Јас имав многу оштетена коса имав два пати ставано бланш и 12% хидроген и ептен ми се оштети . Пред еден месец ја скратив околу 10-15 см и ја зедов целата колекција на Pantene (шампон , регенератор и маска ) за оштетена коса беа на попуст во една кутија комплет и сега веке месец дена ја користам ама презадоволна сум косата убаво мириса,мека , не се мрси , здрава и сјајна . Исто така купив и спреј за заштита од горење и го нанесувам додека ми е мокра косаата без разлика дали ке ја пеглам или не .
Зелените капки од АВОН се доста добри!!! Но, да не се става голема количина бидејќи можи да се дојди до несакан ефект-да изгледаат врвовите како мрсни...
Само редовно кратење на косата (пример 2-3 пати годишно, бидејќи секој месец е многу брзо да ја кратите по 1 цм, бидејќи косата во просек месечно расте по 1 цм) и зелените капки од авон се предобри. Јас лично цело лето не ја скратив косата и воопшто не ми се појавија расцветани врвови бидејќи ги користев тие капки. Искрено, не можам без нив, не само што заштитуваат, туку и мирисаат предобро
Имам сува мека коса и постојано ми е со волумен и расцветани врвови, сега пред две недели ja стрижев не многу ама доволно и фризерката ми рече за еден месец дојди пак пошто не ми е исчистен скроз метилот,а сакам до лето бар да ми порасне под рамења и не знам што да правам. Земав за прв пат ампули Б12 Б6 И Б1 две дози ги ставив во шампон од коприва- палмолив и за растрење очекувам па сеа ќе видиме, па со растот сакам да ми е сјајна како свила косата пошто ми е мека и сува не знам такво ми е влакното не можам веќе да ја трпам кажете шо да ја правам .. а во меѓувреме не користам регенератор и капки или маска ... Дај ве молам помогнете мииии <333
Ако веќе не користиш маска, тогаш пред секое миење стави масло на косата било какво нека ти отстои бар саат време па после измиј ја, а можеш и од кога ќе ја исушиш да ставиш многу малце но само на врвовите. Како и да е освен ова би те советувала да ставаш и маска на косата колку толку тоа ти ја прави косата помека.
Обиди се со редовно кратење на врвовите - барем на секои 6 месеци. Исто така има хранливи маски за коса кои можеш да го подготвиш во домашни услови, кои ќе помогнат. Јас нанесувам масло од лаванда еднаш неделно, но ги одбегнувам корените и тоа ми помага против расцветани врвови и косата мириса прекрасно после тоа.
Имам слушнато дека сварен чај од листови од орев многу помага за згуснување на косата и зајакнување на влакното. Исто така, се надевам дека и оваа маска може да ти помогне: Рецепт: Масирајте ја косата со пола чаша павлака или нанесете јогурт на оштетената коса и оставете ја да отстои 20-тина минути. Исплакнете ја добро со топла вода, проследено со наизменична ладна вода, потоа исплакнете ја со шампон како и вообичаено. Овој третман може да се повторува на секоја 2-ра недела. Позајмено од: http://boza.mk/2012/8-preparati-za-kosa-koi-mozhe-samite-da-gi-podgotvite-doma/
Имаш во секоја аптека, маркет или продавница за козметика. бадемово, кокосово, чичково, оревово (ако имаш кафена коса), маслиново. Според мене кокосовото е најдобро за расцевтани врвови, исто и бадемовото. Кокосовото во тегличка е многу добро околу 300 денари му е цената по аптекиве ама ќе го користиш многу долго. Бадемовото е нешто помалку од 100 денари во стаклено шишенце е. Нанеси на косата неколку саати пред да ја миеш да стои, потоа измиј си ја косата вообичаено. Маски за коса исто така имаш во секој маркет, Лореал Гарниер, Орзен, Генера... За сите типови на коса има, ти земи си за сува ако веќе сакаш да си купиш. Во големи кутии се по 200-300мл. Цените им се од 200 до 300 денари. Еве ти пример како изгледаат: Има упатство за употреба, се држи неколку минути на мокра коса одкако ќе ја измиеш па после се плакне. СО редовно користење има подобрување. За побрзи ефекти ти препорачувам маска за коса да си земеш, малку оправи ја косата па после продолжи со масла да си ја негуваш.
@ALISA0000 Извини што не пишав поскоро, во фрка сум цел ден. Најдов уште една маска со цимет, маслиново масло и мед. Оваа ми изгледа подобра, но ти најдобро можеш да си процениш: Во еден сад ставете пола шолја жешко маслиново масло и додадете лажичка цимет и лажичка мед. Кога смесата ќе се олади, измасирајте ја косата со неа и оставете ја да делува 15 минути. После тоа исплакнете ја со шампон и постапката повторете ја секоја недела за да го зајакнете коренот на косата. Маската од цимет го спречува опаѓањето на косата.
Најубава комбинација масла се кокосово и бадемово масло јас ги измешав и во ладно она кокосовото баш убаво се згусна тоа е комбинација против цветање на врвовите.
Некои феминки го имаа спомнато спрејот кој спречува пукање на врвовите и заштита ама не спомнале од каде може да се набави?
Јас го купувам од кај мојот фризер, он директно го нарачува од претставниците. Досега не сум го видела во ниту една продавница во градов. Инаку, е супер, јас го користам неколку години.