И јас си имам мака со расцветана и сува коса, а не ја пеглам и многу ретко ја сушам со фен. Маана ми е шо си ги кинам влакната коа ќе најдам некое расцветанко, ама многу ми сметаат а не сакам да се шишам. Дури си најдов едно влакно на кое врвот не беше расцветан, туку средината Почнав да користам шампон и кондиционер помело, па ќе видиме дали ќе има ефект
Девојки ве молам за совет.. Имам тенко влакно, се имам шатирано само и тоа пред 5 години, од тогаш навака не.. Ми се чини од тогаш ја оштетив косава и нема враќање.. Многу брзо ми расцветуваат врвовите, ајде тоа одам ги кратам.. Проблемот е што од надвор косата ми е оштетена и некои прамени се кратки што ако ги скратам би добила степен над уши Дали би ме советувале нешто? Гледав видеа за она влакно по влакно по мали прамени да сечеш до каде што е оштетено, инаку немам друга ни идеја а богами изгледа нема ни решение..
Не ја чешлај додека е влажна. Ако ја сушиш косата со фен не го држи фенот под агол од 90 степени со косата, туку суши ја надоле, во правец на растење на косата. Престани да ја сушиш кога на допир косата ќе почне да ти се стоплува. Масло за коса обавезно после топлина (фен, пегла, фигаро...). Чим ја скратуваш често, предизвикувачот е или топлината или недоволна нега на врвовите на косата.
мене ова ми е спасот. Lifecolor бифазата- течен крем кој го нанесувам додека ми е влажна косата и расчешлувам. Значително ми намалува закачување на косата. И пената за регенрација, еднаш до два пати ја ставам на косата додека е полу сува и не ја одмивам. Многу ми ја зајакнува косата.
@popa17 очекуваш да ги проверуваш продуктите и да ми напишеш репорт кога ме праша ги проверив на Gemini ок ми беа, само едина забелешка за би фазата беше дека не е за лица кои се подложни на алергии. Ако имаш некоe интересно инфо сподели. Инаку ги земам од дистрибутерот за брендовоти. Во Струмица има и дукан достапен за обични луѓе, не само за фризери. Оналај fo.com.mk
Спрејот има премногу силикони, што значи периодично навидум изгледа дека помага и ја омекнува косата, но со константна употреба ќе ја исуши. Речиси и да нема нешто хранливо. Пената исто така нема некој "здрав состав" и таа содржи силикони, но сепак помалку од спрејот
Хмм баш чудно. Моменално го користам скоро 10тиот спреј под ред или не знам кој. Со години го користам, и ептен ми лежи. А пената ја користам година време. Неа не ја ставам постојано, само периоднично. Ама може науката и моето искуство не одат рака под рака @popa17 само што се избајнав. Каде ги проверуваш? Може на овие компарација или да ми дадеш апп или каде ги гледаш? може да си направам чекори на колку време и какви комбинации да им правам
Шампонот Mi amante може да пројде, добро е што има кератин и глицерин, иако не ме бендисува што Peg 120 и феноксиетанолот се на висока позиција. Color care шампонот јас не би го користела. Содржи многу агресивни сулфати, кои може да иритираат скалп и да го исушат влакното. Единствено добри во составот се кокосовото масло и церамидите, кои за жал се во помала количина. Инаку имам некое базично познавање од скин кер, маката ме натерала да се едуцирам малку На оваа апликација може да си проверуваш со скен на бар код или со пребарување преку име на производот.