Феминки кажете нешто добро за расцветани врвови, влакното ми се кине, реодвно ја потрстрижувам и не ја пеглам редовно пошо и природно ми е права.. Но, никогаш не ми била ваква косата сува, оштетена.. Моментално ја мијам со Пантен за волумен, ставам глис за расчешлување, и откако ќе ја исушам ставам арганово масло(но не редовно). Кажете некој совет што да и направам утре пак ќе ја скратам малку..
Јас користам кокосово масло, неколку часа пред миење или ја оставам преку ноќ, а после капење капки од Авон и спрејче за разчешлување
Го видов во Зегин на намалување од 300 денари на околу 250 денари, мало тегличе ладно цедено и нерафинирано.
Јас секоја 3-та недела ги скратувам врвчињата, нон-стоп последниве 3-4 месеци ми расцветуваат. Не знам што е проблемот, а еднаш месечно ако ја испеглам и тоа набрзина. Плус, користам спреј за заштита од топлина, понекогаш ставам кокосово масло, но некој ефект нема. Никако да ми потпркне косава и веќе не знам што да и правам, со шампон од лук ја мијам и користам маска со арганово.
Косава ми е како пепел , изгорена, крута, не помина еден месец откако ги скратив врвовите и пак одма ми расцветаја. Обавезно кога ја мијам мешам и малку сода бикаробна . Ја негувам со спреј за коса Глис (Црвениот ), силиконски капки од авон, путер за коса од алвереде (понекогаш не толку често). Маска за коса не користам затоа што ми ја мрси многу косата. Не можам да се одвикнам од фарбање и пеглање на косата иако знам дека дупло повеќе ја оштетувам со тоа.
@crazylady само редовно шишање и батали ја пресата, ќе ти се регенерира за брзо време, јас исто така ја уништив со преса и фарба, локните ко суканици ми беа, за околу пола година ми се врати сјајот, купи и кокосово масло
Нема врска што косата ти се мрси, практикувај барем еднаш месечно да ја третираш комплетно по целата должина и по целото теме. Јас ти предлагам да ја навлажниш косата, да намачкаш кокосово масло (или арганово), да замоташ во пешкир и малку да дуваш со фен. Не мора да го држиш маслото на коса многу долго, ете нека бидат и дваесетина до триесет минути и потоа темелно измиј ја косата. Да не ти станува крута косата од содата што ја додаваш во шампонот? И тоа е можно.
И јас мислам дека е можно , плус мислам дека од содата едвај ми се чешла косата а го користам црвениот спреј од Глис ама некако тешко се расчешлува. Ах не можам да си ја поднесам косава повеќе ем мрсна, ем оштетена, нема полошо ...
Мислам дека би било добро доколку користиш некој регенереатор за врвовите барем или за пола коса, од ушите надоле (не знам колку ти е долга косата). Така не би требало косата да ти биде толку крута дури и ако користиш сода. Пробај направи комбинации со/без, па види како ќе ти биде. Јас мислам дека третманот со масло ќе ти ја освежи малку косата, ама пак пробај повеќе комбинации за да видиш што најмногу ќе ти се допадне.
Врвовите цветаат и поради сушење на многу мокра коса со фен. Најдобро е веднаш по миењето косата да се почува во крпа барем десетина минути, потоа да се пушти природно малку да се подзасуши па дури на крај да се досуши со фен. Одкако применувам ваква постапа ми се нема појавено расцветан врв. Исто така потребно е и редовно кратење на врвовите.
И јас си имам мака со расцветани врвови . Порано ја кратев 2 пати месечно , но немав некој ефект од тоа , башка што споро ми расте , па не можев да дојдам до должината што ја посакував . Сега ја имам посакуваната должина , но не сум ја шишала косата година и половина , па имам доста расцветани врвови . Користев и силиконски капки од Авон и маска за регенерирање и шампон од лук , но бадијала . Само насобрав првут .. Не знам што не пробав веќе , ништо немаше ефект . И ова што кажува феминката покоре , сушење на многу мокра коса со фен , и тоа немаше ефект кај мене . Природно ми е ретка и тенка косата , па и да не сакам да се суши сама од себе , баш тоа се случува . Во лето ми е речиси сува по 10 мин од бањање .. Само кокосово масло не сум пробала .
@CrazyGirl15 сушење со фен на многу мокра коса НИКАКО! Општо сушењето со фен е штетно за косата, а не пак на многу мокра коса. Плус на многу мокра коса може капка да ти падне во фенот и не дај Боже може струја да те удри. Силиконски капки исто така немој да користиш. @crazylady спрејовите од Глис и силиконските капки избегнувај ги затоа што силиконите создаваат лажен сјај и го задушуваат влакното и токму поради тоа пука. И не мораш да ставаш сода бикарбона во шампонот. Подобро купи некој што е без силикони и за сите типови коса што е зашто тие за мрсна коса се многу агресивни.
Додуша и да сакам не можам многу мокра да ја сушам . Таква ми е косата што сама од себе се суши многу брзо фала на совет сепак
За жал лекот за расцветани врвови е само ножицата. Ниедно масло, ниеден третман, ниеден препарат нема да го поправи оштетеното, може само да го замаскира оштетениот изглед, тогаш за тогаш додека ја измиеш косата првиот ден, после пак си ја носиш метлата на глава. И уште едно школо што ми е откако си ги добив расцветаните врвови- бланш на моја кoса, ќе се помислам неколку пати, плаво да ти било, балајаж, омбре, како да не...затоа сега сум црвен боб )
Претходно имав голем проблем со расцветаните врвови и морав нон-стоп да ја кратам косата. Сега редовно користам шампон со ампули, некогаш ставам јајце на косата 30минути пред миење, исто така користам маска плус спрејчиња и серум за врвови и немам никаков проблем. Многу помалку ми се расцветани врвовите и покрај тоа што ми се бланширани, а и ја пеглам два пати неделно.
Девојки ај помош. Имам природно виткана коса, пред една година ја исфарбав прв пат малку плава(не цела) и сега пред еден месец пак ја исфарбав ама повеќе плава(пак не цела). Свесна бев дека ќе ми се уништи малку косата, ама не очекував толку. Не ми се витка многу и ептген ми е сува, едвај ја расчешлувам. Користам мало од Евелин ама не помага.
Маска, регенератор користиш? Ако не, пробај. Мојава не е сува ама е тешка за разчешлување па без маска не поминувам.
Девојки што користите за заштита на косата од сонце? Не само за на плажа туку и за низ град пример денски, пошто мене од сонцево не само што ми се оштетува косата ми цветаат врвовите, туку и многу ми осветлува, особено на врвовите и сега ми е шарена . Знам дека имаше еден спреј за коса со УВ заштита од Carotene колекцијата, го има некој користено и како е задоволен? Или некој друг производ препорачајте
Dali nekoj go ima koristeno ovoj serum? Za ekstremno ostetena kosa e...So edno stiskanje na pumpicata izleguva crvena i bela tecnost i se mesaat i se nanesuva na vrvovite...E sega ne znam dali e ok posle feniranje Ili pred feniranje...Na upatstvoto ne e dobro prevedeno...Inaku mirisa prekrasno...