https://www.amazon.com/Split-Ends-Trimmer-Women-Lescolton/dp/B072BTB6VJ Еве го на амазон ама не го носат ви Мекедонија.
И за да се нема разцветани врвови не треба често косата да се пегла или витка и да се допира со рацете,кога ја допираме косата краевите цветаат
Се шишав пред 2 месеци нецели и косата веќе гледам дека ми цвета, ова до сега не ми се счучило. Не ја пеглам ниту виткам само ја сушам со фен а ја мијам на 3 дена. Можно ли е од фенот да е? Како да го спречам ова?
Пробај остави ја сама да се исуши, мене секогаш после 2 месец ми е расцветана и се шишам на секои 3 месеци.
И мене истото ми се случува само од фен. Како заштита од топлината на фенот, нема што многу да се превземе за жал. Користев спреј од Балеа за заштита од топлина, но нема никаков ефект освен пријатниот мирис. Пробај да не го пушташ фенот на многу висока температура и држи го на поголемо растојание од косата за да ја спасиш колку толку. Нормално, доколку самата коса го дозволува ова. Мене ми е „луксуз“ да ја оставам косата да се суши природно. Ме фаќа мигрена и косата добива многу волумен па не можам да ја обликувам како што сакам. Исто така, кога се сушам на послаба температура и брзина, косата ми изгледа како грмушка без разлика што се обидувам да ја чешлам како за фенирање. Не се суши убаво така и ми станува нескротлива. Ставам кокосово масло на врвовите пред капење, во подебел слој. Потоа искрено не ги ни одмивам врвовите посебно, туку оставам да пројде низ нив остатокот од шампонот додека се мијам, со цел да остане малку маслен филм за да не ми бидат толку суви врвовите додека фенирам. Ова најмногу ми помага, освен редовно шишање на два месеци.
@Mishela ИСТО! Главата ќе ми пукне ако ја отавам да се суши природна и ми се увиткуваат шишките напред без фен, тебе барем волумен кај мене ако се суши така ко што паѓа сплескана ми е после иако ми е густа. Абе ужас! Ќе пробам и јас тоа со кокос да го применувам и сега преку лето надвор на сонце ќе ја сушам, до тогаш ќе се нервирам, ќе си трпам и ќе гледам да спасам колку можам.
Девојки имам проблем,приметив дека косата почнала да ми цвета и распукани врвови имам но само на пократките влакна од косата чаре некое? се шишав пред 2-3 месеци но не сакам да се шишам џабе е и да ги скратам врвчињата неможам да ги скратам тие пократките влакна плс хелп
@Kimberly11 мора малку да ги скратиш расцветаните врвчиња , за жал што и да ставиш нема ништо да помогне
Повеќе другарки споделија искуства за вакви тримери и сите што ги имам досега слушнато се негативни зошто се крателе и оние влакна што "штрчат" а не се расцветани и резултати катастрофа. Можеби зависи и до видот на апаратче кое се користи, типот на коса..
Девојки препорачајте ми некој спреј/капки било што добро за пред сушење на косата. Немам некој посебен проблем освен што ми се кине малце, ама со години се фарбам и пеглам редовно. Врвовите суви, коренот масен. Нешто што ја одржува убава и здрава..
Orzene шампон и регенератор за сува и оштетена коса и земи си маска од Schwarzkopf не знам која боја и сега ми текна мислам Gliss шампонот што е розев има така убав мирис и добар е за косата.
Моментално го имам глис розевиот со црно, и маска и спрејче па ќе видам дали ќе имам позитивен ефект. Благодарам
Jas ti preporacvam ELSEVE CICA CREME od vero e 320den ne ja mrsi kosata a mn pomaga i jas se peglam mn cesto