Веројатно ти се мрси толку затоа што ја миеш секој ден. Сув ти е скалпот од хемијата и сама си лачи кожата маснотија за да се заштити. Пробај преку еден ден миј ја, па на крај сведи на два дена неделно коса (ти туширај си се секој ден, ама коса ако можеш следи на 2-3 пати неделно) од тоа ти се мрси гарант.
Од шампони,маски,регенератори и слично нема што немам пробано.Така да уште ова ми останува да пробам. Фала ти за советот.
Да, пробај да не ја миеш секој ден, и што помалку фаќај ја со раце. Земи си сув шампон и пробај да ја миеш на два дена.
Исто и мене многу ми цветаат врвовите, што не пробав секакви шампони, едноставно се помирив дека е така и редовно кратам врвови. Иначе мислам дека премногу често ја миеш, и премногу препарати ставаш, гледај да ја миеш 2 до 3 пати неделно, сега си ја истрижала кратко не знам дали можиш да ја фатиш, али јас и плетенки си правам кога ќе ми е 3 ден од миена, некогаш ќе ја фатам, зависи како сум со време. Не користи на секое миење маска, гледај да е преку едно, и од многу препарати знае да се мрси. Јас не би ти препорачала сув шампон, од нив се суши скалпот, можи да почни да ти паѓа од сувиот шампон. Мене кога ќе нанесам ок ми е, али после некој сат почнува да ме чеша, непријатно го осеќам, особено сега на жешково како што се потиме.
Имав пробано со сув шампон ама џабе пак си беше истото.Ќе пробам уште ова ми останува да пробам,друго се имам прибувано. Фала ти. Порано ставав и маски,регенератори,масла секој ден по нешто.Сега само шампон и маска.Пак ми е скратена оти не можев да ја фатам а ми беше жешко и ја скратив.Имав пробано и со сув шампон ама џабе.Сега преминав на органски шампон и маска бидејќи и јас си викав дека може да е од многу производи што ставав.Ќе пробам преку еден ден да ја мијам па понатака да намалувам за до два-три пати неделно да ја мијам.Моментално ми е шишана како на слика.Фала ти.
Dali Elseve crveniot sampon e dobar? Da ne ja unistuva kosata, preubavo mi mirisa takaa da moram da go koristam povtorno, a sakam da si ja oporavam kosata rascevetana mi e nekakoo, suvaa, noo ne mnoguuu ima nekakov sjaj..
Црвениот е еден од 3те шампони што ги користам покрај бебешки и Semi di lino - без сулфати и парабени. Добар е, многу убаво мириса ама мислам дека на косата и е too much само со тој да ја миеш. И да не правам предпоставки ама за да не ти пукаат врвовите, обавезно пред миење или кокосово или бадемово или чичково кое и да го имаш масло дома ќе си нанесеш на врвовите пола саат минимум остави го. И кога ќе ја миеш косата триј го само скалпот, не и краевите на косата, нив нема потреба да ги триеш само нежно одмиј ја пената која се слева од скалпот и доволно е. Косата ќе биде чиста нахранета и пожива. Пробај бар еден месец и ќе ја видиш разликата.
Имам прилично многу долга коса и густа ја кратам на врвовите по малце али ми е расцветана до горе. Што да користам да не ми се доуништи уште толку? Не се фарбам и ја пеглам еднаш на 2 месеци скоро ич.
Види освен ако не ја скратиш повеќе, се тоа што веќе се расцветани уште толку ќе се уништи и ќе почне да ти се Кине, па ќе мораш над рамења да ја шишаш. Пошо за веќе расцветани врвови маски и чуда може само да дадат мекост ама не да ја поправат/вратат во првобитно стање
Само шишање. Џабе се маски, спрејови, серуми кога влакното е веќе оштетено. Тие можат да направат камуфлажа во моментот но сепак си останува оштетено. Јас така се залажував и на крај ја скратив повеќе, ми се препороди косата.
Баш така, сè друго е залажување само, кога врвовите се веќе оштетени. Мене воопшто не ми се допаѓа како изгледа косата кога се приметува дека врвовите се ептен за сечење. Ниту се маскира, ниту се поправа. Може само да се лажеме дека не се познава до толку. И што помалку се употребуваат пегла и фигаро, толку подобро.
Што користите за успешно превенирање на расцветани врвови? Во последниве две недели нагло ми се уништи повеќе, ќе ја скратам, ама не можам да задржам должина затоа што се расцветува
Не знам дали е до маслово али откако почнав да го користам не ми расцветуваат врвовите, порано на секој 3 месеци морав да кратам Го ставам на прсти едно шприцање и потоа го нанесувам на врвовите. Иначе е прилично мрсно
Јас веќе 6 месеци пробав со овие продукти. Со тоа што некогаш ставав и друг шампон, пак од Лореал. И после миење на коса, капки од Лореал исто. Мислам дека вака добро и зачувано влакното никогаш не ми било. Предобра линија на производи! Некогаш ги има во hairshop, за на друго место незнам искрено. Јас имам изнакупено за да имам залихи.
@LadyR за жал оваа колекција ја нема кај нас сеуште, се надевам дека за брзо ќе ја донесат, еве барав на hairshop, но ни таму ја нема
Исто и јас можам да го препорачам маслото на Афродита. Само што да доста мрсно е. Други масла што користам се на Авон, преубави се. И не се мрсни ич. И од Лореал маслото, многу ми помогна и не мрси. Спојлер: Масла