^ се согласувам. Заправо ќе ви кажам мој личен пример. Пред 2 години ми ја скратија косата од половина до врат, абе да ти пукни душата. Јас косава моја значи од кога знам ја прскам со спрејови на лореал елсив, на глис, ги имам користено жолтиот, па портокалевиот, сега розевиот и во план сум пак жолт да купам. Регенератори, маски, масла, силиконски капки, спреј за заштита од топлина, увек сум користела. А лани, јас паметна џоа ке си направам омбре со хидроген, само што ја портокалосав на врвовите ништо друго, па се исфарбав црна. Од кога ми ја скратија толку, досега се имам шишано точно три пати, косата ми е скоро до половина, скоро без ич расцветани врвови, здрава сјајна а ја пеглам често, да не речете од тоа е. Во споредба со моја другарка, која има преубава густа коса, ништо не и става, не е ни фарбана, ниту се пегла толку често колку мене, и многу поредовно се шиша од мене, ептен брзо и расцветуваат врвовите, дури и не беше отидена на шишање неколку месеци, косата метла и се направи, и мораше да ја скрати до рамо. Сега можеби зависи и до влакното, ама сигурна сум дека е и до негата. Да не ја негував толку, незнам каква ќе ми беше сега. Поентата не ми е дека сега и вие мора да користите триста чуда за коса, ама мислам дека тврдењето дека тоа се само хемикалии кои и штетат на косата, не држи вода.
Со добра нега на косата, расцветаните врвови нема да се голем проблем. Регенератор, маска за коса, силиконски капки. А пред се редовно скратување на косата по сантим-два.
Леле луѓе јас пред 3 недели се стрижав и сега цела коса ми расцвета чаре. Некој крем шампон нешто слично ?фала од напред
Освен редовно потскратување на врвовите друго решение нема. Се ежам кога ќе видам долги коси ама со расцветани врвови до немај каде, мислам која е поентата да одржуваш таква коса
Се согласувам со Rama, подобро пократка а сјајна и неоштетена, отколку долга, а како метла. Откако расцветала косата џабе веќе се', а за повремено силиконските капки ги мазнат врвовите.
Веќе кога го имаат речиси сите тој проблем (а верувам и вие), зошто ги осудувате другите. Ако косата си е склона кон двоење, ниту една ножица и ниту една должина на коса нема да помогне. Познавам девојки кои имаат кратки коси но бидејќи косата им е сува, им е склона кон двоење. И сега тие треба сосема да се ишишаат само да не им се познаваат расцветаните врвови? Не. Си има соодветни решенија кои го намалуваат двоењето на косата или барем визуелно го намалуваат и не значи дека ако некој е склон кон двоење на косата, треба сосема да ја скрати. Тоа не е решение туку привремено и многу краткотрајно решение. Доколку девојка има долга коса и речиси целата коса и е раздвоена, е тогаш веќе оправдувам секој коментар. Не може раздвоеното да ти е подолго од здравата коса. И мрсната коса е склона кон цветање/двоење. Навикната е на корените да е постојано мрсна и кога ќе порасне и притоа не се употребува соодветна нега, нормално дека ќе се раздвои.
Можети ли да ми кажете што да и правам на мојата коса,имав долга коса ама бидејки нонстоп имав расцветани врвови и ја скратив прилично многу,ја израмнив се средена супер...Тоа беше пред 1 месец,од тогаш само три пати ја имам пеглано,а веке почнале испуканите врвови Многу ме нервира тоа,незнам веке што да и ставам.Ве молам некој ако го има сличниот проблем нека ми пише...
Пробајте со ова. Мене ептен ми помогна. Го има во сите поголеми супермаркети. 50 мл за околу 260 денари. Се става само на врвовите на полусува или сува коса. Не се плакне. Мене ми е алфа и омега во негата на косата http://www.glisskur.de/glisskur/de/de/h ... fluid.html
А го има малецково спрејче кај нас низ маркетиве? Таман мене ми се потроши спрејот од колекцијава од кој сум навистина презадоволна - се немам шишано од август, косата ми е премногу порасната, но врвовите се минимално оштетени и деновиве ќе ги средам на фризер, но муабетот ми беше дека навистина мене ми беше функционален и не се сомневам дека ќе биде поинаку со ова другово.
^Мишела ако мислиш на тоа што го има поставено elanor. Тоа не е спрејче, тоа всушност нешто како крем кој се става на врвовите. Го има, јас го имам видено секаде ова
Да ти кажам, ниту прочитав што е, ниту какво е, само ја прочитав пофалбата и ја отворив сликата. Вака навидум на спреј ми подзаличи, ама што и да е ќе си го купам.
И јас следно наместо силиконски капки планирам ова да го земам . Иначе, сакав да кажав текстурата му е како крем а овде пишува флуид .
Овие на глис кај се најевтини да се купат? Знам за ДМ дека ептен одскокнуваат со цените. Маскиве на глис сеа се намалени до 20ти, ама остатокот? Кај да ги бараме?
Мене воопшто не ми цвета а ми е баеги долга. Но некако врвовите ми се суви. Целата е мекана само врвовите на најдолгиот степен се сувички, а не се фарбам. Чаре?
Го имав истиот проблем и го решив со силиконските капки. Помага,верувај!Но,не ставај премногу зошто некогаш косата како мрсна изгледа. Се надевам дека ќе ти помогне,бидејки друго решение нема за сува коса/врвови.
DigY и мене ми е иста таква косата, имам повеќе суви од испукани врвови. Со користење на маски, силиконски капки и маслиново масло помеки ми се.
И кај мене исто Косата ми е здрава, густа, само со врвовите се мачам. Маските ми се многу тешки и ми ја мрсат косата, силиконските капки исто така. Ова кремчево онака случајно го земав . Видов шеа путер дека содржи, а јас сум зависна од шеа путер Инаку во тубичка е, има текстура на полесен крем и е ептен делотворно за оние кои со врвовите си имаат мака. Длабински го храни влакното без притоа да го прави масно. И преубаво мириса Трае доста долго - мене ми трае скоро цела година, а јас имам долга коса и ја мијам на три дена. Иако пишува дека може да се нанесе и на влажна коса, забележав дека на сува коса најдобро се нанесува. На влажна се чини како да се налепува. Се истискува малку на прстите и лесно се втрива на врвовите од косата. Му требаат само неколку минути за убаво да се впие во косата . И voila мека, мазна и миризлива коса Да напоменам дека овој флуид не е за коса која е сува, туку само за суви и испукани врвови. Сува коса си сака да биде хидрирана и нахранета по должината на целото влакно и за таа ситуација најтопло ги препорачувам маските на Keune. Малку се скапички, околу 840 денари, ама успеваат и најмртвата коса да ја оживеат.
И спрејчињата и дел од шампоните се намалени, не само маските. Мислам дека попустот го има во сите поголеми маркети и последниот спреј го зедов околу 150 - 160 ден. ама од таму каде што го зедов, после една недела го немаше попустот.