Пошто годинава најголем впечаток ми остави @JuLleE Јуле: Многу се изнервирав. Ја накитивме елката пред неколку дена и имаше неколку паднати лампиони, ама еден од нив бил кака на кучето, а јас цело време мислев лампион е Пак се искакало, ми се смачи да чистам по него Ја испрскав елката со алкохол, лампионите ене ги киснат во дезинтал. Туку ми се чини некако ко да е топла елката, мерев со безконтактен топломер на врвот, ама мислам дека поточно ќе покаже ако ставам живин топломер под гранка Нешто стомак ме боли, изедов пола кило шеќер во прав, се мислам дали е од тоа Јуле, не ми се лути А за мене, на никој не му текна дека редам Фрош средства за чистење под елката
Дај шанса па и ти Издаица. Ќе и текнеше 100% на @fana или @Alishan30 така мислам. Или мене. Гледаш со флешови сме сите
@referentka ми се јави прееска една пријателка на Рефо и ми вика "накити елка, да го израдуваш детето"? Викам уште не. Па она "ауу леле па ккао така, па каква мајка си ти, не му правиш ќеф на детето". Леле ме изнервира, ко му се пуштив на Рефо партал го направив какви пријатели има. После се покајав ама не му викам извини. Ќе ставам сега ракија и мезе па ќе се смириме така И вечер мора да китам со Рефче. Имате ли вие такви пријателки? @Alishan30 пак не спиев цела ноќ, малава се будеше 100 пати. Па си направив кафе и ми се јави свекрва ми да ми кажела да ја носам на бајачка или она да дошла да ја успие, ја не сум знаела. Леле, коса ми се крена. Среќа па не живееме заедно. Штета што не можам да пијам дека дојам. Ај ќе одам да поспијам, ако ви треба некој совет пишете, ќе ви вратам кога можам. Елката после ќе ја китиме, ќе го чекам мм да дојде, он да стави едно дрвено постоље дека тоа му е струка. @Rebecca_R здраво, мусли и банана и салеп. Лажам, бурек со месо и кафе. Бев на диета, ослабев и сега јадам што сакам. Ќе бидам женска и пол,накај два За елка бев до Џамбо, ама дека бевме со лимузината немаше каде да паркираме дека лимузина нели, па отидов до Сити мол ко човек си паркиравме на паркинг, си платив. Ама една шалтеруша на паркинг ме изнервира, не било куцнато на време, ауу се и изнакажав. Не ме изнервира, за инат купив од најскапите елки и лампиони. @JuLleE корона се фаќа ли од елка? Купил мм ама ја внел дома и не ја дезинфицирал и детево и мм ја кителе. Ако испрскам со дезентал накитена и со сијалички, ќе и биде ли нешто? @ninja35 цел ден сум со маска, возам низ цела Македонија, се угушив, а по другиве градови мака си немаат. И после другар ми Венко им е крив. Ќе мезам сега една шопска со ракија да се опуштам. @LiliBoz му вика на @ninja35 - ај не ги лажи луѓето, цезар салата јадеш сега и ќе ти дадам и безглутенска плескавица. Туку, дојдов од Гејзи, дете и куче прошетани спијат, јас да одморам па ќе готвам. @ALISA0000 на работа денес една смена, ама ко за две смени се работниве саати. Не направив за ручек, свеќи нека замота сарми. Да се избањам, ќе јадам и ќе гледам Задруга. И пишува на @Bubce38 - Бубо, оваа на Џогани ќерката ја виде ли шо направи? Да одам да одморам, утре треба елки во двор да китам Ви кажав ли дека купив еден куп елки па ќе ги китам тие. Дома накитив одамна, се сама, абе ја сум ти жена за сва времена.
Не би требало да се лутат, јас еве кажувам дека не ти се лутам, се е така, но ова кажува колку само памтиме ситуации, значи не читаме "заради реда"
Ради реда може да прочитам за животни, дека не чувам и за телефони, дека не се разбирам. Друго си го читам ко домашно @NarCis@ јас си прележав вирусот, па лагано си отидов до Џамбо, си изнакупив што треба за китење елка. Ама треба да добијам, па дома се напив еден Непиздин чај и сега сум мирна ко бајче. Сакав вечер чипс да јадам, ама дека на кето диета сум, па ќе си направам јас од палента, да бидам здрава и убава. @Bubce38 го прашувам мојов за една жена со дијагноза и ми вика Бубче пак ли од ФеминИ е женаваПа се расправавме да јаде од пилешката чорба, ама ветен бил за пилешко да не јаде. Петлето не епилешко деЌе му ја направам ко крем супа па ќе срка со топло лепче. И вика Бубе бе, вака така престанавме да одиме по кафани, си почнала подобро и од Боко да готвиш @flower30 (пишува во На срце ми лежи еден депресивен пост) како никој не ја раџбира што поминала и после во 40ка пишува како била многу среќна - отишла во Кам и си купила Гранд кафе со наградаИ одма пишува весели постови, ама мажот и нејќел да среди купатило и се нервира и оди купува Свекрвин јазик да го засади во двор па да го пушта кучето да го моча цвеќето Толку, да не се лутите. Одам да јадам
@CameliaMiller леле дечки де брзо кажувајте како да го оправам тестото. Требало еден путер, јас ставив два. Па она миксерот сам си меси, не ни видов. Требало да направат да разликува колку треба да се стави. И сега го чекам да стаса во фрижидер. Ако не ќе јадеме блага пица Мислам јас и онака месо не јадам, готвам само за мим. Оф бе, колку ми се оди на море, таму што имаше едни кроасани во една пекара, аууу. Ај да одам да ставам една маска. А чекајте, Даст де бе кажи од каде да купам црвена боја за кукис. Секаде бев. Еве мачорот ми бутна еден лампион. Ама не го карам, абе го сакам многу. Како бе некој може да не сака животни @WildMk значи имало и други пандемии, па не плачеле за елки китење. Што сте запнале толку. Еве и карантин нека има и онлајн часови. Досадно ми е, а никој нејќете за секс да пишувате. Ко некои часни сестри сте, ебаго. Јас еве сега субмисивна сум, а ми фали тројка. Ама ќе чекам, само да заврши пандемијата. Бидете умни Елка ќерче ќе кити, јас тоа не можам @kuc лела ова луѓево какви се станати. Уште не гледаат чудно дека прележавне корона Ако, поарно, ми притребале такви. Ама ќе им биде мака што нема да ги викнам на сармички. Да пијам кафе, да се исфенирам, некој мора и да работи.Елката ќерче ја накити, голема е она, умна на мама. @duffi дечки витамин Д од Нау фирмата земете си И не барајте Дијазепам. Кај мене станот ми е така убаво среден, нејќам јас куќа. Елката ја накитивме со синчето. Нема кај нас ДМ и Џамбо да одев да купам што ми треба друго, да потрошев платата. Ќе го убедам мм и куче да земеме. Одам да ги правам кифлите од Сексибејби, супер се. @Sexybaby86 леле нели отказ дадов ама ме замолија од работа да пратам еден мејл. И во брзање дека мафини правев, наместо Кире јас Куре сум напишала. Абе се засрамив многу. Ама ми е гајле како ме изнервираа, сега ќе го препратам во име на колегата Сега домаќинка ќе бидам, ја и онака цел ден во кујна сум. А и свеќи ме изнервира, ја плаши големава па дете плаче, ќе треба да и објаснам некои работи @Dust овој мојов седнал цел ден игра на компјутер. Јас сега м'кнам сама елки. Една најголема оставив за нас, другиве преку проектот ќе ги продадам. Изнакупив еден куп лампиони и пак сама ја китев, овој мојов нејќеше. Не можел, ќе одел кај мајка му да кити. Нека оди кај сака. Јас си направив хамбургер и една торта, он кај мама нека јаде што сака.