Девојки ако веќе почнува да ви се двои влакното, ништо тука не може да помогне за да оно пак се залепи и биде целосно. Единствено решение се ножички. А ова сите останати третмани, масла капки регератори, маски, ампули, спрејови против топлина, се е тоа да спречи да расцвета косата. Ама откако ќе расцевта ништо повеќе не може да помогне, освен шишање. Јас сум презадоволна од маслото за коса на Балеа, она со пумпица што е. Е сеа денес ми рекоа имало и капки за коса на Балеа, кои ептен убаво мирисале, долготрајно, ем не се скапи ем се многу подобри од оние на Авон. Ме интересира дали сте ги сретнале? Не знае да ми објаснат убаво кои се тие.
Каде можам да ги најдам маслото и капките барем за да ми биде поцврста? Иначе се шишав пред неполн месец и еве пак ми се уништи
Да се самоцитирам, сеа пак зборев, и ми кажаа дека уставри мислат на истото масло кое и јас го користам, по грешка го сметале за силиконски капки Инаку @17.06.'15 јас колку што знам Балеа има само во ДМ, ако грешам нека ме поправи некој. А знам како ти е, мајка ми мачи мака со таква коса, постојано и е сува. Можеш да пробаш да си пиеш таблети на витаминска основа, имаше едни другарка ми ги пиеше и беше ептен задоволна. Имам пишувано низ темиве, ако не ти е мака побарај. Ептен се добри и за коса и за кожа и за нокти, а и не беа скапи воопшто некои си 170-180 денари а даваат ефект навистина.
За врвови , а и за цела коса најубаво масло е масло од Арган. Мене врвовиве ми беа катастрофа. Ставив неколку пати од маслото и го оставив преку ноќ. Сега сите ме прашуваат дали сум се шишала , и што сум направила со косата зашто ми е преубава. Комплименти од сите страни
Па мислам дека за расцветани врвови најдобри се маслата. Ги има од кокос, орев, бадем... Јас моментално го имам од кокос, но не го користам често.. Користам силиконски капки од Авон, зелените, жолти а јас ги сакам те најмногу ми се свиѓаат тие 7 repair- розеви се мислам. Долгата коса бара нега па затоа употребувам регенератор за да не се кине и полесно да се расчешла,,
Веројатно се работи за овој серум за коса, јас го имам и сум презадоволна.Не содржи силикон, мириса преубаво и ги негува врвовите
Не не е серум Пишав погоре, по грешка ми рекоа серум ама мислеле на истото масло кое и јас го користам.
Аааа се извинувам тогаш, бидејќи серумот е многу сличен на силиконски капки, па затоа помислив дека на него мислеле
На кератинско исправање. Втор пат и тоа и тоа се забувам. Еднаш си реков ајде не биле Ок у салонов околу 3000 беше и после една година у друг салон пак ист резултат - убава коса, тоа да, мазна и здрава но исправање нема без пегла.
Бадемовото може слободно, единствено не би ти го препорачала маслото од орев затоа што има тенденција да затемни малку (не веднаш со текот на времето). Исто така и раствори за исплакнување на база на коптива затемнуваат, јас ги правев за зајакнување на косата, имаат ефект косата е поздрава, ама почнаа да ми ја затемнуваат бојата па престанав.
Ок фала. А дали ако ставам 1 или 2 пати масло од орев ќе има ефект и дали ќе ми потемни многу или за нијанса?Или и од бадемовото ќе ми се зајакни косата? ми треба нешто за зајакнување , оти во последно многу ми паѓа и ми се крши , иначе користам кокосово, чичково , рицинусово, квасец ама нема никакви резултати . Од ко ја исшатирав ми се чини дека пола коса ми падна.
Кокосовото масло е добро за раст на косата ама треба да бидеш упорна. Ниедно масло не функционира од два пати. Од ореовото масло нема да ти потемне од два пати потребно е повеќе време и процесот е постепен.
Ако сакате да не ви се расцветува косата , НИКАКО не ја сушете со фен и никако не користите пегла. Сувиот воздух и високата температура ја оштетуваат косата премногу , јас гледам разлика веќе 2 месеца ја немам сушено косата со фен а пегла не користам никогаш.
и мојата коса е сува,оштетена до крај,скроз.И си купив бадемово масло...пишува дека е за сува,оштетена коса со рацветани врвови..па ке видам дали ќе има некоја разлика..и нема да ја пеглам некое време,додека маслото го ставам...баш да видам разлика дали ќе има