Сум слушала нешто за оштетена коса дека помагало да ја измиеш косата со јајца, незнам што, глупости, не верувам.. Иначе се согласувам дека мора да ги скратиш расцветаните делови, џабе ги чуваш, неможеш да ги спасиш. И избегнувај пегли, фенирања, сега летото барем, нека се суши сама, виткај ја со нешто има 10000 начини.
Јас многу водам сметка за косата-редовно ја шишам, користам квалитетен шампон, маска, ампули. Нон-стоп ја фенирам, па најверојатно од тоа ми се расцветуваат врвовите. Го купив од Авон серумот за суви врвови, ама сеуште не сум почнала да го користам. Вчера се шишав, па фризерот ми кажа да си купам капки од арганово масло и да ги ставам на врвовите. Така да, прво ќе пробам со серумот, па после и со аргановото уље, па ќе видиме.
Најдобар начин за отстранување на расцветани врвови е редовно стрижење и негување според типот на косата. Препорачливо е на секои 6-8 недели да се скарти должината за да се обновува влакното. Сувата коса е најподложна на пукање и расцветување,па и опаѓање доколку не се третира соодветно.
Јас одам на секои два месеци на фризер за да ми ги острижа врвовит за 150 денари,барем за 150 денари ќе нема да се малтретирам.
Јас го купив овој серум на орифлејм. Дали некоја го користела? Дали дава добро резултати?? Мене ми се чини добар па ќе видиме. Иначе го земав поради сувите и расцветани врвови пошто не сакам уште да ја кратам. При крајов на летото сум во план да ги скратам само врвовите
Јас го имам користено и не сум баш задоволна. Мислам дека уштем повеќе ми беа суви врвовите и се заплеткуваа и не се чешлаа. Ако не сакаш да ја кратиш би ти го препорачала од авон синиот серум или уште подобро маслиново масло. Јас кога користев маслиново масло многу време не ја кратев и воопшто не изгледаше како да не е кратена.Многу ми зајакна косата и немав расцветани врвови.
Исто и ореовото масло е супер, мене ми ја спаси косата - долга ми е и фарбана плава и пролетва нешто многу ми се исуши, дури како слама ми беше на допир. Почнав пред миење да нанесувам од маслото, после 2, 3 недели косата веќе беше оправена Го нанесувам веќе 3 месеци и да не се подречам ама немам приметено расцветано влакно
Јас ова го купив, но некако мрсно е многу или што знам Мене исто ми е плава ама дека првапт ја фарбав и доле врвовите ми ги изгоре а имам долга косаа. И врвчињата сега ко слама ми се, мислев некако да ја подоппрам да не изгледа грдо дур ја скратам Ајде ќе пробам и со маслиново масло да видам што ќе направам. Само кажи ми, како го нанесуваше, на колку време, на сува коса како?? се одмива, не се одмива??
Маслото можеш да го нанесеш на целата коса или само на врвовите, пожелно е да го оставиш барем половина час, но ако не се брзаш, држи го на коса колку што можеш повеќе (час, два, три...). Го нанесуваш на сува коса кога сакаш но штом си приметила дека ти е оштетена, ставај го пред секое миење. Исто така, додека го држиш маслото, проверувај ја косата, ако видиш дека косата го впила, нанеси повторно - мене ова ми се случуваше првите неколку пати, тогаш ми стана јасно колку ми била сува косата... Се мие најнормално, само можеби на првото шампонирање ќе треба да ставиш малку повеќе шампон. А капкиве од Орифлејм на каква коса се нанесуваат? Тие од Авон ги ставам на мокра коса и сум супер задоволна.
Овие од Орифлејм пишуваше на исушена коса дека се ставаат. Ама дека 2-3 пати сум ставила и не знам дали делуваат. Затоа побарав некое искуство со истите дали се добри. Јас сакав од Авон- прозирно со зелено што се најпознатите, ама мајками овие ги нарачала по грешка и ајде овие ми ги донесе А дали маслото ќе ми напраи некој проблем пошто косата мене брзо ми се мрси, а само врвовите ми се суви ради фарбата што ги изгоре?? Да не ми ја мрси повеќе или нема врска??
Мислам дека не би требало маслото да влијае врз мрсењето ама ако ти е шубе, ставај само на врвовите. Исто така, пробај да ги нанесеш капките на влажна коса, може ќе бидеш позадоволна.
Дали некоја ги има користено ова или ова да ми препорача кое да го земам, се мислам помеѓу овие или добро познатиот серум од авон со арганово масло? Кое од овие има поголем процент на арганово масло?
Можи да го пробате и овој начин ако не можете секој месец на фризер. https://www.youtube.com/watch?v=vzdqMXERLLw
Девојки во списанието на космо видов третман за обновување на косата на Сајос еве овој цената му е 317 ден, не е баш скапо и сакава да ве прашам што функција има и дали сте го пробале како сте задоволни ?
Ако не се лажам ( не сум сигурна) ама мислам дека силиконските капки се ставаат после пеглањето или пред незнам како оди тоа оти не користам за да не се оштетува косата. Е сеа јас пробав се и сешто ама на расцветани врвови освен ножица друго не помага. Ако ти се расцветани врвовите најдобро е ишишај ги и внимавај во иднина не ја пеглај/фенирај косата и дури тогаш пред пеглање можеш да користиш силиконски капки. Ако згрешив некаде поправете ме.