Исто. Проблем има, решение нема. Сега користам на loreal шампон ама иста песна е по неколку дена. А и ветерот овде уште повеќе ми ја влошува состојбата. Се помирив.
Јас ги имам купувано и најскапите производи за коса, од Лореал, од Субрина, сите буквално. Кога видов дека џабе пари давам престанав. Сега купувам поефтини кои ја вршат истата работа. Калос маската е околу 160 денари и е цело кило, глис маска беше 200-300 денари мало пакување. Иста работа ми вршат и двете па затоа ја земам поефтината. Така правам со се што е за коса веќе. Не земам сајос шампон, знам дека никаква магија не е туку обичен шампон. Косата пак е расцветана каков и да се користи. Исто и со регенератори, капки и третмани. Буквално било кои и да ги земеш ќе ти ја направат косата мека и свиленкаста. Но сепак тоа е моментално. Спас за расцветани врвови не барам во производите за коса. Се собира храброст, се оди на фризер и си кажуваш колку да ти скратат.
Освен кратење нема друго решение. Тоа што може да се направи е да се користат препарати за хидратација и заштита од топлина. Знам дека многу луѓе се против силикони во нивните препарати, но баш напротив, тие ја заштитуваат косата. Шампоните ги менувам, нема некој од кој сум била посебно задоволна, но спрејов е одличен. Не користам регенератор бидејќи ова помага и за расчешлување.
Јас и ставам на косата кокосово масло неколку часа пред миење и го користам шампонот и регенераторот на loreal intensive pflege црвениот и немам испукани врвови.
Да споделам, може ќе му помогне на некому. Последниве неколку месеци врвовите ми се супер средени. Во февруари ми беа лом и решив да ја спастрам косата за со мерак да ја сецнам во јуни. Искрено, не сум фан на силиконски капки и милион производи. Имам бадемово масло кое го користам за шминка отстранување и почнав пред спиење да ставам од тоа на врвовите. Најчесто за спиење косата ми е во плетенка зашто ми е долга и ми смета, Ја плетам, го загревам меѓу дланки малку маслото и ставам на врвовите само. До сабајле ми е упиено, воопшто не ми ја мрси косата и еве, после неколку месеци има значилна разлика. Дополнително на ова, ништо друго немам сменето. Земам суплементи за коса и нокти ама тоа секако не влијае на расцветани врвови. Морам да напоменам дека не употребувам топлина на косата, ни фен ниту пегла или фигаро. Од февруари наваму еднаш или двапати ја имам со фен исушено косата и толку. Ама и претходно беше исто и сепак имав расцветани врвови.
Косата ми е катастрофа од бланширање. Не знам како некои секој месец практикуваат, јас два пати во една година ја направив таа грешка и косата буквално ми стана како слама. Сува и кршлива. Скратив 10цм во март, не смени многу. Вчера фризерката ми ја донесе до негде под рамена, збеснав ќе се оболев. Косата цел живот ја носам долга или до половина или малце пократко до некаде под прслук. Ова е прекратко за мене. И да иако сум нервозна што изгубив на должина. Гледам дека тоа е единствен начин. Само ножици и одмор на косата од фарбање. Дефинитивно многу време треба, ама барем ќе биде здрава. Го сфатив тоа сега. И по толку кратење пак е оштетена. Џабе се лажат сите со спрејови, маски и секакви производи кои моментално ја омекнуваат косата. Не вреди ништо. И јас користам многу производи за да не ми биде грмушка ама не верувам дека некое чудо ќе ми направи некојси скап шампон или друг производ. Ножици само. Знам колку е тешко и како не сакаме да ја кратиме, ама џабе е долга кога е сува и никаква. Иако конечно добив нијанса каква што сакав, не можев да се гледам и кога и да си ја допрев косата се ежев од тоа колку е сува.
A da ja zatemnis i da ja rastes postepeno bez pegli,fenovi.. bashka i letovo ke ti bide polesno nema da treba da ja susis. Plava kosa e mn tesko da se odrzuva jas licno ne sum videla nekoja devojka so ubava plava kosa izgleda mnogu ispogoreno od strana. Jas zatoa se predomisliv da vadam prameni so blans,imam mn ubava prirodna kosa ne sakam da ja upropastam
Сакав да ја затемнам, ми рече фризерката џабе ќе биде, бланшот не држи боја и откако ќе падне бојата уште погадна нијанса ќе добијам. Не ја пеглам ниту пак ја правам со фигаро, само со фен малку ја потсушувам. Не познавам и јас некоја русокоса со здрава коса, затоа и не ја сакам веќе оваа боја. Не сум баш русокоса како балајаж е, ама дека два пати по ред, скоро целата ми е плава. Ако имам 5-6 прамени оставени со мојата боја, првиот пат беше ок, вториот како плавуша бев скоро цела коса бланширана, сеа имам темен корен од 3 прста и не сакам ништо да и ставам.
@Fallen.Angel се согласувам. За жал треба многу тинтрање на плавиве коси. И јас ставав во рок од 4 месеца бланш и сега морав да ја кратам. Сакам малку да ја затемнам ама никако да се решам. Барем да не морам да ставам бланш.. кога би се решила, би ставила нешто вакво
И мене оваа боја ми се допаѓа, ама нема да држи бланшот, и ќе треба почесто фарбање за да личам на нешто, а тоа значи дополнително оштетување..
Јас сакам да почнам да користам некоја маска од Revlon за расцветаните врвови и мислам дека ке ми помогне, зошто до сега каде што одам на фризер баш мојата фризерка користи производи од Revlon и многу пати ми има кажано да си порачам некоја маска за врвовите зошто многу помагала,и баш сакам да пробам нешто од производите на Revlon и да видам дали навистина се добри како што ги кажува мојата фризерка
Здраво девојки. Поради честото пеглање ја имам оштетено косата и сега ми е сува, а од друга страна не сакам насекое да ја кратам. Сакам да ја пораснам малку подолга. Како да ја заштитам да не се оштетува толку од горењето? Буквално секој месец треба да одам на фризер. Никако да ја вратам во живот. А пак ако не ја пеглам, ако ја оставам така несредена е многу frizzy. Да ми препорачате некои капки, масла или спреј за заштита од топлина? Никако да ја пораснам до посакуваната должина.
Со редовно пеглање тешка работа. Постојат спрејови, имаш насекаде, ама не помагаат до толку. Ставај кокосово масло пред миење 30-40 минути, ако можеш и подолго. Накисната косата убаво и нема да е толку сува, ама пак ќе се оштетува. Пеглање, фенирање и секаков вид стилизирање ја уништува. Единствена надеж може да е кератинскиот третман за трајно исправување, па така нема да мораш стално да ја пеглаш и може малку ќе ти се опорави од тоа. И јас сакав да го направам тој третман ама не најдов асален фризер во околината.