш тоа продолжи со редовна нега, масла, амупли, маски ова она.. Така побзо ќе ти порасне, и поквалитетно ;)
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    MarchelineAmaru ако сакаш да ја пуштиш косата да расте, неизбежно е да ги кратиш врвовите не месец ипол до два. Бидејќи колку и да ја оставиш каква што е, таа ќе расте, ама нема да личи на ништо. Здравите врвови ја прават должината на косата убава и приметна.
    Верувај ми, од кога се шишам на месец ипол косата не само што убаво расте, туку и некако побрзо. На страна тоа што ми паѓа од времево, должината за пола година е премногу воочлива.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Едвај ја пораснав косава ми дојде некако убаво да си ја гледам така потпорасната косичкава КОНЕЧНО но, џабе долга ми беше кога немав здрава коса, немав никаква форма, и ми беше преееемногу оштетена на врвовите расцветана како метла ми беше. И што направив ?! КООООНЕЧНО решив да се ишишам и тоа машала убаво ја скратив, и шишки имам сега :$ Ем ми доби густина косата, ем поздрава ми изгледа и посјајна и влакното одма друго е. Косата расте, така да, не се замарам многу, многу знам дека ќе ми порасне за некој месец. Јас би ти препорачала да си ја скратиш малку да ти се освежи косата. Ако веќе не ти се допаѓа пак фризерот ( дотичниот како што го нарекуваш :lol: ) тогаш смени си фризер. Поздрав мила па ако направиш некоја измена се ишишаш прати ни сликче доколку сакаш да те подвидиме :wasntme:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    топло ги препорачувам силиконските капки од мароканско масло од авон што се плаво со златно ги користам еден месец само една капка ми треба за целата коса бидејки мн.се густи а за мирисот на косата да не зборувам прекрасни се...
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    што ќе ти е долга коса и целата метилосана неможеш да ја чешлаш и ја корниш од корен мора косата да се крати барем на 2 месеци кога косата има метил тој метил само нагоре и нагоре се качува по влакното и пука се повеќе и повеќе се дели на 3 на 4 едно влакно значи еден сантим мора тоа најоштетеното да се отстрани косата малку да почне да дише и да се освежи скратија малку а ако фризерот ти ја крати толку многу смениго оди на друго место најлесна работа....
     
    На MarchelineAmaru и BettyBoop25 им се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Ja скратив ,ја прежалив.
    Ми извади убави степени ,ми чкрапна некој добри 10 цм од косава ,но тоа не е најтрагичното.
    Ми ги истриши и шишките кои ми беа под веѓи ,сега ми се 3 цм над нив!
    Ко Џим Кери во Глуп и поглуп сум ;( ;( ;(
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mac22

    mac22 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    treba sisanje pocesto
     
  9. hearted

    hearted Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    за расцветани врвови , само на флизер му е мајката!
    океу .. можеш и со ножички сама ама неможеш убаво да се средиш ко на флизер :)
     
  10. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Од расцветани врвови нема спас освен да одеш на фризер.

    и оваа морам да ви го представам на sketchtoy :D
    http://sketchtoy.com/17906879
    Не можев да ја најдам таа сликата. :lol:
     
  11. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    [​IMG]
    Cпоред мене има спас :D ги користам овие капки против расцветана коса и баш помагаат многу се добри се викаат Advance Techniques и не се многу скапи околу 250 денари ;)
     
  12. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Многу ми се расцветуваат и морам секој месец да ја кратам.Многу ме нервира,сува ми е како метла.И ја кратам редовно така се справувам со расцветаните врвови :)
     
  13. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    како ги ставаш на мокра коса или на сува?
     
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    18.267
    Користев силиконски капки од локална парфимерија - 200 ден беа. Liquid нешто им пишуваше на кутивчето ( не можам да најдам слика). Бев многу задоволна, зашто и да имав некое залутано расцветано влакно не се познаваше.
    Сега 1 месец не користам ( не дека нема, туку ме мрзи да купам -.- ) и одма се познаваат, така да спасот ми е да си почнам да користам пак.

    Денес зедов масло од орев на Галафарм, па сега стојам со него, резултати ќе видиме понатака :)

    Sw3et.Ang3l - Ова од Авон колку што можам да видам е серум, значи на сува коса се става ( колку што знам), а и силиконските капки на сува коса откако ќе ја испеглам ги ставав.
    Ова маслово пишува дека треба на сува коса, пред миење.
     
  15. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Јас си ги порачав сега овие бидеќи многу ми ги фалеа и реков ај ке ги пробам, па ке видиме сега како ке се покажат. :)
     
  16. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    603
    Можеш и на мокра и на сува коса. Јас кога се пеглам ставам една капка на мокра коса, и кога ќе ја исушам убаво уште една и потоа пеглам. А кога ја оставам така тогаш зависно некогаш на мокра некогаш на сува. Ма да капките ја заштитуваат косата од топлина што значи подобро е пред сушење или пеглање да се нанесе.

    Инаку за расцветаните врвови само ножички, Јас сама се справувам со нив, секое влакно кое ќе го видам расцветано одма го крцнувам :P и така го избегнувам честото шишање во кое наместо 2 см губам 10.
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^Душиче фатална грешка правиш со капките пред пеглање, буквално ја пржиш косата, гледано од страна на материја(коса)+масло+топлина=прженицаИнаку силиконскиве капки се ставаат на сува коса ако претходно сте ја третирате со топлина, или на мокра ако природно се суши.
    Друго финтава на капкиве не е да спречат делење т.е. пукање на влакното туку да го камуфлираат со тоа што поради маслената структура ќе се "исполепат" и на да бидат толку лесно воочливи. Сличен ефект ќе имате и доколку на мокра рака нанесете минимално крема да ја растриете и потоа до рацете да поминете низ коса.
    Спасот се само ножиците и предвремени мерки за заштита, расцветана коса не се лекува. Наместо тоа подобро прежалете ги сантиметрите и исечете ги, секогаш е подобро пократка и негувана коса отколку долга и оштетена.
    Избегнувајте пегли, фенови и фигара, повеќе домашни хранливи маски, не ја тегнете косата и нема да цвета.
     
    На Srekichka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Јас фала му на бога немам расцветани врвови само што ми се крши влакното
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  19. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Спас за испуканите врвови е, редовно ставање, после секое мијање, силиконски капки или доколку ја пеглате и пред пеглање, и на места каде што врвовите ви се премногу оштетени, повторно ставете и откако ќе ја испеглате. ВЕРУВАЈТЕ ДОКОЛКУ ВРВОВИТЕ ВИ СЕ МНОГУ ОШТЕТЕИ НЕМА НИ МАЛКУ ДА ВИ СЕ ИЗМРСИ ОД ПОВЕЌЕСЛОЈНОТО СТАВАЊЕ СИЛИКОНСКИ КАПКИ.
    Јас ги користам силиконските капки од Авон, преубааави се!
     
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    сите ги користат и фалат тие изгледа се стварно убави :)
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.