Ако косата расцвета, неможе пак влакната да се соберат во едно. Спас само шишање. Јас на мојата коса приметив дека периодот кога многу ја пеглав секако и мнооогу повеќе ми цветаше и кршеше. Сега ја немам испеглано многу подолго време и веднаш почнува да добива живот
Во право сии ама се секој има храброст да ја скратува косата секој месец. Мене пример не ми е скратена од сепетември, тогаш премногу ја скратив и сеа страв ми да седнам ПОД НОЖ ..
Ако ти е страв,не оди Пробај да ги негуваш врвовите со маслото од арган од Авон,мене ме изненади,преубаво е ! Ми ја среди косата .
и јас многу ја пеглам и имам расцветани врвови бајѓи некни бев на флизер малце ми е скрати (пошто кратка ми е ) ама пак ми е расцветана.. полуправа ми е.. и немат лек освем пеглање .. флизерката ми препорача маска за коса.. ке земам утре.. па ке видиме како ке биде , ако има подобрување ке ви препорачам и вас
Да, види ако има добар ефект, па пиши или тука или во лп. Инаку јас престанав да ја пеглам константно цело време откако си се помирив со изгледот на мојата коса и почнав да си наоѓам убави фризури со природна коса
има ефект и тоа гооооолем на мојава коса. вчера е измив со маска и денеска ми е мн мека и одма е испеглав и ич не ми е разлетана. порано по 1сат над пегла стоев за да ја испеглам а сеа за 5мин свршив работа и многу убаво ми дојде.. Пробај верувам дека нема да се покаеш
Јас имам огромно подобрување на косата со оваа маска за коса релативно е ефтина, 100 и нешто денари, големо паковање е, има неколку вида со различен мирис. Јас ја користам оваа на сликата со кокос, другите се со различна боја на капачето. Најбитен ефект е тоа што расцветаните краеви не изгледаат како пајажина на сонце, косата има прекрасен сјај, и помага во намалување на расцветувањето. Јас имам природно виткана коса, и не би можела да кажам дали штити при пеглање на косата, ама на допир косата ми е милион пати помека и верувам многу полесно може да се исправи без многу горење со пеглата.
Јас имав многу расцветани врвови порано, една колешка ми кажа дека ги користи овие капки за коса за расцветани врвови. Па си купив и јас такви и сега косата супер ми е, не ми се расцветани врвовите како што ми беа. Откако ќе се избањам ги ставам капките.
Мене не ми се расцветани врвовите туку ми се како истенчени,значи имам виткана коса и никогаш не ја пеглам,ја кратам не толку редовно ама кога ја пуштам да порасне до пола грб секогаш ми се тенчи влакното,помош некаква да кажете,чаре некое
За расцветаните врвови, некое чаре мислам дека нема, зошто имам една другарка, така малце заостаната, не и става ништо на косата, ја мие само со шампон и тоа еднаш неделно, ја крати на пар месеци, зошто секако, има шишки, мора да ги скрати, само знам дека ја користи зелената маска на генера но не толку често, и сепак косата и е изгорена со метил, и многу сува. Можеби е до влакното, незнам.
Заборавив да надополнам, не се пегла никогаш, освен за прв ден училиште и за нејзиниот роденден, што е двапати годишно.
Дефинитивно, вистински лек за расцветани врвови е редовно шишање, се друго само ги прикрива да не изгледа косата толку оштетена. Јас искрено се и сешто и ставам и успешно ги прекривам врвовите, не изгледаат изгорени, но моето последно и најдобро откритие ( ако може така да се нарече) е следново.. Во подлабока чинија ставам мед едно 4-5 големи лажички бидејќи мене косата ми е долга, и млеко кое предходно малку го загревам за полесно да се стопи и соедини со медот. Додавам и малку бадемово масло, и испасирана банана. Косата буквално ја полевам со смесата ( така ми е полесно да си ја направам течна и да се полеам, одколку да се мачкам па да се залепам цела ), и ја држам едно пола час до 40 минути. Верувајте врвовите не се ни приметуваат, косата мноооогу полесно се пегла, има неверојатен сјај! Пробајте, многу е добро, и лесно се прави
Читам ова маска за коса ја фалите, па сакам да ја пробам и јас само ме интересира каде можам да ја купам? Фала од напред
Помагаат само ножици, расцетаното не може да се спои. И многу е битно какви се ножиците, да бидат квалитетни. Сум приметила од кај некој фризер косата не ми расти брзо и многу брзо се расцветува, а од кај некои не. И ставам силиконски капки на врвовите пред пеглање.