Религиозно користам кокосово масло пред секое бањање Гарантирам дека помага, заштитува и спречува цветање на косата. Но, без редовно шишање на секои месец, два нема ефект и секако пеглата за коса во канта
Братучедка на мојата другарка која има коса до под раменици, порано и беше многу густа но сега не и е, исто така врвовите не многу но и се расцветани. Таа ме замоли да ве прашам дали знаете од искуство нешто по можност сама да го направи со што ке и се згусти косата, ќе и порасне подолга и како да не и појде косата со тоа што ке ја стрижи од расцветаните врвови затоа што обично на фризериве им велиш еден прст да пресечат они колку цела рака сечат
Нека пие Мерц таблети и редовно нека оди на фризер. За убава долга коса треба нега, време и трпение. Кога ќе почнат да расцветуваат врвовите ако не ги скратиш тие после се повеќе одат нагоре и кога-тогаш ќе мора да ги скрати. А што повеќе чека, тоа погоре ќе мора фризерот да шиша. Барем 3-4 месеци ќе и треба за да забележи некакво подобрување.
Ги имам испробано скоро сите спрејчиња на Глис (освен овој) и не сум задоволна,немаше никаков ефект. Посебно тој од шеа-путер што го користев мислев дека повеќе ми ја уништи косата, чиниш со секое нанесување ми пукаат врвовите. Најдобар лек за расцветани врвови се ножици. Пробај да ја скратиш па дури потоа третирај ја со заштитни средства, маски, масла.
Па за кратење, ја кратам, но сакам да пробам нешто ново. Го видов во еден маркет и прочитав дека делувал и на премногу оштетена коса и дека не се плакнел, па затоа прашав. Ама добро е и ова да се знае, па макар и негативното искуство. Барем ќе знам што да не купувам.
За расцветани врвови само ножички. Туку мене друго ми е муабетов. Ја избегнувам фенови и пегли/преси и пак имам проблем со суви врвови, а сега откако правев омбре уште толку ми се исушија. Ја вратив на некоја нормала да речам со една маска која ја купив во жито маркет а се покажа како доста добра во мојов случај. И користам капки од авон. Имам доста читано дека маслото од арган е предобар третман за косата, а и последниот пат има месец како бев кај фризерката кај која ја третирам косава, почнала да го продава истото, како масло и како шампон. Арно ама 30 мл масло од арган е 930 денари некако многу ми се, додека пак во обични продавници и аптеки може да се најде од 100 денари па нагоре. Разликата била во концентрацијата на арганот во самото масло. Па ме интересира дали некој знае, колкава концентрација на арган би била доволна за редовно користење на маслото?
Za rascvetani vrvovi spas se nozici i kokosovo maslo da ja macka kosata i posle pola sat da izmie ali da ne go macka korenot samo od polovina kosa A za zgusnuvanje neka pie b compleks tableti da gi pie 2 pati ne den po eden, ali nautro pred jadenje i koga kje go ispie 1 sat nisto da ne jade i navecer taka Eve se nadevam deka pomognav malce
да за расцветани врвови кокосово масло но ОБАВЕЗНО пред тоа косата да се намокри бидејки само така се добива потребната хидратација. ова ми го кажа козметичар
Од кај тоа б комлекс да се пие пред јадење,па уште да се чека 1 саат да не се јаде,тоа не е лек,па така да се прави,како што знам се пие после или за време на јадење.
Ставам кокосово масло на врвовите,нанесувам убаво и обилно и го оставам да стои во текот на ноќта. Немам проблем веќе со врвовите,изгледаат здраво,не се распукани, а косата е тоооолку мека и сјајна, не ја пеглам и дури не ја ни чешлам секогаш. И не е заплеткана воошто.
Да ми предложите некој пробан третман во фризерско студио кој ја подобрува структурата на косата и ја прави да изгледа по здраво?
Дали некоја има искуство со овие ампули за коса од Keune? Имам многу суви врвови и без разлика што ги кратам редовно, изгледаат малку оштетено, особено сега по студеново време. Мислам дека би ми одговарале, ама ме интересираат искуства со нив.
Феминки кажете нешто за испукани врвови, редовно ја потстрижувам, но сепак си пукаат и во последно време имам приметено дека се повеќе се случува.. Косата не ми е фарбана до сега, а сакам да направам промена поради бели влакна, но се плашам да не ми се оштети повеќе.. Кажете некој добар третман кај фризер, домашна маска и сл. со што сте го решиле овој проблем.. Поздрав
Повели локации на Био Космос: Биокосмос продавници на следните локации: Во Скопје: - Центар (зад Работнички универзитет) 02 240 3768, - Буњаковец (наспроти пазарот) 02 614 4966, - Зелен Пазар 02 322 1433, - Капиштец (т.ц. Беверли Хилс) 02 316 6135, - Аеродром (т.ц.Бисер) 02 2454 929 - Ѓ. Петров (кај пазарот) 02 614 7118 - на Водњанска (наспроти Државна болница) 02 3113 573 - Тафталиџе (внатрешно во СП маркет) 02 3065 999 - Драчево (наспроти пазарот) 02 274 4101 - Ново Лисиче 070 341 487 -во Велес (спроти Гимназија) 043 221 811 -во Охрид (наспроти Охридска банка) 046 23 00 24 -во Битола (во Стара Чаршија, близу влезот на пазарот) 047 552 017 -во Прилеп (под Саат-кулата) 071 242 132 -во Струмица 078 307 437 -во Кавадарци 078 370 129