Мене косата ми е природно сува на врвовите, а на темето нормална. Откако се исфарбав плава станав вештица во косата од што ми беа суви врвовите, плус многу ми се кинеше, нити ми расте нити ништо, а прегуста коса има. Е ме спасија едни ампули серум од КEUNE. Се ставаат само на врвовите на влажна коса. Значи таков ссјај само од фризер имав претходно, и плус не ми се распукуваа врвоите. Спас ми беше на мене тоа и не ги менувам никогаш
Од Космо во Сити Мол, имаше 2 ампули по 140-150 денари или 10 ампули - 365 денари мислам. Keune Split End Serum се викаат.
Јас тие ги гледав пред некое време, а и прашував за нив ако не се лажам. Фала ти што сподели, да си купам и јас.
А пред да почнеш да ги ставаш ампуливе ги скрати оштетените врвови? Или ти ја оправија косата? Пошто мене бајаги ми се оштетени и најверојатно ќе морам да ја шишам ама ич не сакам дека многу споро ми расте па сега не знам дали да пробам прво со ампуливе па ако нема резултати да ја скратам...
Дааа, обавезно се шишам. А за растењето на косата јас од скрос кратка ја имам пораснато скоро до половина (за 2-3 години, не е баш за брзо време) и тоа со шишање на 3-4 месеци (ама минимално шишање) затоа што кога се чешлав баш на врвовите ми се заплеткуваше косата и ми се кинеше. Со ампулите на пример не морам да се шишам толку често зашто помалку ми расветува, ама сепак мислам дека без кратење ништо. За растење исто користев шампон од коприва и во него растварав Б комплекс апчиња.
Ги ставав секој пат кога ја миев косата. Ми препорачаа да не ја мијам косата пречесто зошто така уште повеќе се суши, така да повеќе од два пати неделно не ставав.
Можеби прашањето не е за тука ама сакам да ве прашам се шишав пред 3месеци и сега несакам да се шишам ама сакам да ја изретчам косата многу ми е густа.е сега прашањето е дали може да ми ја изретчат без да ми ја скратат должината?
Ретчење не е решение против густа коса, уште полош ефект се добива, а и квалитетни фризери не ни ретчат
Се користат како маска? Се навлажнува косата, ја нанесуваш и после колку време ја миеш? Колку време да ја чувам пред да ја измиам?
Не се како маска, туку ја мијам косата се регуларно, ја мотам во пешкир малце да ми се упие водата и после ги ставам на врвовите и не ги одмивам. Нешто како силиконски капки.
Не се мрси косата од нив? Мене и така ми се мрси многу брзо па не знам дали да ги земам. Инаку и мене на врвовите ми е плава, се шишав минатата недела и еве пак ми е катастрофална, врвовите пак расцветани
Јас ги земав од Космо од City Mall, провери таму би требало да ги има. Едно време ги имасе и во ДМ ама ги немам видено одамна таму.
Воопшто не ми се мрси, а јас ги ставам и само на врвовите. Е сега јас и немам мрсна коса, туку сува на врвовите и нормална на темето, така да не би знаела точно да ти кажам. Во секој случај ако можеш да ги ставаш само на врвовите, не би требало да ти ја измрсат косата дополнително.
Мене цела ми е расцветана, не само врвовите, и нагоре по косата. Мислам дека е до четката/чешлањето . А силиконски капки користам, ама да, побрзо ми се мрси @poker_face
А какви силиконски капки користиш и дали ти помагаат? Се мислам дали место силиконски капки повеќе би помогнало аргановото масло, зашто и тоа е мрсно исто како капките, ама барем природно е.
Имам слушанато дека и маслото е добро, една другарка баш ми го препорача. Иначе силиконски капки од ДМ во црна амбалажа пишува Oil repair.