Во тинекс се намалени? Јас колку што се секавам беа по 199 денари спрејовиве во повеќето маркети а и ДМ ама тоа не е на намаление Ај ако има некој за сигурно да знае и каде се намалени нека извести Се си мислам дека ако користиш препарати од иста линија ке има подобар ефект отколку да мешаш различни линии. Уствари и читав некаде за ова
Спрејовите се намалени на 159ден. во Жито маркетите. Мислам дека попустот уште трае. Ги има локациите на нивната facebook страна
И јас често си ја кратам косата бидејќи многу ми распукуват врвовите ама само по малку. Друго чаре нема
И мојата коса цвета колку и да ја пазам. Еве пегла си купив еднаш само се испеглав, фен и не паметам од кога немам користено, постојано пред миење и ставам маслиново масло, ама гледам пак се двојат некои влакна. Порано кога не користев толку често масла, обавезно ставав маски, ама пак исто. А во врска со ножиците на фризерките- можам да кажам дека има врска. Еднаш отидов кај една друга, не кај мојата што одам веќе со години. Малце ја скратив косата, а кога излегов, после некој час гледам расцветана. Не можев да верувам како е можно кога истиот ден се шишав, ама ете можело. Ќе треба пак да ја скратам малце. Не знам кога ќе имам долга коса каква што сакам. Не дека ми е кратка сега, ама сакам уште 7-8цм да ја порастам.
Често имам расцветани врвови,но не сакам да одам на фризер.Имам долга коса и штом отидам таа одма да ме иштричка до раменици. Колку пати и велам само расцветаните врвови,косата не ја кратам,таа упорно си продолжува. До сега 2 пати ме има ''осакатено'' и веќе не одам.Затоа сега дома сама врвовите си ги потшишувам,зошто планирам косата уште подолга да ја пуштам иако ми е до половина.
Јас редовно си одам на фризер,добра ми е фризерката и секогаш кога ке заприметам малку раасцветанко го секнувам или ако повеќе имам расцветанки врвови одам на фризер
Очигледно сите го имаме истиот проблем - расцветани врвови и единствен спас од тоа е скратувањето на врвовите, мене тоа ми се покажало како најефикасно во план сум да пробам со силиконските капки или некое спрејче, па ќе видеме што ќе испадне
овој продукт го користам за расцветани врвови и прекрасен е. Косата ми ја прави мека, нежна, ја чешлам брзо и супер мириса исто така мирисот долго време стои.
За расцветани врвови најдобро се покажале ножиците се шегувам Се зависи од типот на косата и како се грижиш за неа. Јас немам проблеми со расцветани врвови, а реално и не нешто многу се грижам.. а пак ете добро е..
lal Јас имам етерично масло од рузмарин на Биофарм.Тоа е мало стаклено пакување од 10 мл. со неограничен рок на употреба,а го земав од Зегин пред 2 год. 90 ден.Овие масла не се нанесуваат директно на кожата.Неколку капки се раствораат со една лажица алкохол и малку вода.Растворот треба да отстои 2-3 дена и потоа можеш да го нанесеш на косата.Малку е тежок мирисот,но ефектот е добар. Го имам користено на скалпот.Поздрав
LUGE NE VE MOZAM ZNACI Vikate glavna uloga vrsele noznicite kaj frizerite ova ona, da se stavele vo vrela voda ABE AJDE Ko so neam vreme za niso use frizeri da menjam a baska i da im otidam tamu i da im recam Izvinete ama stavete gi noznicite eden saat vo zeska voda ili smenete gi oti vrvovite pak kje mi cvetaat NO WAY. Ve molam dadete KORISNO RESENIE , VE MOLAM !
и мене флизерка ме има така ошишано многу се изнарвирав зошто требаше после неколку дена да одам на одмор и од тогаш очи не и видов. Сега флизерката ми е супер пе потшишува како што сакам, исто така имам и густа коса како ми ја имаше средено алал да и е сега косата ми е топ и планирам да ја растам зошто таа ми вика деке убаво ке ми стоело и ке ја послушам
Зошто да не? Дали ножичките ќе ги држиш ти или професионалец, околу неколкуте милиметри воопшто нема да направи разлика. Само внимателно. Нема потреба да фрлаш пари за само неколку милиметри на 3-4 праменчиња.
Денеска во Дм барав силиконски капки за суви врвови. И продавачката ми го кажа ова на Балеа ( како на сликичката подолу). Дали некој го има користено, да напоменам не е за суви врвови туку за расцветани.