Благодарам на одговорот. Да имам слушнато за кератински третман и за ботокс на коса, но не сум размислувала многу околу тоа. Ќе пробам со кокосово масло со надеж дека ќе има мало подобрување... маслиновото не помогна
Ботокс и јас слушнав, премногу е скапо, и многу третмани се потребни, а не знам каков е резултатот. Распрашај се убаво.
Има шампони со ботокс за секојдневна/домашна употреба. Имам еден јас, само сеуште немам почнато да го користам, чекам да го дотрошам стариот шампон. За хемиски третирана коса е, особено бланширана и често фарбана коса
https://www.tiande.mk/kosa/snake-factor-mask-detail Некој да не ја има користено маската или било што за коса од Тианде да ми каже искуство?
Не сум користела, но прилично се скапи и не верувам дека се којзнае колку добри. Дома можеш да си направиш природна маска без хемикалии и ќе имаш резултати. Читни има тема за природни маски.
Фризерката ми ја препорача оваа маска.имав многу голем проблем со расцветани врвови, разлетана коса,искршена,помага и побрзо да расте може да се нарача од Revlon, а можете да го купите и од фризерка која користи производи од Revlon. 950 ден е ( малце е скапо но помага многу)
Имам виткана коса и после секое миење ја пеглам или виткам со фигаро, што да користам за да ми биде здрава и да не цветаат врвовите?
Ова е спреј за заштита на косата од топлина? Јас користам една крема од Kerastase ама гледам спрејов на Ревлон е поевтин па може да го земам кога ќе заврши кремава.
Да, за заштита од топлина е. И овој црвениов е "најдобар" Го имав тој со кокос, од истата линија, ама како послаб да ми беше.
Ниту скапите масла не помагаат. На секои 3-4 месеци е најдобро да се кратат врвовите Еве јас веке 6-7 месеци користам една маска од "Revlon" 50% ми помогна останатите 50% не сум задоволна од неа. Така да ништо не помага за расцветаните врвови, само редовно да се кратат е потребно. Имам слушнато како ставаат Кокосово масло после миење на косата многу помагало ама не знаж не сум пробала до сега Ама да секоја коса е различна...