Многу зависи во каква средина живееш, за детето да има горе доле еднаков старт со другите деца со кои за неколку години ќе се социјализира. Ова гледано од аспект на детето кое го раѓаш. Кога би било идеално. Инаку поместени се границите денес, околу 30 години се местат коцките кај оние кои сакаат образовани и независни да бидат. Иако во принцип , ако има желба и љубов за дете не треба да постои никаква старосна граница.
Јас родив на млади години, кога уште бев шо се вика пиле и мислев се шо лета се јаде. Си ги сакам децата ама многу се каам шо родив млада, оти многу поинаку размислувам сега отколку тогаш. Истражувањата велат дека the frontal lobe целосно се развива дури на 25г, шо можам да кажам дека баш на тие години станав доволно свесна за се околу мене. По мое, најубаво да бидеш мајка е на 30г.
Не значи, ама па не значи и дека ако е од млади родители по дифолт е лошо. Тоа сакам да кажам цело време. Лепите етикети!
Ама некои работи се доживуваат многу лично, па делува како да се лепат етикети. Секој кажа мислење, став, искуство. И некој друг ќе се пронајде и неповикан ќе се навреди. Па после испаѓа генерализирате, вреѓате. Нема поента да кажуваме мислење ако тие околу нас се snowflakes. Патем ако нешто толку многу го здоболи некого, треба да размисли зошто е тоа така
Кога имав јас 17, мојата тогашна другарка (18 ) остана трудна. Со самото тоа што цели 9 месеци девојчето плачеше оти е трудно и оти не и дозволија да абортира, се омажи, сметам дека не беше созреана за дете ама воопшто. После 3-4 години остана трудна пак и беше пресреќна, си уживаше во бременоста. Не е правило, не генерализирам, не лепам етикети. Само ја видов разликата од првата и втората бременост. Го видов однесувањето со првото и со второто дете. Го видов нејзиното разочарување што никогаш не можеше да се посвети на факултетот. И ред други работи. Јас родив на 25. Мајка ми на 19. Мама и ден денес смета дека мојата одлука е подобра. И она свесно го направила тоа, го сакала и не жали нормално, ама сепак мисли дека 23+ се добри години за раѓање дете. Друг е мајндсетот на 18 и 23. Други се приоритетите и желбите исто. Во денешно време не разбирам како им се останува трудни на 18-19. Не ме тепајте, јас не разбирам. Што нормално не значи дека некој друг па треба мене да ме разбере што сум раѓала на 25, нели А не разбирам од аспект на шетање, дообразување, кафани, и додај по желба... Не дека ова е невозможно да го направиш со дете, ама дека е троа потешко, е. Бившата свекрва со две мали бебиња има бдеено над книга со години за да заврши факултет.
Лепењето етикети беше во другата тема кога рекоа дека изгубеното девојче избегало оти не било ко што треба воспитано или така нешто беше муабетот… специфично беше напоменато дека е поради што имало млада мајка. Тоа е етикета.
Кој кога сака нека раѓа. Ама реално..... 19 години е рана возраст. Сите девојки што ги знам а родиле отприлика на таа возраст, кажуваат дека бременоста била непланирана. Додека нивните другарки уживаа, они чуваа деца по дома.
Точно. Имам блиска која роди на 17 првото , беше средно. Второто на 19 год. Заврши факултет таа, а децата денес и двете имаат електро завршено и двете деца работат, примерни , воспитани. Има секакви случаи, имам и роднина која роди на 42 ,едно дете машко, многу испуштено од рака, размазено со доста пороци. Имам во семејство внуки кои на скоро 30 се однесуваат ко тинејџерки. Така да кој како е созреан.
Јас родив на 22 години..Да се биде мајка е најголем благослов но исто така најубав период во животот ми бил кога сум била дете,тинејџерка која единствена грижа ми беше тестовите во школо,што да си облечам вечерта, дали ќе се собираме некаде друштво да гледаме филм и дали ќе ни дадат од дома доволно пари за да имаме за 2 пијачки (иако татко ми ми велеше Еве ти 300 ден да си чуваш и за утре и други ден да не си прашала) . Да можам бар да се вратам на тие безгрижни мигови. Оваа што го имам сега не би го заменила за ништо во животот бидејки мојата ќерка ме прави најсреќна мајка на свет но да сум била на овој памет што го имам сега не би родила на 22 , премногу ми дојде .Од никакви грижи ,наеднаш обврски еден куп, грижа за дете,неспиење цели ноќи, домашни обврски не знаев што попрво да фатам ...Кога се вратив од болница толку мнооу сум плачела...не знаев што со бебето што со себе да правам...Откако станав мајка и аплаудирам на секоја мајка дали млада или повозрасна што се труди да направи се и се скратува од многу работи за своите деца. Сега веќе ми е како песна , не дека нема тешкотии но веќе знаеш како да се справуваш. Тоа е тој мајчински инстинкт. ❤️
Не е ли темава дупла? https://forum.femina.mk/threads/Идеална-возраст-да-се-стане-мајка.27690/ Инаку, не е до годините туку до зрелоста. И подобро е човек на 19, 20 да е доволно зрел, способен, одговорен и да знае што сака отколку да го сметаме за нестабилно дете.
Не мислам дека е дупла, овде се дискутира за повеќе за тие што раѓаат ептен млади, а не само за идеалната возраст за да се стане мајка. Целосно се согласувам со ова. Кога поминував низ тие рани дваесетти, после факултет, ниту знаев што сакам, ниту како да го добијам. Ама знаев дека деца не сакав да имам иако бев во брак тогаш, уште себе си се гледав како дете во некоја мера. И ептен ми е мило што сум останала на своето. Бракот заврши, после и пола свет го прошетав и учам толку многу постојано. Не дека тие што решиле да имаат деца млади не го виделе светот и не учеле, секој со своите можности, ама знам за себе дека мојот живот ќе изгледаше многу поинаку ако се решев млада да родам. Имам и јас другарки кои родиле од 18 па нагоре, ниту една не жали, ми кажуваат дека се среќни, ама исто дека малце им е досадна рутината. Децата им се убаво воспитани генерално, разбрани, малце и разгалени и пазени, ама со мера секако. Секој со своите избори. Јас мојот го направив и како што кажав, мило ми е за тоа, не би била волку храбра да си ги следам желбите ако морав да мислам за нечива друга егзистенција освен мојата.
Тие што раѓаат деца во денешно време, не се со аклот тука. Извинете, јас имам и финансии и желба за потомство, ама деца во вакво време-невреме, немам намера да имам. Можеби за некои 20-30 години кога ќе се издефинираат некои работи. Најголеми проблеми кои влијаат врз мојата одлука се: Во наредните години ќе има недостаток на храна и вода, особено вода во Европа, затоа што површинските води ни се загадени, а подземните се трошат релативно брзо. Добар пример за ова ви е и Македонија со сите загадени реки, и хроничната суша во текот на летото. Нови заразни болести - Имаме пандемија на нови заразни болести, како и враќање на старите, не знам ни колку е безбедно, ни колку е паметно децата да ми растат во таква средина. Трета Светска војна? Којзнае? Тензии има на пола планета, но за разлика од студената војна, денес сите имаат нуклеарно оружје кое не е разорно како тоа во студената војна, нема долготрајни последици, само краткотраен раздор. Па затоа и сите се trigger-happy.
Луѓе и на 40 има што не знаат што сакаат. Звучите ко да не живеете на планетава и ко сите возрасни да се прекрасни, изградени и средени личности, полни со одговорност и со цели животот. Каде живеете? 19 годишни гласаат луѓе, одлучуваат за вашата иднина, некој ги сметал способни за тоа. Не би сакала моите деца да створат потомство на 19, ќе сакам да си учат, да си прошетаат, и слично… ама дајте со муабетиве - деца биле за раѓање, ама за да ти одлучува тебе кој ќе ти е претседател - таман се?
Зошто толку лично ја сфаќаш темава? Многу се напна. Никоја не негира дека и некои постари родители потфрлаат. Ама, темава е за помладите родители кои ги познаваме или за кои сме слушнале/прочитале. Не ти е лесно да прифатиш, ама ние знаеме за повеќе негативни примери на помлади родители. Еве, тие што се во моја фамилија. Незадоволни се. Сите ни дале совет на нас помладите. Да не брзаме и доколку сакаме потомство прво да се посветиме на сопствениот развој, а потоа на формирање свое семејство.
Муабетов ти нема врска со темата. А тоа дека 40+ годишни има што не знаат каде тераат, дефинитивно. Мислам, види ни ја државата каква е, па и подалеку. И мојот пост беше за моето искуство – од кај знаеш ти како мене стварно ми било на 20 и што и како правам и размислувам сега на 30+?
На 19 години не ни помислував да се омажам, а не па деца да чувам. Ако некоја сака да чува деца на тие години, супер. И никој не оспорува дека не може да се воспитаат децата од млади мајки. Јас не познавам девојче на таа возраст која сака да се оствари како мајка. Темата за абортус е доволен доказ дека не се подготвени за деца.
Затоа што ми падна неубаво во другата тема кога без да ја знаат ја обвинија мајката заради возраста, без да ја знаат или познаваат. Моја другарка најдобра роди на 19… си има нормално родителство, и би ми било криво да добива епитети за неподобна мајка само затоа што родила млада. Ок си ја заврши работата како родител, како и сите ние. Темава ме напна оти беше начната поинаку. Не беше муабетот која возраст е најдобра за дете, туку дека 19 годишни не се способни за родители, и нивните деца се упропастени. Инаку се знае дека после 25 е идеално за раѓање, тоа е сосема друга тема.
Темата е премногу лична и навлегуваме во туги одлуки, лично не сум за толку млади да основаат семејство но ако некои се чувстуваат спремни не им замерувам, Зависи и од кој аспект ке гледаме, не е правило но тие се поздрави имаат повеќе сила и живци да речам да си игра воспитува детето генерациски се поблиску , на млади години 40пр веке би имале возрасни полнолетни деца а тие се уште се млади и животот е пред нив, најтешките обврски се веке зад нив .. А раѓање дете на 40+ ми е прилично не баш во ред , последен воз фатен пред менопауза , не е баш пријатен период за чување бебе или мало дете, па почнуваат болести една по една, не е исто пр тинејџер да чуваш на 40 и на 55, да не бидам долга па пишувам опширно Ако треба да бирам предност би дала на млади родители иако сметам од 25 до 30 години е најдобар период за раѓање деца
Ух, мислам дека овде најбитна улога игра околината и воспитувањето. Некои 19 годишни, имаат желба(и можности) за факултет, образование, патување, искачање, журки, кафани. Некои 19 годишни, особено во руралните средини, а кај нас се многу застапени, после средно кое е задолжително, немаат такви планови. Што им останува, реално? Толку знаат, такви примери гледаат, и така тераат. Дали е правилно? Најверојатно не, немаат услови ниту памет за растење дете. Дали ке израсне детето? Да, како-така. За мене уште понеодговорно е раѓање на прво дете после 40-45тата, што денес многу се нормализира ама тоа е веќе друга тема.