Помалку фен, пегла, фарбање, спрејови за коса итн. За да ги отстраниш расцветаните врвови, ќе мора да ја скратиш косата. И секако користи убав балсам или маска за коса.
Женски каде може да купам од оние ножичките за ретчење коса? Дали некоја имате искуство со кратење на врвовите и ретчење на косата во домашни услови со таква ножичка? Јас самата си ја кратам косата редовно, ама само со обична ножичка, а нели поубаво е кога ќе се изретчи косата малку, за поубава форма
Јас имам таква од Алиекспрес. Многу ми се погоди, ми се најде ептен кога не работеа фризерите, само треба време за да се совлада. Ќе гледаш повеќе видеа на јутјуб и штом сама се шишаш ќе се снајдеш сигурно. Би требало да ги има и по продавници кај што продаваат фризерска опрема, или да провериш во каталозите на Авон дали има. Едно време имаа ножици мислам, не сум баш најсигурна.
Фала ти многу Штом е океј од Алиекспрес, ќе побарам од таму, плус и сигурно ќе биде дупло поефтина од кај нас... Ич не ми текна дека на Али можам да најдам, а за совладување лесно ќе ми биде, со години самата си ја шишам косата
Такви кај нас има во продавниците каде има козметика, и препарати за негување на коса. Јас од таму си зедов ножички за кратење коса и гледав дека имаше за ретчење. Провери во местото каде што живееш. Јас бев нашла и на интернет кога барав ама ми беа скапи околу 2000 ден. Сепак не су професионалец и си купив за 500 ден
Ќе шишаш се што е оштетено. Секој месец шишање треба. И нега маски, масла , користење професионални производи
Зборам за производи што ги има по фризерниците. Мојата фризерка соработува со Loreal professionel и Kerastаse па наизменично купувам од нив. Најдобро да го прашаш фризерот што те фарба што поточно да земеш за нега на коса, завиди какво влакно, каква коса имаш...
Женски сте пробале некоја од оние split edns trimer? Гледам има да се порача од али ама дали вреди не знам... Некоја со искуство?
Хмм јас бев решена да го земам, го најдов на една наша страна, но потоа прочитав многу лоши коментари, дека ги сечи сите влакна, не е селективно само расцветаните, потоа уште повеќе излегувале. Ако некоја членка има искуство нека сподели
Па и мене тоа не ми е јасно како може да препознава само расцветани врвови, а вака што гледам видеа на youtube не изгледа лошо.
Косата ми изгледаше како на сликата број 1,а на почеток од Март се шишав како на слика број 2 и сега ми е порасната околу 3см.Во последен период само ми расцветува косата.Го користам Логона шампонот како на сликата ,кокосово ладно цедено масло на Био Космос во тегличка и маска од Санте како на сликата.Премногу ми се мрси,иако немам суви врвови сепак ми расцветува.Имам густа коса да напоменам и тоа.Фен не користам,ни пак пегла за да не ја горам иако ја капам секој ден бидејќи брзо ми се мрси.Водена не ја чешлам и тоа да напоменам.Ниту сум се фарбала некогаш.Сега си размислувам да ја шишам,да не ја шишам ?Совет? Слика број 1 Слика број два Шампон Маска за коса
И оваа машина стигна кај нас да ја рекламираат. Некој ја има пробано да каже искуство? Јас не би ја користела баш но ме интересира .
Се сомневам дека е добра. Како што сум неспретна со вакви уреди, се сомневам и во мојата способност да ги средам сама врвовите со машинчево.