И јас го користам и немам многу проблеми со испукани врвови, иако секој 2 ден се фенирам... Незнам дали е до ова или до маската за коса... Инаку побарај во Unique, во Рамстор, во новото Веро или пак во Космо... гарант ке најдеш
А колку чини глисот ? И како го нанесувате , на целата коса или само на врвовите Доста ми е од силиконски капки , дефинитивно Глис ќе земам .
а глисот се нанесува по миење на косата или пред да се измие? јас имам слишнато дека кокосовото масло помагало за расцветани врвови, па сега се мислам што да земам
Глисот по миењето се нанесува , маслата се нанесуваат пред миењето ..еве на пример јас рицинусово нанесувам пред миење и се остава еден час да делува
имам долга и многу сува коса, а и многу често ми расцветуваат врвовите...се шишам редовно,обавезно секој месец,никако не ја сушам со фен,не ја пеглам,не ја виткам со фигаро.ги имам пробано сите можни шампони за сува коса,маски,восок,балсам и уште што ти не...имам пробано и со мајонез,оцет,чичково масло,орахово масло,мед, банана,се имам миено со сите можни чаеви и секави разни глупости и маски домашни и недомашни и нема лееееккккк ве молам за помош,ако има помош
И мојата е ваква чудо од коса. Не и правам ништо што може да и наштети а таа сепак е сува, со расцветани врвови и никаква А мислам дека доволно ја негувам, и ставам силиконски капки, маска за коса, Глис, и кај мене тоа како да нема ефект.А чудно е што не е на сите делови оштетена, повеќе на косата од напред отколку одназад Ќе ја ошишам за да ми се обнови и пак ништо А сакам уште подолга да ми е, па сега се заинаетив и не ја шишам, си ја носам таква
Тогаш е некој недостаток на витамин или минерал! Вода обавезно да се пие...... Доколку организмот е здрав, тогаш и косата е здрава! И јас сум во иста ситуација, сега користам само шампон, и некогаш маска за коса! А порано, се отепував за косата, ја шлакав со 300 чуда, ама џабе, кога не се исхранував здраво.......косата ми беше катастрофа! Сега сменив начин на исхрана, и косата ми е подобра!
и јас мака мачам со мојата што не и ставам , ама како што кажа Scarlet и јас мислам дека треба да пиеш повеќе вода и земи си б-комплекс таблети или ако не ти се скапи оние Merz дражеи. мислам дека би ти помогнало со нив за да си ја подобриш структурата на влакното а исто ке ти се подобри кожата и ноктите позз
епа да уште на храната да внимавам ми остана,ај баш ке пробам и ке си земам од тие држеите,колку коштаат?
мислам дека се околу 500 ден ги има во аптеките. а ако ти се скапи земи си пивски квасец-таблети и цинк, јас моментално тоа пијам. цинкот повеќе го зедов за лицето ама аптекарката ми рече дека бил убав и за косата
Значи стварно почна да ме загрижува мојата коса.. .. од пеглање и фарбање премногу ја изгорев.. почнаа да ми се кршат врвовите на мали парчиња.. што да користам за да ја обновам косата.. може ли да ве замолам точно да ми посочите некои препарати.. навистина би ви била благодарна..само не барајте да престанам да ја пеглам косата.. било штоо.. Фала однапред ја ценам вашата помош. <3
Девојки,ми треба ваша помош!! <3 значи за да ја обновиш косата најпрво треба да ја ишишаш, па потоа да ја негуваш со маски, да користиш соодвете шампон и секако да не ја пеглаш, а ако не можеш да престанеш да ја пеглаш не се надевај дека ќе ја обновиш ништо нема да ти помогне
Девојки,ми треба ваша помош!! <3 да најнај најпрво што треба е да ја ишишаш...после да си користш соодветни маски...мозеш и да престанеш да ја фарбаш некое време,пошто и од тоа мн се оштетува...а ако сакаш да продолжиш да ја фарбаш тогаш тоа прави го со квалитетни фарби позз
Nedzma фала ти многу.. ќе ја ишишам.. ма да мноооооооогу поспоро ми расте сега.. ќе пробам и со маски.. ќе прашам на фризер за помош,стварно сакам да ја пораснам пак косата,да ја обновам.. ја фарбам косата со палете,незнам која е подобра фарба =/ поздрав
Лола, моите совети би биле следните... -скрати ја колку можеш повеќе(зависно колкава ти е моменталната должина и колкава должина минимално би сакала да имаш) -пред миење на косата ставај рицинусово масло(го поттикнува растот) на скалот(корените) и бадемово масло по должината на косата(ги потхранува оштетените влакна). Меѓудругото можеш да правиш и комбинација од состојки за маска, на пример, рицинусово масло+бадемово масло+маслиново масло+пантенол+АД капки+жолчка од јајце+мед+лимон (не мора сите, што имаш тоа), маската нека седи барем еден час на косата пред да ја измиеш -користи шампон, некој похранлив и да биде за сува и оштетена коса. Во него може да ставиш пантенол раствор од аптека, бевиплекс или бекомплекс ампула и АД капки(има на водена и маслена база, сеедно кои ќе ги земеш) исто од аптека. За шампонот убаво да го прими косата, остави го да делува едно 5минути -после миење наместо балсам, користи маска, и остави ја барем 5минути да делува -може да си купиш и спреј Глис на Шварцкопф(за суви врвови или пак оној со течна свила наводно(светлорозев)-и двата сум ги користела, супер се), ова се става по врвовите, не на коренот -пред пеглање на косата додека е полусува стави силиконски капки, ја заштитат од топлината колку толку и ќе биде понежна и полелеава(јас имам силиконски капки на Субрина професионал и на Авон, поточно и двата се серуми за суви врвови, задоволна сум и од двете)
Лелеее.. Ти благодарам Многуууууууу.. ми требаше ова..стварноо.. од понеделник почнувам со тоа.. ќе ве известувам како напредува.. Girl1985,незнаеш колку сум ти благодарна.. Фала за се. <3
Јас поинаку би те советувала значи кога ќе појдеш на фризер ако сакаш косата да ти се скрати 2 цм тие ја кратат 5 знам по моите муштерии што доагаат и се плачат од фризерите , косата ке ја скратиш само 2 цм. и ке напомениш убаво дека сакаш само 2 а не 3,4-или 5 не е битно дали е уште оштетена или не потоа секој месец ипол ке ја потскратуваш по 1 цм. а за коса што се третира хемиски не помага ни авон ни шварцкоп ни нисто тебе ти треба професионална нега на коса а кога зборам професионална мислам на концетрати и денес постојат толку хранливи шампони , маски ампули креми од заштита од фен , јаки температури , пеглања што мислам дека малку е глупо да се користат рицинусово масло , кокосово , чичково и не ти знам што , ова не ти го зборам демек купувајте од фризери далеку од тоа ама зборот ми е за коса што се третира хемиски и се пегла мора јака линија на производи за таа да изгледа здраво а и да се храни , веќе никаде во светот не користат силиконски капки или регенератор луѓето ставаат пред пеглање крама за исправување на коса , или спрејови кои формираат заштитен филм околу влакното и ја штитат косата од испукување на влакното а доека и постојат креми кои се користат како фарба и ја исправува косата за цели 4-5 месеци сега не мислам на праз права али ако дома ја минеш со пеглата 3 пати прамен сега со цетка ке мозеш да ја исправиш . те поздравувам многууу...
Се што е од природата не може да и штети на косата. А тие јаки линии на производи или се чиста хемија која и не знам колку е здрава или се исто на база на овие масла само помалку концентрирани,а далеку поскапи.